Децата бегалци од Егејска Македонија се надеваат дека за една година ќе заврши судскиот процес
За една година најмногу до две правдата ќе се задоволи. Вака веруваат децата бегалци од Егејска Македонија во исходот од судскиот процес кои го водат против грчките власти пред судот за човекови права во Стразбур.
Предметот се однесува за потегот на Грција која пред повеќе од шест децении, прогонувајќи ги нивните семејства од домовите неправедно им ги одзела државјанствата и имотите. Убедени се, 3000 те барања кои го сочинуваат судското досие ќе има позитивна завршница.
И по половина век од прогонот, кај потомците на децата бегалци од Егејска Македонија не ги напушта мислата дека еден ден ќе се вратат на родните огништа.
„Имаме од Отоманската Империја документи и после Отоманската Империја. Вистината е на наша страна и мора да победиме“ , изјави Атанас Панчев дете бегалец од Егејска Македонија.
Со букети цвеќиња, поклонување пред паметникот за егзодусот на нивните најблиски и потсетување на имињата на оние кои го дале животот во бесмисленоста на воениот виор,
како и одржана панихида за покој на нивните души, денеска
децата бегалци од Егејска Македонија во Штип се потсетија на лузните кои сеуште не се избришани од нивните срца.
„Околу 500-тини Штипски семејства од Егејска Македонија кои се населиле во Штип, зад себе оставиле 112 жртви“ , изјави Ванчо Санев член на претседателство на Здружение Македонски Егеј Штип.
Било да не се повтори беше единствената заложба од денешното мементо за овој тажен дел од македонската историја.