Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Е ај по твојот редослед:

2. Се согласувам, и јас сум секогаш за најјаки состави за да нема вака било онака било.

1. Немој сега Маикон и Молинаро во ист кош жити се :pos2:. Добро, разбирам ја дека не пратиш толку Интер како игра како ни јас Јувентус што не го пратам, ама колку и да го фалев Маикон, неговиот придонес лани не го видов јасно дури не спуштив една монтажа со сите голови од лани од Скај Спорт. Човекот во пола акции за гол го има. Левата страна ни е безопасна зошто немаме играч како Маикон таму. А од десната страна често зависи резултатот: ако е Маикон во елемент, тогаш сме незадржливи таму. Забележуваш дека цело време зборувам за офанзивните карактеристики на маикон. Кога би требало десно некој да игра само одбрана, тука би играл Занети пред Маикон.

3. Зошто прашуваш во множина: вие вака и вака... Ние немаме заеднички изграден став хаха. Дакле, ја мислам дека го заслужи картонот. Најди некој што не мисли така и со него дискутирајте. Јас сум „од твоја“ по оваа точка :smir:



P.S. Кога сме кај Мело, ќе кажам пак, макар што мислам дека тогаш дискутиравме за ова: кога Дејан Станковиќ или Илчо Наумовски ќе кажат „У ПИЧКУ МАТЕР“ а камерата ќе ги фати, вие разбирате што кажале или „Ни сте из одавде?“

Кој зборува Италијански знае што кажал Мело, само никој не го изјави тоа јавно освен Матераци.

Тоа не значи дека картонот што го доби Маикон не е заслужен зошто Мело не добил. Различни судии, различен критериум и тоа е...
2. 3. + PS. Да си ми жив и здрав тамам си кажа. Мали дополнувања
- Сеуште незнајме шо кажа. Па и да опцул. Можи јас би му дал картон а ти не прашањее на критериум
- „Зошто во множина? “ - имаше минимум 5 поста на фанклуб Интер дека ова е местенка. Ако ти кажав „вие“ наместо „тие“ можеше да речиш водруго лице да се обраќам :smir:. Ај заеби граматика се разбравме.
1. Па то зборам бе дека молинаро не е звер и то сакам да укажам колку ми значи мене Маикон. А Маикон според многумина кај вас е најјакиот играч шо го имате.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Затоа што ме цитираше мене и ме праша а ја ништо такво не напишав. Ич не одговарам за други постови на форумов :)

Маикон не е најјак играч кој го имаме, според мене и немаме играч кој отскокнува од другите. По она што го прикажуваат на терен, оваа сезона Дејан има најголем импакт, но тешко е да одбереш: Снајдер и Камби земаат залет, Цезар е секогаш на ниво, Милито се покажа како убиец... мислам дека кога би ставиле анкета кај нас на фан клуб многу изедначено би било по ова прашање меѓу неколку играчи. Но како и да е, Маикон е бр.1 десен бек во светов во моментов. Тоа го потпишувам со две раце.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
утре оцекувам победа на јуве против удинезе а околу тоа со го опцул маикон на судијата можи да заработи и 3 меча само сететесе на дрогба кога ко опцу на судијата во лш одби 6 меча па му беше намалена на 3 така и балак како и да е сепак е црвен картон и ке си одлучи адбитражната комисија во италија за тоа колку меча или дали воопшто а да се навратам на мечот на јуве против удине очекувам да победа како што кажав и очекувам од прилика ваков состав
Buffon
Caceres
Chiellini
Cannavaro
Grosso
Felipe Melo
Camoranesi
Sissoko
Diego
Del Piero
Amauri
јас би започнал со овие 11 и тоа иам да кажам
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Дел Пиеро изјави дека се чувствува како на почетокот од сезоната, бидејќи се досега тој бил пасивен набљудувач кој не можел многу да му помогни на тимот. Исто така им се заблагодари на соиграчите за дадената поддршка.

Одлично е што Дел Пиеро се враќа токму во овој период, бидејќи сосема е друг Јувентус кога игра со или без Дел Пиеро, тоа е факт. На Јуве му претстојат доста важни натпревари. Утрешниот натпревар со Удинезе во Торино, па гостување во Бордо, па гостување во Каљари и потоа доаѓа натпреварот со Интер на домашен терен.

Буфон побара од своите соиграчи да го вложат максимумот да забележат 2 победи пред дербито на Италија, а исто така доста важен е и натпреварот со Бордо во гости, треба да се обезбеди позитивен резултат таму, за да се пречека Баерн во последното коло од фазата по групи со обезбеден пласман во 1/8 финалето.



Можната формација на Јуве според Gazzeta Dello Sport. Не е сигурно кој ќе игра покрај Диего и Каморанези, но повеќе шанси има Алекс Дел Пиеро. Чиро неколку пати напомена дека Диего и Алекс заедно функционираат одлично, и се поверојатно е дека Дел Пиеро ќе биде стартер на овој натпревар.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
аааа најверојатно нема да ја гледам утакмицата вечер на тренинг сум али можда ке фатам при крај као и да е со среќа на нашиве па мислам не ни бегаат 3 бода
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Се очекува вечер шоу од Дел Диего:) формацијата е топ таа што ја постира Кико ,со таа мислам игравме против Аталанта,а што е со овие кој што не се слободни за игра,Јакинта,Маркизио,Тиаго .. не пратам последно време ,за Трезеге знам дека е аут месец дена
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.481
Поени од реакции
5.562
1 Buffon
2 Caceres
3 Chiellini
4 Felipe Melo
5 Cannavaro
6 Grosso
10 Del Piero
11 Amauri
12 Chimenti
13 Manninger
16 Camoranesi
18 Poulsen
19 Molinaro
20 Giovinco
21 Grygera
22 Sissoko
23 Ariaudo
28 Diego
29 De Ceglie
33 Legrottaglie
40 Immobile

Конечно IL CAPITANO...
Имате информации зошто Тиаго не е повикан за натпреварот со Удинезе? Тиаго во средата играше за Португалија против Босна
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Имате информации зошто Тиаго не е повикан за натпреварот со Удинезе? Тиаго во средата играше за Португалија против Босна
Тиаго се повреди на натпреварот на својата Репрезентација со Босна, чувствувал болки во глуждот и поради тоа не е повикан за натпреварот со Удинезе.

А најновата вест е дека Горкуф најверојатно нема да игра на натпреварот со Јуве, тоа го изјавил и Лоран Блан на пресконференција, а и Чамак е исто така неизвесен бидејќи добил силен удар на натпреварот на Бордо против Валенсиене. линк
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
А најновата вест е дека Горкуф најверојатно нема да игра на натпреварот со Јуве, тоа го изјавил и Лоран Блан на пресконференција, а и Чамак е исто така неизвесен бидејќи добил силен удар на натпреварот на Бордо против Валенсиене. линк
Интересни вести, во секој случај нема да биде воопшто лесно да се победи Бордо во Франција. Бордо се покажа како многу незгоден противник, иако се извадија во Торино со нерегуларен гол од офсајд.

За вечерашната утакмица очекувам да имаат по едно полувреме Алекс и Џио, и очекувам победа. Момо и Мело се повторно заедно и мислам дека нема да има поголеми проблеми вечерва.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Толку од јаката одбрана на Бари
30 и некоја минута: 3-0 од Рома
Играат и Раночиа и Бонучи
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Ајде момци вечер да си земеме планирани три бода и да го одржиме чекорот со Интер. Не очекувам ништо да оставиме на случајот и да се случи нешто непредвидено како со Наполи.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Znaci po taa logika i Cannavaro i Chielini se kanta igraci poso primija od Napoli 3 gola za 20 min...
Далеку од то. Досега имаа примено само 8 во колку се 12 кола мислам. А сега 3 наеднаш. Ќе видиме дали бил само лош ден.

Ајде момци вечер да си земеме планирани три бода и да го одржиме чекорот со Интер. Не очекувам ништо да оставиме на случајот и да се случи нешто непредвидено како со Наполи.
Планирани со Удинезе??? Не би рекол.
Колку и да се во лоша серија никогаш не ги отпишвај. Многу незгодна екипа се Удинезе за нас. Лани после неколку месеци криза баш на Јуве најдоја да се вадат. Претходната година не тепаја.
Ова е се само не е рутинска утакмица. Како и да е мораме да тепаме. Бабите пред нас избија попладнево.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Планирани со Удинезе??? Не би рекол.
Колку и да се во лоша серија никогаш не ги отпишвај. Многу незгодна екипа се Удинезе за нас. Лани после неколку месеци криза баш на Јуве најдоја да се вадат. Претходната година не тепаја.
Ова е се само не е рутинска утакмица. Како и да е мораме да тепаме. Бабите пред нас избија попладнево.
Не зезај брат дека со Удинезе бодовите не се планирани уште пред почетокот на сезоната. Ако екипа од рангот на Јуве стигнала на ниво да не планира бодови со екипа од рангот на Удинезе, тогаш што останува за мечевите со некој далеку посилен тим. Сето тоа што ни го направиле во изминатите две сезони било само обично изненадување и ништо повеќе од тоа. По твојава логика и со Реџина до лани не биле планирани бодовите затоа што 2-3 сезони по ред и бевме редовни муштерии на гостувањето. Сите тие се мали екипи за Јуве и само лузерот Раниери наоѓаше изговори од типот дека противникот ни бил квалитетна екипа, сме немале среќа и ред други слични глупости. Јас во името на Удинезе не гледам квалитетна екипа, барем не за да се споредува со Јувентус и вечер се освен наша сигурна победа би било огромно изненадување, рамно на сензација.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom