Последен гледан филм со кратка рецензија

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Stir of echoes (1999)



Добро филче , со Кевин Бејкон во главната улога , (трилер/хорор) откако на шала ќе биде хипнотизиран , ќе почнува да гледа работи што претходно не беше способен да ги гледа .
 
I

Intex

Гостин
The Butterfly effect 2



Пред пола саат го догледав вториот дел од трилогијата. Видно послаб од првиот дел, но сепак успеале да се задржат на некое ниво.
Актерската екипа и не толку добро избрана, приказната на моменти досадна, океј, крајот беше феноменален.
Оценка: 8/10
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.560
Поени од реакции
2.524
The Crazies.jpg

1. Самошто го изгледав The Crazies (1973) на Ромеро и тоа без превод пошто нигде нема на интернетов (ни англиски) :nesvest:, ееј да е некоја најнова комерцијала ќе има 100 преводи...
Енивеј, ако сте го гледале познатиот зомби серијал на Ромеро, филмов е исто сра*е само друго паковање, само наместо против зомби, неколку луѓе очајно се борат против војската,која ги трпа жителите у карантин кога во нивното гратче ќе избие епидемија на вирус од кој полудуваат луѓево...Како и во секој дел од зомби серијалот, така и овде Ромеро критикува нешто, овојпат се нафрлил на Виетнам...
Многу досаден филм иначе, неинтересен, не е ни страшен, го изглеав до крај само затоа што е од Ромеро...Гледам ќе искочи римејк сеа у февруари, ама кога оригиналов не беше ништо посебно...

29lb536.jpg

2. Bride of Re-Animator (1990)

Вториот дел од Ре-Аниматор серијалот...Послаб од првиот дел кој многу нешто и не ми се свиѓаше али беше ОК,забавен, вториов тапка у место со приказната, не се случуваат многу работи, би рекол ''more of the same''. Се гледа дека е друг режисерот...На ред е третиот дел...:salut:

Fright Night.jpg

3. Fright Night (1985)

Многу добра хорор комедија од 80-тите. :tv: Го препорачувам. Еден дечко мисли дека комшијата му е вампир. Специјалните ефекти се одлични, ликовите се добро направени, посебно негативецот... Вториот дел е безвезе, понекој добар момент ваму и таму ама мнооoгу послаб од првиот дел.
Глеам и на овој му спремаат римејк, ама вакви филмови со онаа атмосфера од 80-тите, како ''The 'burbs'' на пример, никад више нема да направат, џабе и специјални ефекти и све...
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50



Night Watch (2004) и Day Watch (2006). Нешто во стилот на Матрикс, СФ - акционен филм во два дела, руско производство со добра прича и солидни ефекти. Мене ми се допаднаа.
 

Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
Филмов беше вау. Мислам, волку добар хорор одамна неам гледано. Сем Рејми одлично си ја има завршено работата и овојпат, малку се навраќа на стариот стил ("The Evil Dead" деловите), во кој се испреплетени некои стварно језиви хорор елементи со малку комедија и сето тоа многу добро се совпаѓа. Ако сакате прилично често во текот на гледањето да се поместувате од столица, ви препорачувам да го гледате, само немојте волку касно ко мене. :icon_eek:
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
The White Ribbon (Белата трака)

Прва информација што ќе ја напишам за филмов е дека денеска беше прогласен за најдобар европски филм за 2009, во тесна конкуренција со „Slumdog Millionaire„ и „Читачот„. Австриско-германска продукција, режисер е Мајкл Ханеке, кој исто така освои награда за најдобар режисер за 2009 г.
Дејството се одвива пред Првата светска војна во едно мало место, ама нема ништо поврзано со војни, битки и сл. Приказната ја прераскажува еден учител, кој се присетува на неговото време кога бил помлад. Во местово каде живеат луѓево почнуваат да се случуваат необјасниви работи (синот на баронот исчезнува за потоа да го најдат физички нападнат, некој подметнува пожар во една штала, друго хендикепирано дето исто го наоѓаат малтретирано итн.). Никој не знае кој ги предизвикува овие несреќи. Учителот се сомнева во децата, дека можеби се вмешани или пак знаат нешто повеќе.
Паралелно има уште 4 приказни за 4 семејства (една од баронот, друга со докторот, уште една со селаните и 4-та со свештеникот).
Белата трака е насловот, бидејќи свештеникот им врзуваше бела трака во косата на неговите деца кои правеа „гревови„ и таа трака треба да ги потсетува на невиноста и вистинскиот пат.
Филмот трае 2 ипол часа, јас го гледав во кино на германски јазик и релативно брзо ми помина времето. Специфично ми беше што во филмот немаше музика, имаше некои сцени кои стоеја подолго време (едно 10-на секунди) и се беше тишина.
Знаев дека филмот е во конкуренција за најдобар европски филм, ама кога заврши коментарот ми беше дека нема шанси да победи. Али ете победи!
Би го оценил со 7-ца, поради недоволната напнатост што ја нуди, а и поради тоа што многу ме потсетува на книгата „Хемијата на смртта„ од Симон Бекет.

 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
The Guru(2002)
пародија на боливуд филмовите:pos2:
Индиец иде во Америка да стане како Џон Траволта славен.Филмов колку беше безвезен толку се смеев на глупостите.Нивниот познат стил на играње од индиските филмови:salut:
Глумеше Мариса Томеи и индиецон од 2012 главна улога.Оцена од 1 до 10?
6-ка
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


Доста интересно филмче. Отпрвен бев скептик за овој филм затоа што читав коментари дека е уште еден од оние романтични филмови кои се секогаш исти и со исти краеви. Да, можеби крајот Е таков и слична е содржината, но имаше нешто посебно и слатко во овој филм што те тера релаксирачки да го изгледаш. Џенифер Анистон е одлична, едино овој глумецот беше малце иритантен но како и да е, интересно филмче.

6.5/10



Е ова беше сосема спротивно од гореспоменатиот филм. Сандра Булок годинава глумеше во три филма (две комедии: The Proposal/All About Steve, и спортската драма: The Blind Side). Засега изгледани ми се само двете комедии, каде што во оваа дефинитивно повеќе има смеа за разлика од „Предлогот“ кој е малце посериозна комедија и со малку смеи. Овде има доста смеа но и некои досадни сцени, сепак не е најдобрата комедија но доста смешни и hilarious моменти. Бредли Купер е фантастичен,
а и доброто во овој филм е што крајот е сосема неочекуван и не е како сите романтични комедии, завршува тотално поинаку.

6.7/10
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Bad Lieutenant: Port of Call New Orleans 2009.




Трилер филм со Николас Кејџ, Вал Килмер, Ева Мендес и Ексибит во главните улоги. Не е правен по шема како останатите филмови за лоши цајкани полни со дрога корупција и коцкање, има поинаков пристап кон нештата иако суштината е таа, дејствието се случува после ураган Катрина во Њу Орлеанс.....
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Extract

Па можам да кажам дека беше еден од најдосадните филмови шо сум ги гледал.Типо има компанија и има проблеми со сексо со жена му зацепува се у една фуфа другар му му дава дрога овај прае глупости компанијата ја доведуа до банкрот и бла,бла ногу досаден...4/10 поради bmw-то и поради Mila Kunis..Следен на репертоаро е предлого на мац па да видеме.....
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.349
Поени од реакции
8.428
Law Abiding Citizen
оценка 9/10
филмот е лудила одамна немам гледано вака добар филм и не би давал некоја посебана рецензија оти нема да ви биди многу интересен и не завршва како сите американски филмови кога добриот(галвниот лик) сите ги тепа на крајот ако го гледате добриот лик во филмот кој за мене во овај случај претставен како лошиот и се работи за фамилљарен човек на кој му го убиваат семејството на кое после 10 години се одмаздува на сите замешани во неговиот случај но не до крај илзегува по негово ...


не сакф да го стафам трјлетор оти скоро целиот филм се објаснува во него па така да ако сакта а ви препрачвам на сите да го лгедате филмот НЕМОЈТЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ ТРЕЈЛЕРОТ
и уште еднаш оценаката 9/10 :vozbud:


Ви го препорачал исто така TAKEN 8/10
малку е сличен со претходниот филм и еден од подобриоте филмови каде што на еден специјалец му е киднапирана ќеркаму од албански препродавачи на робје на го згршија човекот па така да има интерсни сцени и многу борба за да ја спаси ќерката малку имаат претерано со убивањето но сепак ако се земе во целост приказната е одличана како се бори човек за своите гледајте го нема да за жалите


8/10
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Unknown (2006)




Многу добро филмче кое ќе ве заинтересира до крај да погледнеет како ќе заврши н оисто така ќе има добар крај на кој сигурно ќе му следува продолжение :helou: Одавна не сум гледал ваков трилер драма филм кој не можеш да го предвидиш.
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Untraceable

Конечно добро филмче така 4 саата пред предавање на факс програмирање.хаха.Не сериозно мене ми се бендиса филмот и ногу ме потсети на Bone Collector така да кој го гледал тој филм ке му се допадне и овој.Работе се за типче шо убива у живо на интернет ама он уствари не убива него шо повеке посетители на сајто шо побрзо умират гледајте ке укапирате.Мотиво за тоа и начино на кој го изведе беше доста психоделичен а и ке забележете у филмо колку сме ние лугето само болни.Моја оцена 9/10
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
1. Самошто го изгледав The Crazies (1973) на Ромеро и тоа без превод пошто нигде нема на интернетов (ни англиски) :nesvest:, ееј да е некоја најнова комерцијала ќе има 100 преводи...
Енивеј, ако сте го гледале познатиот зомби серијал на Ромеро, филмов е исто сра*е само друго паковање, само наместо против зомби, неколку луѓе очајно се борат против војската,која ги трпа жителите у карантин кога во нивното гратче ќе избие епидемија на вирус од кој полудуваат луѓево...
Глупо е чоек да се фати за една реченица од еден долг пост, ама морав овде :).
Баш во последно го изгледав цел зомби серијал на Ромеро, ми остана уште Diary of the dead и Survival of the dead, гледаш повеќе хорори од мене, мене хорорите ми се најслаба страна, ама зошто...серијалот е срање?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom