Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.995
Поени од реакции
5.610
Iago Falque, играчот на Јуве кој е на позајмица во Бари не е ниту повикан за натпреварот со Сампдорија. Играчот нема изиграно ниту една минута годинава,а во Бари е со цел да стекни искуство. Се надевам дека во договорот за позајмица на играчот има определено одредена бројка на натпревари на кои ќе настапи играчот, бидејќи ако продолжи како досега оваа ќе биде изгубена година за Јаго, а има огромен потенцијал, а во Шпанија беше нарекуван „новиот Цеск Фабрегас’’.

Екдал најверојатно ќе биде во стартниот состав на Сиена, и се надевам дека со новиот тренер на Сиена ќе добива повеќе шанса за игра, бидејќи се виде и на натпреварот меѓу Сиена и Јуве дека се работи за квалитетен фудбалер со огромен потенцијал.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135

Знаев дека Иаго е во Бари, ама врска немав за овој податок дека нема изиграно ни минута за нив. Мислам дека е срамота од страната Бари да ни го уништува играчот. Ако не им требал подобро да не го ни земеле на позајмица, барем ќе играл за Примавера тимот на Јуве.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.995
Поени од реакции
5.610
Знаев дека Иаго е во Бари, ама врска немав за овој податок дека нема изиграно ни минута за нив. Мислам дека е срамота од страната Бари да ни го уништува играчот. Ако не им требал подобро да не го ни земеле на позајмица, барем ќе играл за Примавера тимот на Јуве.
Точно. Или можеби во некој друг тим (макар и во Сериа Б) каде Јаго би играл многу почесто, а не како сега да не игра ниту минута. Јаго е еден од најомилените играчи на Чиро, Чиро го имаше пофалено неколку пати, го имаше ставено и на натпреварот против Милан и на уште некој во летото на пријателските натпревари, каде Јаго вистина покажа дека се работи за одличен талент, и најверојатно Чиро го спремаше за од лето да се врати и да игра за првиот тим на Јувентус, со оглед на тоа дека го прати во Бари да стекне искуство во Сериа А. Се надевам дека може да го вратат во Јануари и ако не може да се испрати на друго место на позајмица, барем да настапува за Примавера тимот на Јуве.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Денес очекувам да ја повториме играта од мечот со Самп и да ја продолжиме победничката серија која заедно со мечот против Макаби би изнесувала 4 победи по ред.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Штета што Момо се повреди, токму сега кога конечно се опорави и си го поврати првотимскиот статус... Сепак, како и да е, имаме играчи (Поулсен, Тиаго) кои се надевам добро ќе го пополнат местото на Момо.

Утре ќе почнеме со истата формација од средата, само место Сисоко најверојатно Поулсен ќе му биде партнер на Мело. Сигурен сум дека темпото на игра нема да биде идентично на она со Сампдорија, но сепак очекувам наша доминација на средината на теренот, ијако Наполи играат со формација 3-5-2 и ќе имаат густа средина. Опасни ќе бидат по десната страна каде го имаат Маџо, па се надевам дека Мело и Гросо особено ќе успеат да се справат добро на таа нивна десна крилна позиција.
Тиаго се сомневам дека би бил добар на позицијата на Сисоко во ваква формација. Повеќе е играч за другата 4312 :( Јас би одел со поулсен во оваа формација. Па дури и некој од одбраната поарно да игра таму пример Касерес (ако можи да диши :jaj:) Мислам дека за играта шо е потребна на таа позиција играч како него би бил покорисен од Тиаго.

Инаку за вечер пак ќе стримаме а? Како можеја во онај глупиот термин од 18 да ги пуштат. Можеја Милан-Парма да ги клат то време
 
апец

Јувентус фан
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.083
Поени од реакции
60
Kako ste bjankoneri. vecer so uste edna odlicna partija da go pobedime napoli i da bideme poblisku do prvoto mesto vo seria A.:helou:
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.995
Поени од реакции
5.610
Тиаго се сомневам дека би бил добар на позицијата на Сисоко во ваква формација. Повеќе е играч за другата 4312 :( Јас би одел со поулсен во оваа формација. Па дури и некој од одбраната поарно да игра таму пример Касерес (ако можи да диши :jaj:) Мислам дека за играта шо е потребна на таа позиција играч како него би бил покорисен од Тиаго.
Кај сите можни формации на позицијата на повредениот Сисоко се наоѓа Поулсен. Тиаго и сам во едно интервју изјави дека најголемата причина за неговата слаба игра минатите години е позицијата и начинот на кој што бил приморуван од Раниери да игра, а тоа е подефанзивно, така да мислам дека во 4-2-3-1 формација Тиаго не може да биде искористен како деструктивец, партнер во средината на Мело, и поприродно би било Поулсен тука да биде искористен. Касерес не е повикан за натпреварот.

Павел Недвед типува на Јувентус како освојувач на Скудетото оваа година. линк
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Тиаго се сомневам дека би бил добар на позицијата на Сисоко во ваква формација. Повеќе е играч за другата 4312 :( Јас би одел со поулсен во оваа формација. Па дури и некој од одбраната поарно да игра таму пример Касерес (ако можи да диши :jaj:) Мислам дека за играта шо е потребна на таа позиција играч како него би бил покорисен од Тиаго.

Инаку за вечер пак ќе стримаме а? Како можеја во онај глупиот термин од 18 да ги пуштат. Можеја Милан-Парма да ги клат то време
И јас се сомневам дека Тиаго би успеал во формацијава, но добро е што го имаме назад. Ни фалеа средишњаци, така да како и да е добро ќе ни дојде и Тиаго за освежување на средината.

Сигурно Поулсен ќе игра, и мислам дека најсоодветно решение би бил со оглед на позицијата на која ќе игра.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
натпреварот против наполи одличен тест за формата на јуве во моментов...се надевам ќе ги оправдаме очекувањата...
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Кај сите можни формации на позицијата на повредениот Сисоко се наоѓа Поулсен. Тиаго и сам во едно интервју изјави дека најголемата причина за неговата слаба игра минатите години е позицијата и начинот на кој што бил приморуван од Раниери да игра, а тоа е подефанзивно, така да мислам дека во 4-2-3-1 формација Тиаго не може да биде искористен како деструктивец, партнер во средината на Мело, и поприродно би било Поулсен тука да биде искористен. Касерес не е повикан за натпреварот.

Павел Недвед типува на Јувентус како освојувач на Скудетото оваа година. линк
И јас се сомневам дека Тиаго би успеал во формацијава, но добро е што го имаме назад. Ни фалеа средишњаци, така да како и да е добро ќе ни дојде и Тиаго за освежување на средината.

Сигурно Поулсен ќе игра, и мислам дека најсоодветно решение би бил со оглед на позицијата на која ќе игра.
Да Да Поулсен секако, ама проблемот е шо Тиаго викам дека не е ниту за резерва за таа позиција токму од причините шо ги кажавме. Зато викам поарно некој дефанзивец (пример го дадов Касерес, знам нека не е во игра за денес). Тиаго не е способен да трча и да сечи акции туку да дели топки.
 
Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Јувентус-Наполи 3-1.

:) Ке видите.

Со срека напред .:forzajuve:
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Да Да Поулсен секако, ама проблемот е шо Тиаго викам дека не е ниту за резерва за таа позиција токму од причините шо ги кажавме. Зато викам поарно некој дефанзивец (пример го дадов Касерес, знам нека не е во игра за денес). Тиаго не е способен да трча и да сечи акции туку да дели топки.
Сеа и ти претеруаш за Тиаго. :) Чим во средата при крајот на мечот игравме во средина со еден Де Чеље како партнер на Поулсен на таа позиција, зашто и денеска после 70 минута да не влезе Тиаго место Мело или Поулсен доколку е тоа потребно. Не е до толку лош во сечеље топки како што го правите, и сигурен сум дека подобро би изиграл на таа позиција одколку Касерес како што викаш ти...
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.995
Поени од реакции
5.610
Сеа и ти претеруаш за Тиаго. :) Чим во средата при крајот на мечот игравме во средина со еден Де Чеље како партнер на Поулсен на таа позиција, зашто и денеска после 70 минута да не влезе Тиаго место Мело или Поулсен доколку е тоа потребно. Не е до толку лош во сечеље топки како што го правите, и сигурен сум дека подобро би изиграл на таа позиција одколку Касерес како што викаш ти...
Дали Касерес или Тиаго би се снашле подобро на таа позиција мислам дека во прашање е каква функција ќе вршат на теренот. Ако е само за сечење топки на противниците, и само да се поддаде напред мислам дека подобра работа би завршил Касерес, иако природна позиција на Тиаго му е средината, сепак Тиаго е доста слаб во одбрана а деструктивците треба да бидат играчи кои знаат добро да одиграат во одбраната. Ако Чиро сака играч, кој често ќе се уфрла напред и ќе ги пронаоѓа напаѓачите тогаш мислам дека Тиаго би бил подобра опција од Касерес на таа позиција, бидејќи Тиаго е подобар во напад отколку Касерес. Касерес не е повикан за овој натпревар поради фрактура на носот, така да мислам дека Тиаго е единствената можна опција за замена на Мело или Поулсен. Се надевам дека Поулсен ќе даде се од себе да го пополни отсуството на Момо Сисоко.

Во нападот најверојатно ќе започни Трезеге, бидејќи Амаури имал мала настинка, но ќе биде на располагање од клупата.

  • Buffon Gianluigi
  • 21
    Grygera Zdenek
  • 5
    Cannavaro Fabio
  • 3
    Chiellini Giorgio
  • 6
    Grosso Fabio
  • 18
    Poulsen Christian
  • 4
    Melo Felipe
  • 16
    Camoranesi Mauro German
  • 28
    Diego
  • 20
    Giovinco Sebastian
  • 17
    Trezeguet David
4-2-3-1 формација.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Ајде уште малку па да ги газиме Наполи
Ако имате некој линк за Сопкаст, давајте да не кинам живци на Џастин.

Има ли некој добар линк? Не можам да ја гледам никаде.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom