Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Го гледав и Алмирон во Емполи, го гледам и Хамшик во Наполи и не можам да одлучам кој е подобар. Хамшик реално одигра одлично против Јувентус, а изигра МИЗЕРНО против Интер. Како и лани така и годинава игра променливо, ќе изигра два натпревари одлично, два натпревари ќе биде незабележителен на теренот. Хамшик освен од Интер и од Јуве нема добиено понуда да игра во друг тим, за разлика за Алмирон за кого беа заинтересирани и Јуве,Милан,Манчестер Јунајтед,Баерн Минхен, Ливерпул итн. Факт е дека Хамшик е добар играч, дека има огромен потенцијал, за тоа нема дилема.

Зошто не го обвинуваш Моџи дека не сакаше да даде + 5милиони да го купи Кристијано Роналдо од Спортинг, туку со сите средства го убедуваше Салас да замине во Спортинг против своја волја, за Кристијано да потпише? Туку ги обвинуваш Секо и Блан? Биди објективен, и суди им на сите исто. Ги обвинуваш Секо и Блан зошто не го ангажирале Рибери,Насри итн, а не го обвинуваш Моџи зошто не го ангажираше Кристијано Роналдо? Салас одби да замине во Спортинг, при што Моџи можеше да го купи Роналдо за само + 5 милиони од тогашната понуда. Моџи не ги даде парите, и потоа Роналдо замина во Манчестер Јунајтед, каде стана најдобриот играч во светот. Според твојата логика, Моџи треба да се обвинува. Зошто Моџи не даде +5 милиони од постоечката понуда и во Јуве ќе дојдеше најдобриот играч во светот? Јас не го обвинувам Моџи, тој веројатно тогаш така ги проценил работите и сметал дека толку не вреди К.Роналдо, што денеска се испостави дека Моџи згрешил во проценките, но тоа не ми дава право да фрлам со дрва и камења по Моџи, како што тоа ти го правиш со Секо.

Друга работа, после враќањето во Сериа А, Секо имаше состанок со Моџи (и за тоа стигнаа обвинувања од медиумите), и одма после 2 недели од тој состанок Јуве ги купи Тиаго и Алмирон. После тоа Моџи излезе со изјава дека Тиаго и Алмирон се одлични играчи кои ќе го вратат Јуве онаму кај што заслужува, тоа значи дека и Моџи да беше спортски директор и Моџи ќе постапеше исто, т.е. ќе ги ангажираше и Тиаго и Алмирон.

Трета работа. Јас навивам за Јуве, а не за Моџи, Секо, Блан, Џираудо.
Заборави една работа, Моџи=титули, сегашнава управа=ниту една титула, е тоа е реалноста, само што нема кај, ќе си се нервираме и оваа сезона, и наредната, точно можеби и Моџи ќе ги купеше нив, но дали така ќе се однесуваа, жив пример ти е Амаури против Наполи влегува не за да даде гол, туку да направи црвен за 10 минути, зборот ми е Моџи ги држеше сите конци во рака, постојано одржуваше состаноци кога клубот ќе паднеше во криза, ни еден играч не правеше глупости, мада никогаш не бил во поголема криза кога беше Раниери, 1 ипол месец без победа, тоа е недозволиво за тим како нашиов, а тоа според мене се само грешки на управата :toe:
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.994
Поени од реакции
5.610
Лузерот Раниери повторно почна да плаче по медиумите.
"If I was in Ferrara's position, I would have been sacked by now.He is just starting and I am sure he could do well, but he has never been a coach before this year. When I was there he coached the youngsters.You always have to win at Juve, but I am fine like this. I'm just thinking about Roma. If Juve have problems, then others will solve them.“
„Ако јас бев на местото на Ферара, јас ќе бев отпуштен до сега. Тој сега започнува и сум сигурен дека ќе работи добро, но тој никогаш не бил тренер пред оваа година. Кога јас бев таму тој ги тренираше младинците. Во Јуве мораш секогаш да победуваш, но јас сум добро и вака. Мислам само на Рома. Ако Јуве има проблеми, тогаш други ќе ги решат“

Лузерот сеуште не може да се помири дека го отпуштија од Јувентус, и дава мислења за ситуацијата во Јуве а впрочем, никој не го прашува.:toe:
 
HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Лузерот Раниери повторно почна да плаче по медиумите.
„Ако јас бев на местото на Ферара, јас ќе бев отпуштен до сега. Тој сега започнува и сум сигурен дека ќе работи добро, но тој никогаш не бил тренер пред оваа година. Кога јас бев таму тој ги тренираше младинците. Во Јуве мораш секогаш да победуваш, но јас сум добро и вака. Мислам само на Рома. Ако Јуве има проблеми, тогаш други ќе ги решат“

Лузерот сеуште не може да се помири дека го отпуштија од Јувентус, и дава мислења за ситуацијата во Јуве а впрочем, никој не го прашува.:toe:
Требаше многу порано да лета, незнам како има лице да изјавува нешто за клубот, имаше среќа што имаме толку "цврста" управа па толку време беше на клупата, он нашол да збори, 1 ипол месец без победа беше а чекаа дури на крај на сезона да го сменат, треба да е среќен што заработи некоја паричка плус и да си ја затне муцката.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.994
Поени од реакции
5.610
Заборави една работа, Моџи=титули, сегашнава управа=ниту една титула, е тоа е реалноста, само што нема кај, ќе си се нервираме и оваа сезона, и наредната, точно можеби и Моџи ќе ги купеше нив, но дали така ќе се однесуваа, жив пример ти е Амаури против Наполи влегува не за да даде гол, туку да направи црвен за 10 минути, зборот ми е Моџи ги држеше сите конци во рака, постојано одржуваше состаноци кога клубот ќе паднеше во криза, ни еден играч не правеше глупости, мада никогаш не бил во поголема криза кога беше Раниери, 1 ипол месец без победа, тоа е недозволиво за тим како нашиов, а тоа според мене се само грешки на управата :toe:
1.Јуве се врати од Сериа Б, скоро сите играчи му заминаа, а тим за освојување Лига, реално не се прави за една година. Милион пати тоа е дебатирано на темава, го имам кажано својот став. И Моџи да беше во Јуве ќе бевме на она ниво на кое сме сега.
2. Како што напоменав. Јас навивам за Јуве и гледам во иднината, а не навивам за Моџи тој е МИНАТО, а јас не живеам во минатото. Јас сум задоволен од Секо и Блан за работата која ја вршат во Јувентус, и сигурен сум дека Јуве ќе се врати онаму каде што беше.

Не знам што ти е целта што во секој пост ја плукаш Управата и моменталниот Јуве, повеќе не реплицирам.

За оваа Управа има поддршка од: Елкан, сите навивачи Drughi,Fighters,Drughi Sicilia,Nucleo итн, Андреа Ањели итн. Докази имаш колку сакаш на Vechia Signora, J-1987 и на сите релевантни медиуми на Јуве, каде што се наоѓаат и официјални дописи од навивачките групи до Управата на Јувентус.

Моџи во моментов не го сака ниту една Болоња, бидејќи кога Моџи беше поврзуван со Болоња, Фамилијата Менарини кои сопственици на Болоња експресно ги демантираа тие гласини.

Моџи е МИНАТО ЗАВРШЕНО ВРЕМЕ..Никогаш нема да се врати во Јувентус.

СИТЕ СИ ОДАТ САМО ЈУВЕНТУС ОСТАНУВА
 
F|eR

Мало смо се напили, пали смо у џбун!
Член од
7 јуни 2008
Мислења
2.006
Поени од реакции
393

Моџи= Серија Б!! Што викаш за ова?? Тебе ти е мило што бевме Серија Б, заради Месијата Моџи?? Еднаш викате Моџи не однесе Серија Б, вака така.. Сега Моџи и никој друг.. Добро што мислите вие бе ова малски фудбал е?? Ете пискавте Диего, еден друг.. Ги донесоја?? Сега кој сакате?? Рибери, Меси?? Дај искеширате на жиро сметка од Јувентус 500 милиони и јас ќе одам ќе потпишам со нив двата.. Добро рекле старите, дај му го на сиромав малото прсте, цела рака ке ти ја побара!! И ако сакате да отвориме фан клуб Моџи?? Еве гледам Стара Дама уште што не с*р*ува на Моџи, па мислам дека добра идеа е!!:toe:
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Ах што сакав да не беше Поулсен на располагање, па да се нервираш тука и да видиме што ке направиш со Тиаго ако игра, дај те молам не се ГЛУПИРАЈ !!!!!

Кога ке изигра добро му сте заблагодарени и е многу добар, сега па сереш по него, еии вавки ка ме нервирате ...
Немам ништо против него да игра кога се повредени Сисоко, Мело или Маркизио, али факт е дека кога нема да игра некој од овие и на негово место биде Поулсен не може да очекуваме којзнае какви резултати, сепак разликата е огромна помеѓу гореспоменатите тројца и Поулсен, Тиаго. Врска немаат Тиаго добро почна едно 2 натпревари но се врати по старото човекот.
 
HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
1.Јуве се врати од Сериа Б, скоро сите играчи му заминаа, а тим за освојување Лига, реално не се прави за една година. Милион пати тоа е дебатирано на темава, го имам кажано својот став. И Моџи да беше во Јуве ќе бевме на она ниво на кое сме сега.
2. Како што напоменав. Јас навивам за Јуве и гледам во иднината, а не навивам за Моџи тој е МИНАТО, а јас не живеам во минатото. Јас сум задоволен од Секо и Блан за работата која ја вршат во Јувентус, и сигурен сум дека Јуве ќе се врати онаму каде што беше.

Не знам што ти е целта што во секој пост ја плукаш Управата и моменталниот Јуве, повеќе не реплицирам.

За оваа Управа има поддршка од: Елкан, сите навивачи Drughi,Fighters,Drughi Sicilia,Nucleo итн, Андреа Ањели итн. Докази имаш колку сакаш на Vechia Signora, J-1987 и на сите релевантни медиуми на Јуве, каде што се наоѓаат и официјални дописи од навивачките групи до Управата на Јувентус.

Моџи во моментов не го сака ниту една Болоња, бидејќи кога Моџи беше поврзуван со Болоња, Фамилијата Менарини кои сопственици на Болоња експресно ги демантираа тие гласини.

Моџи е МИНАТО ЗАВРШЕНО ВРЕМЕ..Никогаш нема да се врати во Јувентус.

СИТЕ СИ ОДАТ САМО ЈУВЕНТУС ОСТАНУВА
Точно само ЈУВЕНТУС останува, Моџи е минато и завршена работа, само незнам зошто постојано пишуваш позитивни работи за управата кога јас не гледам ама една позитивна во нив, освен Блан, но и тој е добар само за правење профит, не гледам која позитивна работа ја прават, точно го доведоа Диего и Мело кои се одлични играчи, но кои купија во одбрана со исклучок на Канаваро кои е 36 години и Касерес (кој многу ретко игра), ај објасни ми ти мене чим толку си задоволен од нив, кај гледаат во последните 3 години, балетани ни играат во тимот од типот на моли и григера и ништо не превземаат 3 години чекаат и не превземаат ништо па сакаме титула, ќе биде за некои 10 години можда, или и сега ќе ми речеш немале средства, жими к**** немале, немам јас ништо против нив, но кога гледаат дека не им оди таа работа нека најдат соодветен човек за да ја врши, и на крај ќе додадам само уште едно нешто, немаат сите исти мислења на форумов без разлика дали на тебе ти се допаѓа тоа или не, никогаш не сум плукал против клубот за кој навивам а нема ни да плукам, тоа што ме нервираат сите од управата нема никаква врска со клубот, јас навивам за ЈУВЕНТУС а не за некои серковци таму кои денес ги има можда утре ќе ги нема, но токму поради такви серковци се уништува се она што е градено од 1897.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
До Кико, Флер, Хулк и Стара дама,

Дајте луѓе симнете ја тензијата. Зошто меѓу себе се расправате кој бил крив, кој направил лош потег, заради кого сме испаднале од Серија А итн. Сите ние сме навивачи на најдобриот италијански клуб Јувентус и сите тука сме со една цел, макар и на овој начин преку форум, да му ја дадеме поддршката на нашиот омилен тим Јувентус, нели?

Нема потреба да се расправаме меѓу себе за нечии грешки во минатото. Тоа е минато и треба да остане таму и сега треба да се гледа кон иднината и некои посветли денови кои таму не очекуваат. Тука сите сме на иста страна и тоа не треба да го заборавите. Секој од нас му го мисли само најдоброто на Јувентус и Јуве треба да е секогаш на првото место а не поединци.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.994
Поени од реакции
5.610
Точно само ЈУВЕНТУС останува, Моџи е минато и завршена работа, само незнам зошто постојано пишуваш позитивни работи за управата кога јас не гледам ама една позитивна во нив, освен Блан, но и тој е добар само за правење профит, не гледам која позитивна работа ја прават, точно го доведоа Диего и Мело кои се одлични играчи, но кои купија во одбрана со исклучок на Канаваро кои е 36 години и Касерес (кој многу ретко игра),
1. Нема никој совршен, сите прават грешки.
2. Твоја работа ако не гледаш никакви позитивности во оваа Управа.
3. Не пишувам само позитивни работи за оваа Управа, секогаш ги критикувам ако заслужат за тоа, и секогаш ги пофалувам ако направат добар потег.
4. Во одбраната ги купија Гросо,Канаваро и Касерес. И јас сакам да ги купат Тери, Рамос, Мајкон, Мика Ричардс и Немања Видич, но треба реално да се гледа на работите, ова е реален фудбал а не ФИФА 2010.

До Кико, Флер, Хулк и Стара дама,

Дајте луѓе симнете ја тензијата. Зошто меѓу себе се расправате кој бил крив, кој направил лош потег, заради кого сме испаднале од Серија А итн. Сите ние сме навивачи на најдобриот италијански клуб Јувентус и сите тука сме со една цел, макар и на овој начин преку форум, да му ја дадеме поддршката на нашиот омилен тим Јувентус, нели?

Нема потреба да се расправаме меѓу себе за нечии грешки во минатото. Тоа е минато и треба да остане таму и сега треба да се гледа кон иднината и некои посветли денови кои таму не очекуваат. Тука сите сме на иста страна и тоа не треба да го заборавите. Секој од нас му го мисли само најдоброто на Јувентус и Јуве треба да е секогаш на првото место а не поединци.
Тоа е и мојата цел. Треба да се гледа иднината на клубот, треба да се поздрават добрите потези на Управата и треба да се искритикуваат лошите, а не да се живее во минатото, и од она што било. Било-поминало, иднината и сегашноста се доста поважни од завршената ера на Моџи во Јувентус. Управата нормално е да згреши, но не може сите потези да се одлични или сите да се погрешни. Јас гледам светла иднина на овој клуб, и сум цврсто убеден дека таква иднина го очекува Јувентус.
 
HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
1. Нема никој совршен, сите прават грешки.
2. Твоја работа ако не гледаш никакви позитивности во оваа Управа.
3. Не пишувам само позитивни работи за оваа Управа, секогаш ги критикувам ако заслужат за тоа, и секогаш ги пофалувам ако направат добар потег.
4. Во одбраната ги купија Гросо,Канаваро и Касерес. И јас сакам да ги купат Тери, Рамос, Мајкон, Мика Ричардс и Немања Видич, но треба реално да се гледа на работите, ова е реален фудбал а не ФИФА 2010.
Абе брат, па одбрамбен играч не кошта 25 милиони, жив пример е Лусио, за кој пари го донесе шинтер а колку ја подигна играта во одбраната, ако сакаш ќе ти набројам уште 10 кои се многу подобри и од моли и од григера и од канаваро а цената им е околу 10-15 милиони, немале пари, имаат за да го купуваат крајслер а немаат за да инвестираат во Јуве :toe:
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.994
Поени од реакции
5.610
Абе брат, па одбрамбен играч не кошта 25 милиони, жив пример е Лусио, за кој пари го донесе шинтер а колку ја подигна играта во одбраната, ако сакаш ќе ти набројам уште 10 кои се многу подобри и од моли и од григера и од канаваро а цената им е околу 10-15 милиони, немале пари, имаат за да го купуваат крајслер а немаат за да инвестираат во Јуве :toe:
Ја подигна одбраната на Интер?Одбраната на Интер годинава е послаба од таа што беше лани, спореди ги само примените голови на Интер лани до 11 коло, и годинава. Лусио можеби е подобар од Григера и Молинаро, но во никој случај од Канаваро.

А се сложувам дека Григера и Молинаро не се играчи кои треба да играат во Јувентус, a само да те потсетам, Моџи го купи Молинаро во 2005 година и го прати на позајмица во Сиена.
 
F|eR

Мало смо се напили, пали смо у џбун!
Член од
7 јуни 2008
Мислења
2.006
Поени од реакции
393
Абе брат, па одбрамбен играч не кошта 25 милиони, жив пример е Лусио, за кој пари го донесе шинтер а колку ја подигна играта во одбраната, ако сакаш ќе ти набројам уште 10 кои се многу подобри и од моли и од григера и од канаваро а цената им е околу 10-15 милиони, немале пари, имаат за да го купуваат крајслер а немаат за да инвестираат во Јуве :toe:
Абе брате зошто гледате само на еден трансфер.. Ете Лусио се покажува во Интер.. Ок е тоа.. А што да кажиме за Кварезма, Мансини?? Тотално пропаднати рансфери(кој сака нека ме убедува дека не е така, нема да ми смени мислење).. Ете од кај знајш, можи за зимскиов преоден рок, Кјаер да го донесиме.. Во фудбалот во 24 часа можат да се променат многу нешта.. Дај гледајте со позитива кон тимот, а не да гледаме како било порано.. То е минато и оди во истирија на клубот.. Иднината до прва ќе ја пишуваме!! Јас сум задоволен од управата до сега и со доаѓањето на Липи дај боже на претседателското место, можат да се променат многу работи!!
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.968
Поени од реакции
45.244
Kjaeр сезонава е дрво, незнам колку сте го следеле, со Интер направи катастрофална грешка при третиот гол и беше ставен во џеб од Балотели, неколку шанси дојдоа по негови грешки и режисерот на мечот во неколку наврати го покажуваше во кадар баш поради тоа .
И на почетокот од сезоната имаше низа лоши мечеви па не е некој гарант дека ке успее во голема екипа, моментално и Киелини и Канаваро се класа над него, па и Легро би го ставил ниво над данецов, у секој случај неможе да се каже дека во моментов е полош од Кјаер .

Освен што данецов е експониран низ медиуми и што Зампарини ке гледа да извлече сума далеку над реалната, друго и ништо не гледам од него сега за сега, осеќам дека ко Ди Агостино од Удинезе ке биде работава со бараната цена . :toe:
 
Не се согласувам дека е дрво, го гледав на 2 натпревари сезонава и беше одличен, тоа беше против Јувентус и не се сеќавам на другиот натпревар а и на речиси секој натпревар има добра оценка, освен со Интер во којшто мора да бил слаб штом примиле 5 гола не знам не сум глеал, ама мое мислење е дека ќе биде одличен дефанзивец.
 
Член од
20 септември 2009
Мислења
31
Поени од реакции
0
Моџи= Серија Б!! Што викаш за ова?? Тебе ти е мило што бевме Серија Б, заради Месијата Моџи?? Еднаш викате Моџи не однесе Серија Б, вака така.. Сега Моџи и никој друг.. Добро што мислите вие бе ова малски фудбал е?? Ете пискавте Диего, еден друг.. Ги донесоја?? Сега кој сакате?? Рибери, Меси?? Дај искеширате на жиро сметка од Јувентус 500 милиони и јас ќе одам ќе потпишам со нив двата.. Добро рекле старите, дај му го на сиромав малото прсте, цела рака ке ти ја побара!! И ако сакате да отвориме фан клуб Моџи?? Еве гледам Стара Дама уште што не с*р*ува на Моџи, па мислам дека добра идеа е!!:toe:
choveche...juve ne ispadna vo serija b zaradi moggi...juve imashe i ushte ima golem protivnik a toa e tim TIM Telecom...chitaj malku poveche za skandalot calciopoli pa ke doznaesh malku povece...no da se nadevame Bergamo ( eden od vodechkite luge ne federaciata za vreme na ´´skandalite´´) i advokatot na lucianone ke otkriat nekoi neshta poveche vo slednite sosluchuvanja...ama od mene da znaesh deka mnogu brzo ke izlezat mnogu neshta ..calciopoli e golem dil megu telekom, pirelli, morati i sekako galiani...

kako i da e FORZA JUVEEEEEEEEEEE i ne zaboravaite imame 29 skudeta zasluzheni ... forzaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaa
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom