Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Му посакувам уште многу успеси на Фабио, посебно на клубски план..Иако последната година во Реал Мадрид ја изигра во слаба форма, од него се очекува да придонесе за стабилноста на одбраната на Јувентус..Подготвителниве натпревари ги изигра на високо ниво, и мислам дека со Чиро како тренер,и со колегата од Италијанската репрезентација Киелини ќе биде причина одбраната на Јуве да биде поквалитетна од минатата сезона...

Зенит го возобновил интересот за Раниери..
нели назначија веќе тренер Зенит:toe:Ама ако оде тама Русите мајката ќе му ја е*ат:pos2:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.995
Поени од реакции
5.610
Џовинко е повреден, и се очекува да се врати на терените најмалку за 20 дена..Повреден му е левиот бут од ногата..линк

A изградбата на стадионот одела во најдобар ред.линк
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Џовинко е повреден, и се очекува да се врати на терените најмалку за 20 дена..Повреден му е левиот бут од ногата..линк

A изградбата на стадионот одела во најдобар ред.линк

Прогноза од гоал ком за у 2010 година за Јуве.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.995
Поени од реакции
5.610
Прогноза од гоал ком за у 2010 година за Јуве.
Оваа статија излезе вчера.

Рибери - Факт е дека е еден од најдобрите играчи во моментов во светот, Баерн е еден од најбогатите клубови во светот што во никој случај нема да го пушти Рибери за помалку од 30 милиони нареднава сезона, со оглед на тоа дека договорот тогаш ќе му биде само уште на 1 година, инаку ќе беше повеќе 45 милиони..
Мексес - Се работи за еден од најдобрите дефанзивци како во Италија, така и во целиот свет..Mногу добро се снаоѓа во маркирањето на противничките напаѓачи, и за наредната сезона најголемото засилување на одбраната би бил токму Фелипе Мексес..Само што неговата цена нема шанси да биде помала од 20 милиони
Пандев - Според последните шпекулации во Италија, Пандев имал усмен договор за наредното лето да се пресели во Интер, тимот во кој ја почна Италијанската кариера.. Но со оглед на тоа колку шпекулации се напишаа во медиумите за Пандев,не ме чуди и да потпиши нов договор со Лацио..
Касано - Веројатно, Јуве би го добил за едно 20 милиони (доколку ги прикажува истите игри од минатата сезона) и мислам дека би бил одлично засилување во нападот на Јуве. Наредната сезона Дел Пиеро ќе има 35 години и ќе биде во залезот на кариерата, а Касано е еден од ретките фудбалери со истите карактеристики како Пинтуричио..
Роси - Одличен фудбалер, но со огромна, висока и сосема нереална цена..Виљареал изјави дека нема да се ослободи од неговите услуги ако понудата е помала од 35 милиони..Така да сметам дека е прескап, и со тие пари Јуве би купил играч кој ќе биде тро-дупло покорисен за Јуве..
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Дури и порано е излезена статијата али нема врска, но ако евентуално се оствари ова тогаш прејаки ќе бидеме, гревота за другите, шала на страна, ова е многу тешко остварливо, но од овие играчи само Мексес и Рибери би завршиле работа и секако ЕДЕН ЛЕВ БЕК кој што го чекаме веќе 3 сезони и никако да го видиме.
 
Член од
22 април 2008
Мислења
549
Поени од реакции
93
Луѓе давајте стрим за Италија со Швајцарија, овај од АТДХЕ заебава на секој 20 секунди.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.995
Поени од реакции
5.610
Луѓе давајте стрим за Италија со Швајцарија, овај од АТДХЕ заебава на секој 20 секунди.
Од Атдхе супер работи..Каморанези е изваден од терен, поткривнуваше со ногата, и се надевам дека не е ништо страшно и сериозно..Одлична партија за Маркизио, малку фалеше да биде стрелец на својот првенец гол во Италијанскиот дрес..Киелини и Канаваро одлично функционираат...

Но нападот не е на висина на својата задача..Скоро сите шанси ги имаа играчите од средниот ред на Италија...
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Во Петок играме тромеч со Интер и Милан (по 30 мин со секој), има ли некоја информација дали ќе игра Диего, со оглед на тоа што Џовинко е повреден?
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.995
Поени од реакции
5.610
Во Петок играме тромеч со Интер и Милан (по 30 мин со секој), има ли некоја информација дали ќе игра Диего, со оглед на тоа што Џовинко е повреден?
Диего најверојатно ќе биде целосно фит за Берлускони купот на 17ти..

Инаку, вечерва одбраната на Италија, составена од Киелини и Канаваро изигра брилијантен натпревар, тотално беа затворени приодите кон голот на Буфон, а Канаваро потсети на неговите стари денови, и се надевам дека тоа ќе му стане практика барем во дресот на Јувентус..Канаваро доби оценка 7,5 а Киелини 8,0 што е сосема солидна оценка, уште повеќе за дефанзивци..Исто така и Маркизио беше брилијантен на своето деби, имаше 100%на шанса, но сантиметри беа во прашање..Се на се, добар натпревар за сите Репрезентативци воедно и фудбалери на Јуве..

Браво за Каморанези.Се согласи со Ферара дека во Јуве треба да останат само оние играчи кои се гладни за успех и за титули, и дека не треба да се чуваат во тимот некој што не го чувствува тоа ..Го одбрани потегот на Јувентус за продажба на Занети „Ако Занети не сака да остане, треба само да се пушти да оди, и да му се даде шанса да биде задоволен“..

A според ТутоЈуве денеска Сисоко ќе оди повторно во Франција на испитувања...
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
3.826
Фудбал Италија, кој се повикува на денешен Тутоспорт пишува дека Григера најверојатно ке замине во Фенер, а на потенцијалната листа за засилувања од парите што ке ги добијат се Рафиња, Де Силвестри и Клерк.
Со парите од продажбата на Григера, Занети (јас би го ставил тука и Алмирон) Јуве би требало да собере доволно средства за да земе еден од листата.
Останува да видиме дали е само шпекулација со оглед на фактот дека пред 2 дена Секо,Блан и Елкан изјавија оти Јуве веке нема да купува играчи.


Диего не може да стигне да си оди дома. Само гласчиња се слушаат од толпата: Диего, Диего, Диего!
Ке треба да си направи едно печатче со потписот:). Така му е поефикасно
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.995
Поени од реакции
5.610
Фудбал Италија, кој се повикува на денешен Тутоспорт пишува дека Григера најверојатно ке замине во Фенер, а на потенцијалната листа за засилувања од парите што ке ги добијат се Рафиња, Де Силвестри и Клерк.
Со парите од продажбата на Григера, Занети (јас би го ставил тука и Алмирон) Јуве би требало да собере доволно средства за да земе еден од листата.
Останува да видиме дали е само шпекулација со оглед на фактот дека пред 2 дена Секо,Блан и Елкан изјавија оти Јуве веке нема да купува играчи.
Веќе неколку дена се погласни се шпекулациите дека Григера е се поблиску до трансфер во Фенербахче..Од триото Рафиња, Де Силвестри и Клерк, без двоумење сметам дека Рафиња е најквалитетно решение. Јуве би добил квалитетен бек, кој многу би му помогнал на тимот во Првенството..Супер засилување би бил, со гаранција..


Ексклузивно..Шпанскиот весник Марка во денешниот број јавува дека Јуве прикажал заинтересираност кон тандемот на Атлетико Мадрид Кун Агуеро и Макси Родригез...

Браво за Секо..Пред 3 дена беше во Шпанија, и најверојатно се распрашувал за засилувањата во наредната сезона..Одлична работа би завршил доколку успее да го донесе Агуеро во Јувентус..Би било супер засилување..

Веројатно кон новите трансфери ќе се оди со тактиката со која Секо успеа да го ангажира Диего..Тоа е одлично..Цела година се преговараше, и на крајот успеа да го земи за 24 милиони, што со оглед на трансферите кои се направија летово е смешна и банална сума на пари..

Фелипе Мело заслужи директен црвен картон на вчерашниот меч на Бразил со Естонија..

 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Атлетико нема да го пушти Агуеро за сума помала од 60 мил евра, а Јувентус нема да плати толку пари никогаш. Според мене шансите за трансфер на Аргентинецот се многу многу мали.
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Може ли некој да ми најде аватар за Маркизио или Мело:smir:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.995
Поени од реакции
5.610
Атлетико нема да го пушти Агуеро за сума помала од 60 мил евра, а Јувентус нема да плати толку пари никогаш. Според мене шансите за трансфер на Аргентинецот се многу многу мали.
60 милиони мислам дека нема ниту еден тим да му плати на Атлетико Мадрид за Агуеро ..Фернандо Торес беше број еден во Атлетико Мадрид, многу клубови го бараа, но на крај Атлетико го даде само за 25 милиони евра на Ливерпул..На Агуеро конкуренцијата може да му ја крене цената ама со оглед дека Виља вреди 50 милиони, тогаш Агуеро мислам дека за максимум 40 милиони и ќе биде доведен во Јуве, но мислам дека и тоа е голема сума за еден играч..

Буфон изјави дека Амаури е добредојден во Репрезентацијата на Италија, и изјави дека е сигурен дека Амаури ќе игра со огромен ентузијазам во Италијанската репрезентација..
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Веќе неколку дена се погласни се шпекулациите дека Григера е се поблиску до трансфер во Фенербахче..Од триото Рафиња, Де Силвестри и Клерк, без двоумење сметам дека Рафиња е најквалитетно решение. Јуве би добил квалитетен бек, кој многу би му помогнал на тимот во Првенството..Супер засилување би бил, со гаранција..
Нема да има нови трансфери, ни надвор од Јуве, ни во Јуве. Така изјавија Елкан и Блан. Маркетот за нас е готов. Заборавете на Рафина или Клерк.. Григера ќе остане најмалце до Јануари...

Шпанскиот весник Марка во денешниот број јавува дека Јуве прикажал заинтересираност кон тандемот на Атлетико Мадрид Кун Агуеро и Макси Родригез...

Браво за Секо..Пред 3 дена беше во Шпанија, и најверојатно се распрашувал за засилувањата во наредната сезона..Одлична работа би завршил доколку успее да го донесе Агуеро во Јувентус..Би било супер засилување..
Ова ми се свиѓа. Добро е што уште од сега се пројавува интерес за вакви играчи. А околу цената на Агуеро, мислам дека догодина ќе може да се земе за 30 - 35 милиони евра... а како што стојат работите, ќе имаме доволно пари за трошење идното лето.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom