Елкан и останатите во Бордот не се криви поради тоа што Моџи е она што е во моментов, човек кој никој клуб не го сака во своите редови. Со што Елкан го избрка Моџи од Јуве? После смртта на Grande Umbertto Agnelli, беше јасно дека се спрема заговор против Јувентус. Оваа Управа дојде по колективното отпуштање на старата Управа со Моџи, Џираудо и Бетега, и нема ама баш никаква улога во тоа што Моџи си даде оставка од Јуве. Џиљи беше соработник на Ањели фамилијата, Блан е човек со дебело образование, човек кој е доста образован и доста близок со Џон Елкан, а Секо е во Јуве уште во времето на Моџи, поточно му беше и заменик на Моџи. Моџи му е лут на Јувентус зошто Јуве не застанува позади него во текот на судењето, а после избивањето на Калчополи, Моџи прв ја понуди својата оставка. Јуве не застанува позади Моџи во текот на судењето зошто може тоа штетно да се одрази врз клубот, а реално мене ми е побитен Јуве отколку Моџи.
1. За Занети. Чиро Ферара изјави дека Занети бил во неговите планови за оваа сезона, но Занети сам сакаше да замине. Тоа го изјави и Чиро, и изјави дека е зачуден од оваа постапка на Занети знаејќи дека немало ама баш ништо што го навестувало дека Занети е несреќен во Јувентус, и дека наеднаш Занети побарал да биде продаден. Медиумите јавија дека пред Занети да побара трансфер од Чиро, тој и неговиот агент имале средба со Спортскиот директор на Фиорентина Корвињо, и се знае што е мотивот за тоа што побарал трансфер, и за да се оправда себе после излезе со изјава дека Јуве не му понудил нов договор, а ако го сака клубот тој ќе даде се од себе да го заработи тој нов договор (како што Јакинта го заработи). Занети најверојатно почувствува дека нема многу да игра во Јуве, додека пак Чиро изјави дека за сите ќе има простор да се докажат колку вредат. Занети е добар играч, но изјави дека не му беше понуден нов договор од Јуве, но како да му биде понуден нов договор, кога имаше уште 2 години од стариот, а и минатата година 90% ја помина лечејќи повреди, а Управата на Јуве најверојатно чекаше да види како ќе се одвиваат работите околу Занети оваа година и после да му понуди договор.
2. Маркиони, како што напоменав е играч кој во Јуве изигра на ниво натпревари кои се бројат на прсти (против Реал двете, против Милан, против Фиорентина итн), на сите други натпревари беше испод нивото на Јувентус. Маркиони и во Фиорентина играше слабо на почетокот, последните 2-3 натпревари покажа добри перформанси. Но, и тој во едно интервју при почетокот на летото изјави дека сака да игра повеќе наредната година, и дека сака првотимски статус во Јувентус. Јувентус не е Цитадела и Кротоне еден Маркиони да му поставува услови.
А кога се работи за Кришито, Кришито беше тој што сакаше да остане во Џенова. Во Јуве доби шанса првата сезона после враќањето во Сериа А, од него се очекуваше многу, но реално потфрли и не ги исполни очекувањата, и затоа беше вратен на позајмица во Џенова, а оваа година по негова желба сакаше да продолжи во Џенова, и Јуве сеуште ги има 50% од неговиот договор, и за 5 мил. може во секое време да го откупи и другиот дел од договорот во секое време, но сепак треба да се послуша и желбата на Кришито.
Точно дека навивачите на Јуве минатите 2 години не беа задоволни од трансферите, но од многу стручњаци е потврдено дека Јуве беше најактивен на трансфер пазарот оваа година, и дека се засили најмногу.