СП Хрватска 2009 - Данска : Македонија (20:15)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ајде сите квази стручњаци...МУКЛА!!!!!
Денес загубивме од подобар противник!
Не се криви судиите, ниту играчите...можеби малку стручниот штаб, ама тоа е тоа...
Данците се шампиони. Имаат премногу квалитетни играчи кои подеднакво делат товар.
Ова е едно драгоцено искуство за тактика, кондиција и безброј други работи.
Па ајде...ако некој ни го понудеше ова пред почеток на првенството ќе верувавте?:)
Со 10 раце ќе прифатевме.
Браво за момците!
Останува уште еден натпревар кој верувам ќе го победиме...
А дека можеа уште 2-3 играчи да се земат во тимот на место на други...можеше, ама животот тече понатаму...
Уште еднаш, БРАВО за тимот и навивачите.

Се согласува потполно со тебе Данска е европски шампион ние на моменти добро игравме дадовме отпор но нивната поголема клупа со квалитетни играчи пресуди на крајот мислам дека имаме и ние мала кривица посебно стручниот штаб или попросто кажано изоставувањето на Раде Стојановиќ од екипата иако тој беше спремен да игра но сепак малце сум разочаран од политиката што се воде во нашата репрезентација форсирањето на одредени играчи кои не заслужуваат да играат..
П.С едно големо БРАВО за нашите навивачи што им овозможија на нашите играчи да се чуствуваат како да играат на домашен терен.:salut:
 
нема што судиите беа коректни за разлика од тие вчера, само голманот ги спаси ништи друо како што тој бранеше така кај нас повеке се демотивираа играчите.......леле кога почна 2то полувреме и кога заводивме викам доброе фативме ритам но 2-3 грешки во нападот и толку беше ни падна играта а со тоа и се одлепија данците во секој случај секоја чест за нашите се бореа машки така да утре победа против Србија добро ке ни дојде за затварање на 10то место на шампионатот:toe:
 
Кире се изнапромашува процент никаков и он и братму,многу слабо одиграно во напад и затоа изгубивме.Ристовски на почетокот не фана некој топки потоа се извади.Клучниот момент беше кога Данска играше без двајца играчи а ние не дадовме ниеден гол а башка примивме и потоа конфузија и тоа е тоа..
 
сепак треба да бидеме задоволни и од ова во добро светло се прикажаа а можеше и подобро доколку не влијаеа одредени фактори во текот на првенството аји ЈБГ тоа ти е утре ја тепаме и со тоа го заврсуваме СП солидно:toe::oeoeoe:вчера мислам дена беше клучниот натпревар и и оној со србите ама вчера не ебаа
 
Дали се игра натпревар за 11 место,9место или се игра само за 7 и 5место??Одговорете,со проверени информации?
 
А бе луѓе свесни ли сте што зборувате. Кого ке протерате бре АЛОООООООООО. Што очекувавте вие дека ке бидеме прваци?????? Ова е ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА НАШАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА КОЈА БЕШЕ НАДИГРАНА САМО ВЕЧЕРВА И НИТУ ВОЕДЕН ДРУГ НАТПРЕВАР. Треба да бидеме горди на нив. Има уште предизвици оваа генерација и ке ни приредат уште моменти на радост.
 
Какви други радости сакаш бе на друго првенство по 30 години..Еве сеа на европското немае шанси на Естонија не можеме да е победиме а не пак на Исланд и Норвешка!!:drk:
 
Треба да сме горди за прикажаново, и треба да им направиме супер пречек на ракометарите, затоа што заслужија.

А коментарите од типот "идиоти" "слаби се" игнорирајте ги, не вредат.


ЕДНА Е МАКЕДОНИЈА !!!!!

П.С И еве јавно да му се извинам на голманот на Данска што го колнев, во афект бев, се надевам ќе ме разбере.:):) Ајде сеа Стефанче диши полесно, поздравче и до тебе.:):)
 
Дали се игра натпревар за 11 место,9место или се игра само за 7 и 5место??Одговорете,со проверени информации?
Ќе има, на 29 јануари. Според телетекстот на ХРТ.

Greota, stvarno mi e zal za covekov. Ama ubo ke bese da mu ja puknese edna.
Три пати ги враќаа германците назад за да почнат напад на 10ина секунди до крајо, а беше еден разлика за Норвешка. Времето не се запре, и му пукна филмо на Хајнер. :)
 
прво. знам дека е излишно и повторено 100 пати, но каде е и зошто не игра раде? ..таква била замислата на селекторот. ќе ја објасни ли селекторот неговата замисла? ќе ги објасни ли оние млитави удари од 9 па и 7 метри високо над голот, и тоа при секој шут на работ на пробивање? тоа ли е неговата замисла?

секоја чест за резултатот досега. оние кои ја пратеа репрезентацијата и пред ова свестко, т.е. од кога постои (на пример јас) јасно им е дека имавме квалитет надополнет со голема борбеност спремни бевме да изненадиме. затоа.. ослободен од еуфоријата, со ладна глава тврдам дека имавме шанса за повеќе. првенството ќе заврши, ќе им честитаме на нашите момци и се тоа.. но анализата треба да ја направи селекторот и да ни објасни бар на оние што малку повеќе се упатени во ракометот, колку не коштаа изгубените топки на нашите бекови (освен кире), колку топки подадоа во аут, колку чекори, колку неизнудени пробивања, колку промашени контри, после кои наместо 2+ обавезно одиме 2-. да ни ја објасни математиката како он ја замисли играта со само еден бек шутер?
ако се работи за повреда, а очигледно не, тогаш во прашање се суети. нешто што страшно ме иритира кога е во прашање национален тим. со душа чекам да го видам на прес конференција и да објасни зошто младиот лазаров е во неговите замисли, кога очигледно не е дораснат за раде стојановиќ?

конкретно за ф. лазаров. го знам играчот многу добро. кога ја превезема одговорноста на себе во металург играчот е страшен. има одраз најголем од сите, и шут недоработен со потенцијал да биде убиствен. неколку пати се одрази над цела одбрана и се спушта со се топка. малку сум разочаран од него, иако верувам дека неговото време доаѓа.

ми сметаше после секој примен гол на борко, скандирање диви-диви. диви е супер, и борко е супер. но објективно битолчани малку претераа. несвесно нанесуваат штета, демотивирајќи го борко. никого не бранам, едноставно не е фер кон борко.

дали ги советуваше селеторот играчите да не фрлаат контри кога очигледно најслаб дел од играта ни е тој? зошто упорно и упорно?
дали знае селекторот дека тајм аут се бара кога ќе ја насетиш серијата на противниците, а не од кога серијата ќе заврши?

зборот ми е, кога е очигледно дека можевме повеќе, редно е да се изнесат причините каде погрешивме.
во услови на страшно мотивиран тим, во придружба на најдобрата публика, со играчот број 1 во свет, борбеност невидена досега од македонски тим, одбрана блиску до одлична.. одлични голмани..
зошто промашени зицери? зошто пробивања? зошто 6 напади по ред без ниту удар на голот, после истите примаме 6 гола.
свесни ли сме колку бевме блиску до сензација?
очигледно не. не сум воопшто понесен, длабоко верувам во ова што го пишувам.

за крај.. секоја чест за момците. увек повеќе ги сакам и сум позади нив кога губат. само сакам да укажам дека можеа повеќе, убеден сум.

и секоја чест за промената на менталитетот. нема веќе посрамотување. играме до крај рапмнорпавно, нема да речам со светски велесили, ќе речам со богати репрезентации.
ние сме дефатко светска сила, ако се земат во предвид условите во кои ние играме, и сите останати.

најголемата придобивка од ваквите успеси е тоа што полека ќе го напуштиме оној синдром на себепотценување и потсмевување, ќе почнеме да веруваме дека сме добри и спремни за медали, зошто да не.
следна голема сензација (сензација, но не за мене) очекувам од кошаркарите во послка..
 
Добро што очекувате вие од Лазаров :toe: па после десет години се пласираме на светско и сакате медал а :tapp: неможат да изиграат многу утакмици за толку кратко време тоа е факт...џабе сите ние урламе од тука и ги бодриме,башка играме против ракометни сили кои казнуваат секоја грешка...иако мислам дека можевме да ја земеме Данска да не промашевме премногу зицери ама тоа е :toe:...искрено се надевам дека ќе стигнеме до тоа посакувано 7мо место и пласман на ЛОИ во Лондон :vozbud:
...како и да одлични сте момци цела Македонија е со вас :oeoeoe: освен неколку мрсулковци што ги читам овде :tapp:
 
Добро што очекувате вие од Лазаров :toe: па после десет години се пласираме на светско и сакате медал а :tapp: неможат да изиграат многу утакмици за толку кратко време тоа е факт...џабе сите ние урламе од тука и ги бодриме,башка играме против ракометни сили кои казнуваат секоја грешка...иако мислам дека можевме да ја земеме Данска да не промашевме премногу зицери ама тоа е :toe:...искрено се надевам дека ќе стигнеме до тоа посакувано 7мо место и пласман на ЛОИ во Лондон :vozbud:
...како и да одлични сте момци цела Македонија е со вас :oeoeoe: освен неколку мрсулковци што ги читам овде :tapp:

Мислам дека не се обезбедва пласман на олимпијада од ова светско превнство туку од другото кое се игра во 2011.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom