Да де, потврда си барав само.
А многу е забавно тоа што во цивилизираниот свет кои ти очигледно не го гледаш, во грчевитата борба да го спасиш Скопје од провинцијалците - луѓето се движат. Годинити на факултетот ги проаѓаат во други градови, или држави, склопуваат бракови со луѓе од другата страна на светот и се преселуваат таму, се вработуваат на друго место па од ново се преселуваат... И видиш, тоа за нив не е проблем. И на секој кој е успешен не му пречат „дојденците“, зошто тие не го загрозуваат на ниту еден начин. Кукаат само физичките работници и оние кои ни до таква работа не можат да стигнат, и својот личен неуспех го оправдуваат со „навалата на странци кои им ја земале добрата работа“. Така што, јас сфаќам дека ти се плашиш од провинцијалците... Ама не е нивна кривица што тие ќе работат и ќе живеат во убава куќа, а ти ќе земаш кредит за да си направиш клозет во бараката оставена од дедо ти, зошто тоа е последната со клозет во дворот на цела улица. Сепак, секогаш ти ќе бидеш без акцент, а и тоа е нешто на кое може човек да биде горд.