Vartolu
1897 Fighter
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 14.992
- Поени од реакции
- 5.605
Токму така . Тимот потсетува на стабилноста од времето на Липи и Капело, одбраната е на висина на задачата, и буквално секој играч на теренот ја знае својата улога и ја извршува на висината на задачата, и аналогно на тоа доаѓа и позитивниот резултат . Коларов претставуваше огромна закана во првото полувреме, но со неколку совети на Чиро, во второто полувреме тотално беше отсечен и не претставуваше никаква закана .Ова е нешто што го немам видено ОДАМНА, нешто кое само дополнително остава простор за покажување на full-потенцијалот и решеноста на овој кохезиум за докажување на сите претсезонски зададени цели!
BRAVISSIMO JUVENTINI!!!
Други причини за радост се деби-голот на Касерес, кој ќе му влее самодоверба и ќе му даде стимул за уште подобри игри во иднина, и голот на Трезеге, за кого цел тим се израдува посебно , и со тоа се виде колку само и тимот се израдува на неговиот гол, дури и Буфон дојде напред да му даде поддршка на Трезегол .
„Сеуште немам донесена дефинитивна одлука дали ќе го напуштам Јувентус на крајот од сезоната. Морам да разговарам и со мојата фамилија. Дури вечерва увидов колку многу ме сакаат сите, и колку беа среќни со мојот гол. Голот што го постигнав вечерва имаше одличен вкус . Денеска за мене е враќање на старите патеки. После повредата јас напорно работев и се мачев да се вратам, и моите соиграчи вистина ми помогнаа многу“«I have not yet reached a definite decision whether to leave Juventus at the end of the season. I must still speak to my family. Even tonight I realized how much everybody loves me and how happy they were with my goal. The goal scored tonight has a great taste. Today for me is a return to great levels. After the injury I worked hard and suffered in order to return and my team mates really helped me a lot.
Браво за Трезеге . Добро е што постигна гол, многу ќе му влијае врз самодовербата, а и впрочем целиот натпревар го изигра супер, не беше статичен како на пријателските натпревари .
Се најавува дека враќањето на Диего на терените ќе биде за две недели. Тоа го покажале првичните медицински тестови кои ги имал утринава Бразилецот. линк