Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Според Тутоспорт Дел Пиеро ќе биде стартер вечерва, исто како и Сисоко.
Очекувам гол на Алекс вечерва
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.481
Поени од реакции
5.562
Вечерва е шансата за пласман. мора да се искористи неиграњето на Гуркуф и Чамак а со Сисоко и Мело сигурно е дека нема да има игра Бордо. Ако не сака Чиро да се треси 90 минути со Баерн мора да се победи Бордо. Верувам во Чиро дека можеме да победиме денес. Очекувам посебен мотив од Дел Пиеро и Диего за меѓусебно надигрување. Уште еднаш ќе повторам, денес е шансата и тоа добра шанса.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Абе се е ок, ама кај најде бе баш сега да се повреди Канаваро па да мора да игра тој со број 33 (не сакам да го именувам):nesum:
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Абе се е ок, ама кај најде бе баш сега да се повреди Канаваро па да мора да игра тој со број 33 (не сакам да го именувам):nesum:
Е тој со број 33 вечерва ќе даде гол :)
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Не претерувајте со Легро, премногу го потценувате. Човекот е супер замена, и сигурен сум дека ќе изигра на ниво вечерва. Против Баерн беше еден од подобрите наши играчи на теренот, така да нема причина за грижи.

Иначе, формацијата е супер, можеби требаше Поулсен место Мело со оглед на нивната форма, но да се надеваме дека Мело ќе ми докаже дека грешам. :) Со среќа нека ни е вечерва. :шампион:
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Ајде со среќа нека ни е натпреваров се надеваме на победа:juve:
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Слабо, слабо ... ептен слабо.
Средината ја нема никаде. Бордо ја контролира средината и создава повеќе шанси.
Што ли мајка бара Диего толку десно и да се буткаат со Каморанези незнам.
Левата страна е начисто отсечена , и средината ... мора да влезе Џовинко на местото на Алекс. Дел Пиеро е премногу спор и ништо не игра. Амаури кутриот не фати топка.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Прво полувреме тапа, овие играат неверојатен пресинг и не верувам да изиграат исто второ полувреме.
Camoranesi е многу нервозен има и жолт, се плашам да не добие уште еден. Мора да се смири второ полувреме.
Замени:
Дел Пиеро по итно out - Џовинко in
Melo out - Marchisio/Poulsen in
 
С

сашенко

Гостин
Не ми се свиѓа баш многу како изигравме прво полувреме.Мело е дупка незнам што се дешава со него.Касерес секоја чест и буфон исто така и келини(звер) другото многу треба да се подобри...
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.555
Тапаааа...
Мора некој измени да се напраат.И 0-0 е доволно па на крај краева.:smir:
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Никако да изиграат како што треба значи остануваат само 2 натпревара сезонава што ги изиграа како што треба, Рома и Самп. сите други натпревари беа лоши. Нема никаква поврзаност меѓу играчите по 3-то додавање топката е веќе загубена, не знам како ќе иде вака, а многу ни е потребно ова прво место во групата.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.753
Поени од реакции
3.793
Слабо некако. Мело е мн слаб, ниту една една топка не скрати, ниту една топка не сврза. Гросо е мн спор, во споредба со тоа бекчето на Бордо.
Дел Пиеро во меѓувреме додека бил повреден, остарел. Споротија.
Амаури го нема никаде. Не само вечерва последниве неколку натпревара како да не постои. Во ваквите натпревари фали Трезеге.

Другите горе долу добро со оглед на лошата игра што ја прикажуваат. Најдобри Буфон и Киелини.

Се надевам дека ке се соземат малце во вториот дел и ке се поправат. Само 2 шута упативме на гол, Бордо 7 или 8.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom