БРАВО ЦАРЕВИ! Македонија ја победи Русија и оди понатаму! (36:30)

  • Креатор на темата Креатор на темата Romanticar
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Па што да се каже друго освен дека денешниот натпревар беше феноменално одигран, а второто полувреме мислам дека беше најдоброто полувреме што било кога го одиграле нашите ракометари. Добивме солидно судење (иако како по обичај имаше неколку одлуки против нас, ама сепак се трпеше) и покажавме дека оваа генерација има сила и компактност.
Мислам дека против Србија мора да одиме на победа, иако секогаш имаат квалитетна репрезентација. Данска ќе биде многу тежок противник, но секако видовме дека можеме со секого да се носиме. Норвешка е за нијанса послаба од Данска, но скандинавските земји мислам дека и не ни одговараат баш со брзиот стил на игра. Во секој случај момците ќе се вратат тука како хероји, така да се што допрва ќе направат ќе биде само плус.
 
ова е човекот што ја создаде оваа генерација на ракометари, уште пред 10 години на младинското светско првенство. после 10 години, со истите играчи го прави најголемиот успех во историјата на македонскиот ракомет. Сетете се само со каква негативна атмосфера и какви проблеми репрезентацијата се соочуваше пред почетокот на квалификациите за ова светско првенство, кога Ико ја превзеде репрезентацијата. ИКО МАЈСТОРЕ - СЕКОЈА ЧЕСТ!!! Мислам дека човекот заслижи барем еднаш да му се заблагодариме на форумов!!!

а ова се луѓето кои по секоја цена се трудеа и сеуште се трудат да го уништат македонскиот ракомет: тута и вујо (нормално со мали букви)
tocno e toa uste so osvoeneto 4 mesto vo polska kako mladinci ovie momci pokazaa deka znaat se pomognati od pelisterskata skola koja vo reprezentacijata e zastapena so 70% od igrcite se poranesni ili za prv pat zapocnanale da igraaat rakomet vo pelister nasoiot najdobar rakometen tim koj za zal sega tone i tone
 
Кои се тие?тута и вујо?
тие се само едно лошо искуство... тие што не ги знаат, не пропуштиле ништо посебно :toe:

за жал тоне и тоне... никогаш нема га ги заборавам дерби натпреварите помеѓу вардар и пелистер, јафа промет од ресен (ако некој се сеќава на овој клуб), натпреварот против лемго кога испука паркетот во битола од притисокот на трибините и многу други... јас како вардарец се надевам дека повторно ќе заживеат тие дерби натпревари, за доброто на ракометот... битола мора да го врати пелистер
 
Честито на сите Македонци за оваа историска победа над русија.
2 милиони народ > 250 милиони :vozbud:
 
:oeoeoe: црвена црвена боја ни е најмила
се е сега прекрасно, таму сме ки шо припаѓаме, но сеуште имам за приговор
зошто со сила го прават борко ристовски ѕвезда, бране не дека не ама диви е подобар сто пати од него и да бранеше денеска че имаше на 25 одбрани:oeoeoe:
 
Да не беше Борко немаше ни да бидеме во Хрватска.

Португалија - Македонија, ви текнува?

Двајцата се одлични, и супер е што имаме двајца такви голмани.
 
тие се само едно лошо искуство... тие што не ги знаат, не пропуштиле ништо посебно :toe:

за жал тоне и тоне... никогаш нема га ги заборавам дерби натпреварите помеѓу вардар и пелистер, јафа промет од ресен (ако некој се сеќава на овој клуб), натпреварот против лемго кога испука паркетот во битола од притисокот на трибините и многу други... јас како вардарец се надевам дека повторно ќе заживеат тие дерби натпревари, за доброто на ракометот... битола мора да го врати пелистер

Вујо беше селектор на младата репрезентација на светското првенство одржано во Македонија тогаш не усра,мислам дека ни групи не поминавме.А овој тута ни беше селектор 2 месеци,сеа е селектор на Тунис(копилето што провоцираше по поразот)
 
Може некој да ми објасни што се случувало на натпреварот со Португалија?За жал, само двомечот со Исланд го гледав јас, не и другите натпревари.
 
Реванш-мечот заврши, 60.00 на семафорот и пенал за Португалија. Ако го дадеа, немаше ни со Исланд да играме а камо ли на светско.

И тогаш, Борко! Останатото е историја...
 
Со Португалија последна ја игравме во гости(така мислам).И последни моменти од натпреварот португалците имаат пенал.Доколку дадам гол ги губиме шансите за бараж.И во тие последни моменти херојот БОРКО го фаќа пеналот и Македонија оди во бараж каде го победува Исланд во двомечот:).Потоа одиме на светско ја победуваме Полска,Алжир и Русија.Во втора фаза издвојуваме 3 од 3 победи,во полуфинале го добивме тимот на Франција и го победивме со 30-26 најефикасен беше кој друг ако не Кире Лазаров.И во големото финале во преполната сала во Загреб пред 25.000 гледачи во напнат и крајно неизвесен натпревар во последната минута израмнивме преку Алушевски(лоб удар од крило),за потоа преку контра со претходно пресечена акција на Хрватите Мојсовски поентира и победуваме со 25-24.Со тоа Македонската ракометна репрезентација ја запиша историјата како победник на 21 по ред Светско ракометно првенство.MVP на првенството беше Кирил Лазаров а за најдобар голман е прогласен Петар Ангелов.
 
вујо беше и на сениорската репрезентација во прошлиот квалификациски циклус за ЕП кога изгубивме од Словенија во бараж. Не направи ништо, т.е. направи доволно за да ги искара играчите меѓусебе и со федерацијата (случај Лазаров), и ги донесе до тоа дереџе да тренираат во ладни сали и да немаат дресови за настап. Директно бев запознаен со случајот и знам точно што се случуваше. Катастрофа!
Но, сега го имаме најдобриот ракометен стручњак и што е најважно МАКЕДОНЕЦ! Изгледа дека и во федерација им стана јасно дека и во Македонија има светски стручњаци за ракомет, и дека бадијела трошеа грдни пари на странски селектори дојди-замини, парите во џеб и баш ме боли што направив и што оставив позади.
Поздрав до сите репрезентативци и стручниот штаб! Се гледаме во Задар!
 
Реванш-мечот заврши, 60.00 на семафорот и пенал за Португалија. Ако го дадеа, немаше ни со Исланд да играме а камо ли на светско.

И тогаш, Борко! Останатото е историја...

Со Португалија последна ја игравме во гости(така мислам).И последни моменти од натпреварот португалците имаат пенал.Доколку дадам гол ги губиме шансите за бараж.И во тие последни моменти херојот БОРКО го фаќа пеналот и Македонија оди во бараж каде го победува Исланд во двомечот:).Потоа одиме на светско ја победуваме Полска,Алжир и Русија.Во втора фаза издвојуваме 3 од 3 победи,во полуфинале го добивме тимот на Франција и го победивме со 30-26 најефикасен беше кој друг ако не Кире Лазаров.И во големото финале во преполната сала во Загреб пред 25.000 гледачи во напнат и крајно неизвесен натпревар во последната минута израмнивме преку Алушевски(лоб удар од крило),за потоа преку контра со претходно пресечена акција на Хрватите Мојсовски поентира и победуваме со 25-24.Со тоа Македонската ракометна репрезентација ја запиша историјата како победник на 21 по ред Светско ракометно првенство.MVP на првенството беше Кирил Лазаров а за најдобар голман е прогласен Петар Ангелов.

Историја и иднина. :pos2:
 
lele so nemam pasos ova mi e za um za drug pat ah mi idi da se ubijam se mi e plateno a jas nemozam da pojdam upm :tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
 
Може некој да ми објасни што се случувало на натпреварот со Португалија?За жал, само двомечот со Исланд го гледав јас, не и другите натпревари.

Натпреварот против Португалија се играше точно пред една година, во групната фаза за пласман за ова СП.
На домашен терен ја победивме Португалија со мислам 5 голови разлика...
Во решавачкиот дуел на гости во последниот напад кој го имаа Португалците и им беше досуден пенал (60 мин-разликата беше 4 гола за нив во тој момент), каде што со гол, Поругалците одеа во бараж...но Борко одбрани (ако постигнеа гол, ке беше истата разлика како во Скопје,5 разлика но Португалија ке одеше понатаму бидејки имавме помалку постигнати голови на гости) :)

Честитки и од мене за пласманот...ОДИМЕ ВО ФИНАЛЕ :vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom