- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.161
- Поени од реакции
- 1.324
На Европската Унија и се заканува распаѓање, доколку Брисел не успее да ја поврати контролата врз единствениот европски пазар, основата на која се потпира заедницата, предупредува лондонски „Фајненшл Тајмс“ во својот коментар посветен на закажувањето на два итни самити на ЕУ.
Како што јави дописникот на МИА од Лондон, весникот наведува дека целата европска организација е доведена во опасност, затоа што полека, но сигурно се отстапува од елементарниот принцип на солидарност.
Како пример за тоа весникот го наведува повикот на францускиот претседател Никола Саркози до домашната автомобилска индустрија да изврши „репатрација“ на своите погони од Источна Европа во Франција, но и однесувањето на британскиот премиер Гордон Браун кој во странство зборува за меѓународна соработка, а во Велика Британија спроведува финансиски национализам.
Причината за ваквото однесување, според „Фајненшл Тајмс“, не е само актуелната финансиска криза, туку и завршувањето, на како што вели весникот, најамбициозниот период на ЕУ од пред една ипол деценија и почнувањето на префрлањето на моќта од централата во Брисел, врз престолнините на земјите-членки.
Таквиот процес сега е отиден толку далеку, што сегашната преслаба Европска комисија не е во состојба да им се спротивстави на големите и моќни членки. Во оваа ситуација за пофалба е барањето на Еврокомисијата да добие надлежности при координацијата на државната помош за банките и за автомобилската индустрија, заклучува „Фајненшл Тајмс“.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=104343