Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Ова е нешто што го немам видено ОДАМНА, нешто кое само дополнително остава простор за покажување на full-потенцијалот и решеноста на овој кохезиум за докажување на сите претсезонски зададени цели!

BRAVISSIMO JUVENTINI!!!
Токму така . Тимот потсетува на стабилноста од времето на Липи и Капело, одбраната е на висина на задачата, и буквално секој играч на теренот ја знае својата улога и ја извршува на висината на задачата, и аналогно на тоа доаѓа и позитивниот резултат . Коларов претставуваше огромна закана во првото полувреме, но со неколку совети на Чиро, во второто полувреме тотално беше отсечен и не претставуваше никаква закана .

Други причини за радост се деби-голот на Касерес, кој ќе му влее самодоверба и ќе му даде стимул за уште подобри игри во иднина, и голот на Трезеге, за кого цел тим се израдува посебно , и со тоа се виде колку само и тимот се израдува на неговиот гол, дури и Буфон дојде напред да му даде поддршка на Трезегол .

«I have not yet reached a definite decision whether to leave Juventus at the end of the season. I must still speak to my family. Even tonight I realized how much everybody loves me and how happy they were with my goal. The goal scored tonight has a great taste. Today for me is a return to great levels. After the injury I worked hard and suffered in order to return and my team mates really helped me a lot.
„Сеуште немам донесена дефинитивна одлука дали ќе го напуштам Јувентус на крајот од сезоната. Морам да разговарам и со мојата фамилија. Дури вечерва увидов колку многу ме сакаат сите, и колку беа среќни со мојот гол. Голот што го постигнав вечерва имаше одличен вкус . Денеска за мене е враќање на старите патеки. После повредата јас напорно работев и се мачев да се вратам, и моите соиграчи вистина ми помогнаа многу“

Браво за Трезеге . Добро е што постигна гол, многу ќе му влијае врз самодовербата, а и впрочем целиот натпревар го изигра супер, не беше статичен како на пријателските натпревари .

Се најавува дека враќањето на Диего на терените ќе биде за две недели. Тоа го покажале првичните медицински тестови кои ги имал утринава Бразилецот. линк
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Добро е што повредата на Диего не е од посериозен карактер и ќе пропушти само 2-3 меча. Инаку веднаш се виде по изразот на неговото лице дека повредата не е толку сериозна а замената беше извршена чисто од претпазливост.
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Искрено не сум баш задоволен од синоќешната игра , али затоа сум презадоволен од резултатот. Покажуваме победнички менталитет на почетокот на сезоната што е доста важно. Синоќа сите одиграа просечно ... немаше некој кој се одвои.
Во врска со новите бекови морам да кажам дека Гросо не изигра којзнае што, а исто и Касерес кој во офанзива не се снаоѓа баш најдобро , а во дефанзива Коларов го мина неколку пати. Како и да е Мартин даде гол и за него тоа е повеќе од успешно деби. Мора да се напомене дека неговата природна позиција не е десен бек , туку централен дефанзивец.
Киело и Легро соработуваа добро. Киело беше подобар , али и Легротаље беше солиден , ги доби речиси сите воздушни дуели ... само што не е тој кој што треба да дрибла пред гол ... како и да е се добро се заврши.
Буфон се враќа во форма , тоа се виде на репрезентативните дуели , а се гледа и во дресот на Јуве. Имавме среќа што непримивме први гол , зошто ако примевме друга ќе беше приказната.
Трезеге се гледа дека сеуште го нема кажано последниот збор и игра со голем мотив за да се докаже. Диего беше просечен додека играше, се надевам дека неговата повреда не е серизона ( според првите испитувања две недели ќе биде надвор од терените , значи го пропушта Бордо , натпревар кој е многу важен и мораме да го добиеме ). Мело игра доста промнливо , се гледа дека е голем мотиватор и го има правиот менталитет али некад се заборава со дриблањето во опасна зона.

Forza Bianconeri. Сезонава атакуваме на титула. Нема лабаво со ниеден , треба да влегуваме и со малите екипи со огромна мотивираност. Скудетото се освојува со победи против малите екипи. Forza Juventus
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
синоќа тоа беше еден од потешките натпревари, кога противникот цело време напаѓа, има шанси еден куп, а на креативците во јуве не им одеше баш како што треба. голема среќа е што буфон имаше одличен ден и едноставно се гледаше дека нема шанси да помине топка покрај него. но, тоа само во првото полувреме. во второто, нападите на лацио веќе не беа така чести, а воопшто и немаа некоја посериозна шанса. пополека почна и јуве да се отвора и даде еден гол, а по првиот гол, лацио веќе како да не играше, играше само јувентус и затоа даде и втор гол.
заклучокот од ова би бил дека, одбраната функционира извонредно кога е притисната (со канаваро би биле уште поцврсти), а тоа и е основното во фудбалот - да не се прими гол, а кога тогаш, мора да се постигне (мислам дека е од липи ова...). значи одбраната е првото добро нешто што може да се издвои од вчерашниот натпревар, нема веќе лесни голови како минатата сезона. второто добро нешто е што имаме извонреден менаџер во името на чиро ферара, кој виде од каде доаѓа опасноста во прво полувреме и што треба да се смени за да се постигне гол, и резултатот дојде по 25 минути...со еден збор, јуве функционира како во времето на липи и капело. а кога е така, едно е јасно, јуве оди директно на титулата.:vozbud:
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Еве не така добра вест :(

Мислам дека конечно му пукнал филмот на Џио од седење на клупа.

It’s not all smiles in the Juventus camp after their convincing 2-0 win away to Lazio in Serie A, as diminutive striker Sebastian Giovinco is demanding more playing time after his impressive substitute appearance at the Olimpico.

The 22-year-old came on for injured Brazilian Diego during the first half and inspired the Old Lady to victory, also providing the assist for David Trezeguet’s goal. And his post-match bitter lament cannot go unnoticed…

“Diego is a difficult opponent for me, perhaps because he is older or perhaps because he is a foreigner…” he bemoaned on Sky Sport Italia.

“If I were from Brazil or Argentina, maybe I’d have more chances to play. I regret being an Italian.

“However, I want to thank everyone for the praises and I always try and be ready when called upon.”

Мала исправка за него, нјголем проблем му е шо не бил во некое мало клупче кај шо ќе можи да добие искуство и статус на звезда туку е приморан за место да се бори во клуб како Јуве. Ајде да се ндеваме дека Ферара ќе знае како да се справи со него
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Мала исправка за него, нјголем проблем му е шо не бил во некое мало клупче кај шо ќе можи да добие искуство и статус на звезда туку е приморан за место да се бори во клуб како Јуве. Ајде да се ндеваме дека Ферара ќе знае како да се справи со него
Сега ќе добие шанса . Против Бордо и против Ливорно. Чиро добро ги познава неговите способности и сигурен сум 100% дека Џовинко ќе има можност да покаже што знае оваа сезона . Дел Пиеро е во последните сезони од својата кариера, и тука Џовинко ќе ја добие својата шанса за настап .Вчера изигра супер, се гледа подобрување на неговата игра во одбраната, нешто што му беше недостаток, и мислам дека натпреварите против Бордо и против Ливорно ќе ги одигра на она ниво на кое го играше вчерашниот меч . Џио во својата изјава рече дека е горд што игра во најдобриот клуб на светот и дека ќе даде се од себе да успее, а јас не се сомневам ниту малку во неговите способности .

П.С. Таа изјава е од Гоал.ком, и е преформулирано (испревртено) нејзиното значење за да звучи поинтересно . Тоа Џио го изјави повеќе саркастично, и низ смеа . линк од вистинската изјава.

[FONT=Arial,Helvetica,Geneva,Swiss,SunSans-Regular]“I play for the best club in the world, I said that and I stand by it. I made my choice and of course I hope to have more playing time.”[/FONT]
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Искрено мака ми е за Џовинко. Треба да добива повеке минутажа.

Раниери кога беше не му укажуваше шанса,дури и кога немавме играчи т.е беа повредени или суспендирани некои за картони тој пак беше на клупа.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Искрено мака ми е за Џовинко. Треба да добива повеке минутажа.

Раниери кога беше не му укажуваше шанса,дури и кога немавме играчи т.е беа повредени или суспендирани некои за картони тој пак беше на клупа.
Сега со повредата на Диего му се отвара многу убаво место на Џовинко, очекувам да го искористи на најдобар можен начин.

п.с. Раниери е куртон! :)
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
а Сисоко треба наскоро да се вратиuzivam сеа Трезе да игра против Бордо ,топ ќе биде,Џовинко мислам ќе игра одлично,иначе знаете дали ќе ја даваат јуве-бордо?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
а Сисоко треба наскоро да се вратиuzivam сеа Трезе да игра против Бордо ,топ ќе биде,Џовинко мислам ќе игра одлично,иначе знаете дали ќе ја даваат јуве-бордо?
Сисоко треба да се врати се надевам во форма а за Џовинко мислам дека е во право и навистина не добива мн шанца еве сеа со бродо има шанца да изигра со оглед дека Диего ке го нема најмалце 2 недели :S а за натпреварот ке видиме дали ке ја даваат на канал5+
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
BUFFON напиша:
“After this kind of matches, self-esteem and confidence rise, but I don’t think it’s fair to say we sent out a message to the league after three rounds of games,” the Italian international told Mediaset Premium after the clash.

“We faced a great Lazio who have excellent automatisms and I reckon this adds even more value to our success.

“But we have to improve a lot: that’s the first element that comes out of this match. We won amidst plenty of difficulties.
“It’s important to pay attention to details: we can’t give away silly free-kicks or lose possession when coming out of a defensive phase. These things seem to be foregone conclusions, but you can lose games if you do them wrong.”
Со болдираното алудира на Легро кога сакаше да дрибла тројца пред гол (тоа со петата) и за малку можеше да не чини гол!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom