Последен гледан филм со кратка рецензија

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
SiCKO.



Уште еден документарен филм од Мајкл Мур за негативните работи во американското опшество, конкретно за нивниот здравствен систем. Интересна е споредбата со британскиот, францускиот и канадскиот здравствен систем, во споредба со нив американскиот здравствен систем е болен и му треба медицинска нега....
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
TRAILER: Michael Moore's 'Capitalism: A Love Story' - IN THEATERS NOW ..



Да не има некој превод за овој филм?
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.560
Поени од реакции
2.524
Глупо е чоек да се фати за една реченица од еден долг пост, ама морав овде :).
Баш во последно го изгледав цел зомби серијал на Ромеро, ми остана уште Diary of the dead и Survival of the dead, гледаш повеќе хорори од мене, мене хорорите ми се најслаба страна, ама зошто...серијалот е срање?
Не бе, :smir: можда лошо се изразив, сакав да кажам дека е потпуно ист филмот, кога го гледаш исто као да гледаш некој дел од зомби серијалот.
Мене ми остана уште Survival of the dead, тоа римејковите не знам дали да ги гледам, Dawn of the dead римејкот беше ОК... Од серијалов највише ми се свиѓа првиот дел (Night of the living dead) пошто има баш некоја страшна атмосфера, другите делови се повеќе сатирични. Land, Diary,па и Day of the dead и не ми се свиѓаат баш, би рекол дека се бајги послаби у квалитет од првите два...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
The boondock Saints.


Лесен филм за гледање со доста насилство, крв и огнено оружје, и Вилијам Дефо :pos::pos::pos::pos:. Карактерот што го глуми Вилијам Дефо е најлуд од сите
на педерите им вика педеру можам да те намирисам на километар а и самиот е педер
:pos::pos::pos::pos:.
Интерсен пристап на нештата со многу необичен крај,
не разбрав дали платениот убиец што ќе го изнајми мафијата е нивен татко.
.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.560
Поени од реакции
2.524
^^
Го глеал некој вториот дел? Дали е добар ко првиот?

Првиот дел е закон, има толку добри сцени
на почетокот со шољата
, па В. Дефо
коа ќе лежи со тој мажот у кревет, овој го допира по градите и В.Дефо му вика: Што праиш бе?? -Сакам да се галам. - Бегај бе педер еден!
:pos2: Првин ти покажуваат дека се случило нешто на некое место и после како дошло до тоа...Многу добра акција, кај мене е у топ 100

@bucio
Спојлер, да одговорам за крајот :
Да, татко им е тој Дедо Мразот (Били Коноли)
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
The Salton Sea

Те бе уште еден добар филм со Вал Килмер кој глуме у ногу необична улога за него.Хм Филмо баш и не е некој за рецензија ама на почетоко и на крајо на филмо вика Who am I .....you decide....и баш е така по гледањето вие одлучете.Надевам се дека ви е доволно за да го гледате моја оцена јас ке му даам 8/10 и ми се бендиса филмчето.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.560
Поени од реакции
2.524
Clockwork_orangeA.jpg

A Clockwork Orange (1971)

Уште едно ремек-дело на Кјубрик, иако не ми се допадна толку како Dr. Strangelove (уште една сатира) или Oдисеја 2001 (SF класика), во кој го критикува/исмејува казнено-поправниот реформаторски систем; снимен според истоимената книга на Anthony Burgess и според кој насловот е погрешно преведен како Пеколен Портокал затоа што уствари значи Механизиран или Управуван човек (ваљда, не знам ни ја како би го превел поинаку :wink:).

Основната идеја у филмот е правото на избор - дека ако човекот прави само добро или само лошо тогаш тој е ''Клокворк Оранџ'' - управуван или искористуван само од Господ или само од Ѓаволот, т.е. без правото на избор сме само машини.
Во една таква ситуација се наоѓа главниот лик Алекс ДеЛарџ (како што самиот се нарекува :)) кој све у животот зема здраво за готово.

Филмот изобилува со прекрасна сценографија, интересни кадри/агли на снимање (како на пример тој од поглед на главниот лик), одлична глума од страна на Malcolm McDowell, добра класична музика (Бетовен :tv:), меѓутоа тоа што ме одвлече од филмот е тоа што по мене, е многу долг и спор.

На авторот на книгата не му се допаднало само (и се согласувам со него) тоа што Кјубрик го изоставил крајот во кој
Алекс иако првобитно одлучува да се придружи на нова банда, сепак размислува да се смири и да основа семејство, што значи дека сепак има избор и не е пак Клокворк Оранџ како што е претставен на крајот од филмот

Еден од оние филмови кои иако се многу добри, можеби и ремек-дела, као у случајов, направени визионерски и со стил, сепак не се по ваш вкус и затоа моја оцена (ја оценувам од 1 до 5, оние IMDB оцени од 1 до 10 ми се смешни/помодарски некако) :

3.2 / 5

И покрај (можеби) ниската оцена од моја страна, го препорачувам затоа што сепак се работи за Кјубрик и филмов е must-see.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Secret Window (2004)
Еден писател (Џони Деп) е обвинет од еден маж од Мисисипи дека му ја копира приказната од книгата. Но Џони Деп сака да му докажи дека тој ја напишал пред него. Работите стануваат интересни кога селанецот од Мисисипи почнува да му се заканува на Џони. Крајот е многу добар. Најважниот дел од приказната.

Искрено филмот на моменти ме заплашуваше. Има некоја морбидност во текот на целиот филм , Џони Деп ... :) Вреди да се гледа. 8/10.

Pulp Fiction (1994)
Филмот го имам гледано уште како мал ама ич не го памтев.
Култен филм , класика , Тарантино , Ума Турман, Џон Траволта ...

Филмот додека го гледаш е доста заплеткан. Но на крајот се се разјаснува.
Уште по кузнај кој пат ке повторам ги обожавам долгите дијалошки сцени на Тарантино.
Едноставно е срамота да го немате гледано овој филм. :)

Gamer (2009)
Филмче кое е добро за разонода. Не замара а не е ни некој тежок филм.
Еволуцијата на игрите толку е напредната што повеке не се игра со ботови туку со вистински луѓе. Очекував повеќе од филмот ... 6/10
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Прегледај го приврзокот 13952

A Clockwork Orange (1971)

Уште едно ремек-дело на Кјубрик, иако не ми се допадна толку како Dr. Strangelove (уште една сатира) или Oдисеја 2001 (SF класика), во кој го критикува/исмејува казнено-поправниот реформаторски систем; снимен според истоимената книга на Anthony Burgess и според кој насловот е погрешно преведен како Пеколен Портокал затоа што уствари значи Механизиран или Управуван човек (ваљда, не знам ни ја како би го превел поинаку :wink:).

Основната идеја у филмот е правото на избор - дека ако човекот прави само добро или само лошо тогаш тој е ''Клокворк Оранџ'' - управуван или искористуван само од Господ или само од Ѓаволот, т.е. без правото на избор сме само машини.
Во една таква ситуација се наоѓа главниот лик Алекс ДеЛарџ (како што самиот се нарекува :)) кој све у животот зема здраво за готово.

Филмот изобилува со прекрасна сценографија, интересни кадри/агли на снимање (како на пример тој од поглед на главниот лик), одлична глума од страна на Malcolm McDowell, добра класична музика (Бетовен :tv:), меѓутоа тоа што ме одвлече од филмот е тоа што по мене, е многу долг и спор.

На авторот на книгата не му се допаднало само (и се согласувам со него) тоа што Кјубрик го изоставил крајот во кој
Алекс иако првобитно одлучува да се придружи на нова банда, сепак размислува да се смири и да основа семејство, што значи дека сепак има избор и не е пак Клокворк Оранџ како што е претставен на крајот од филмот

Еден од оние филмови кои иако се многу добри, можеби и ремек-дела, као у случајов, направени визионерски и со стил, сепак не се по ваш вкус и затоа моја оцена (ја оценувам од 1 до 5, оние IMDB оцени од 1 до 10 ми се смешни/помодарски некако) :

3.2 / 5

И покрај (можеби) ниската оцена од моја страна, го препорачувам затоа што сепак се работи за Кјубрик и филмов е must-see.
овој филм е masterpiece,мора да го гледате

п.с според овој филм се наречени главната навивачка група на јувентус clockwork orange или на италијански orancia meccanica а познати денес како drughi bianconeri,овој филм им бил инспирација за логото,оттаму и го знам овој филм

ова е од филмот


 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069


Е ова беше сосема спротивно од гореспоменатиот филм. Сандра Булок годинава глумеше во три филма (две комедии: The Proposal/All About Steve, и спортската драма: The Blind Side). Засега изгледани ми се само двете комедии, каде што во оваа дефинитивно повеќе има смеа за разлика од „Предлогот“ кој е малце посериозна комедија и со малку смеи. Овде има доста смеа но и некои досадни сцени, сепак не е најдобрата комедија но доста смешни и hilarious моменти. Бредли Купер е фантастичен,
а и доброто во овој филм е што крајот е сосема неочекуван и не е како сите романтични комедии, завршува тотално поинаку.

6.7/10
Не мислев дека ќе земам некој филм од "твоите", но ете се случи и прилично сум задоволен со резултатот.

Како прво, фала ти што за малку ќе ми го упропастеше крајот, бидејќи спојлер тагов ти го стави Џими, а јас ја прочитав последната реченица пред да го гледам филмов. За среќа, бар за мене, прилично предвидлив крај беше, па не ме заеба, иначе директ на игнор листа ќе те ставев за да не ми "упропастуваш" повеќе филмови. Во иднина, те молам БАР ако ти се дава спојлери, ставај ги во СПОЈЛЕР ТАГ! :)

Е сега, филмов навистина вриска од потенцијал, иако има прилично глупо име. Хуморот е на ниво, на моменти интелигентен, а на моменти онака "глуп", али пресмешно глуп - што е добра работа.
Но, овој филм за жал, како и многу видео игри, пати од синдромот на "неразбран херој/главен лик", поточно хероина во случајов. Сандра Булок е добра актерка, но дефинитивно не и е местото овде. Ликот на Мери треба да е забавен, гиковски, несфатен од другите...али треба да биде СФАТЕН од нас, односно на нас гледачите да ни е интересна. А Булок во филмов е права лудача ебате, ни малку шарм нема, а и престара е за ваква улога...

Да ја земеле Nikki Cox, на пример, филмот би бил далеку подобар за гледање.
На оваа Мери мислам. :)



Другите актери се перфекција, од Томас Хајден Чрч (кој не знам зашто не го спомнуваш, бидејќи тотално го надигра Бредли Купер), па преку Кинезот, па Зик од Lost итн...
Да не беше Булок, ќе имаше место за 8/10....вака само една чиста 4ка, бидејќи нуди саат време забава (од кои 20 мин тупење на Булок), а потоа во последните пола саат подобро да го исклучите, отколку да продолжите со гледање - е, толку е лошо!
 
Член од
27 август 2008
Мислења
32
Поени од реакции
1
ORPHAN (2009)

Интересна drama\трилер којa тежи накај хорор . Типката ќе е бремена со трето дете ама ке абортира по природен пат . После тоа ќе има кошмари и ќе одат да присвојат дете ... И ќе присвојат ! Ама .... детето ќе почне да прави проблемиии ... гледајте го,крајот е јак ... ова е само вовед ;)

Ова е последниот филм шо го гледав и ептен ме бендиса ... моја оценка 9/10 ... !!!!

Актери: Vera Farmiga , Peter Sarsgaard , Isabelle Fuhrman

The Cube (trilogy)

Трилогијата за коцката каде повеќе случајно избрани луѓе ќе се подложни на експерименти и барајќи го излезот од коцката ќе паѓаат во разни замки ...

Одлично смислен филм , првиот мислам дека излезе 1998 , вториот и најпознатиот 2002 и третиот 2004 ...

2012 (2009)

Добро позната приказна за крај на светот од глобалното затоплување ... Група научници ја испитуваат кората на земјата и на општо изненадување доаѓаат до заклучок дека останува кратко време за ЗЕМЈАТА ... Почнуваат да се градат бродови за спас на што е можно повеќе луѓе , меѓу кои најголем дел се од богатата класа ... Добар филм за разонода , не е баш којзнае што , бидејќи на сите ни е познато дека светов ќе го нема во 2012 година :D :D :D


I.D. (1995)

Ова по се изгледа е еден од култните филмови во продукција на BBC. Четворица џандари ќе се инфилтрираат во хулиганите со цел да ги фатат водачите на кои се сомневаат дека дилаат дрога ... Арно ама едниот од четворицата ќе се уфилма до крај и ќе стане еден од најжестоките навивачи ....Многу добар филм,кој шо го нема гледано под Итно да го спушти .... чиста ДЕСЕТКА !!!

EUROTRIP (2004)

Овај филм го гледав пред 5-6 дена после 5 години и според мене е една од најдобрите амерички комедии ... Дечкото ќе се заљуби во интернет пријателката од Германија и ќе тргнат со најдобриот другар на пат низ Европа да стигнат до Берлин за да ја најдат .... по пат ќе се случуваат 300 забегани работи , хехехее !!! Моја препорака е да го гледате за тие шо го немаат гледано ;)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Мr.Brooks.

Wow. Колку може еден постер да ве натера да игнорирате филм.
Kevin Costner во психо трилер/драма. Мр.Брукс е доста интелигентен човек кој е контролиран од занимливо алтер его со цел да си задоволи интересна зависност. 8/10.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Вчера вечер на А1 го гледав Плати и жени (Cash & Marry), македонски филм од 2009.

Филмот е сниман од некој млад режисер, Атанас Георгиев. Карактеристично за овај филм е тоа што во него се зборува на повеќе јаици, и тоа не само во некоја сцена туку наизменично се менуваат. Се зборува на македонски, српски, хрватски, англиски, германски и француски.
Темата на филмот е како е да се биде емигрант во европска држава. Политичка тема, значи и политички филм со комични елементи. Инаку државата е Австрија.
Фимлот не е сниман со филмска камера туку со телевизиска, и можи да се категоризира како полудокументарен (и според камера и според содржина).

Доста интересен и добро сработен филм. Препорака да го гледате. И занемарете ја оценката на имдб, кај вакви филмови знае да варира.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


Ова е дефинитивно најубавиот романтичен филм во последниве неколку години. Веќе има и номинација за Златен глобус во категоријата мјузикл/комедија, а воедно фантастичната содржина си го заслужи тоа. Филмот има тотално необична тематика, воедно Том се заљубува во Самер, но таа не верува толку многу како него во љубовта но сепак се вклучуваат на една пријатна летна авантура. Дали 500те денови љубов ќе бидат успешни за Том, ќе видете откако ќе го изгледате. Филмот дефинитивно заслужува да се гледа. Според мене мора да добие номинација Оскар за најдобро оригинално сценарио, а... кога веќе ќе има 10 за најдобар филм, зошто да не се најде и таму?

10/10 :smir: Тотално воодушевен.



Интересно е тоа што годинава Сандра Булок ја гледаме во три различни улоги, во комедиите The Proposal/All About Steve, и во оваа прекрасна спортска драма „Слепата страна“. Генерално моите очекувања се исполнети, според содржината не очекував нешто нај-нај филм, но оценките и воедно добрите критики на критичарите, а и можна и номинација за Оскар. Но според мене Сандра Булок има шанси да добие номинација за најдобра главна глумица, затоа што дефинитивно го покажа своето. Big Mike е момче кое доаѓа од фамилија во која и двајцата родители немаат чувства и не се чувствува домашната атмосфера, па талкајќи низ улица, Леј Ени (Сандра) се сожалува и го прима во својот дом. Солидно дело, одлична глума!

7.5/10 :wink:
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988


Интересна љубовна комедија. Инаку Виола(Аманда Бунс) во филмов се преправа како нејзиниот сопствен брат Себастијан, и оди место него на школо и е со машки цело време. Го прави тоа затоа што го сака фудбалот, но не е се така лесно кога таа ќе се заљуби во нејзиниот цимер...

8.5/10 :smir:



Уште една интересна љубовна комедија. Во филмов се зборува за тип кој е ептен голем фан на Бостон Ред Сокс, нема пропуштено ниту еден натпревар, во станот му е со со нивни слики, фигури, и т.н. и поради тоа не може да фати девојка. Но, кога ќе ја запознае девојката на својот живот, ќе сфати дека безболот е само обична работа...

8/10 :wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom