Мустаќите се повторно во мода

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Возраст
39
Мустаќите се повторно во мода

Сосема неправедно маргинализирани во последните децении, мустаќите се враќаат на голема врата како естетски и машки симбол. После долгогодишно светско восхитување на тазе бричени метросексуалци и потсвесна светска кампања против мустаклиите (филм: Топ Ган. Епилог: мустаќлијата пилот се лупа во карпи, тасма бриченото маже Том Круз ја ќарува Кели МекГилис), "брковите" се повторно тренд. Конечно.

До сега претежно ги носеа "уметниците, лудаците и сељаците". И тамам кога човек ќе помисли дека целосно изумре оваа појава на машкост и дека естрогенот полека завладеа со светот, луѓето кои служат како role-models и модни икони почнаа повторно да се навраќаат на корените, ви се допаднало тоа вам или не.

241861%7ETom-Selleck-Posters.jpg


Бред Пит предизвика реакции изјавувајќи дека пуштањето на мустаќи прерасна од модна во политичка мисија, бидејќи мустаќите веќе долго беа потценети. Покрај него, уште една цела плејада на холивудски фаци одлучија да пораснат квалитетен брк: Џад Лоу, Џони Деп, Џорџ Клуни, Шон Пен. Бурт Рејнолдс и Том Селек, како истрајни ветерани во оваа категорија сега сигурно сосема задоволно си го сучат мустаќот :)

Модните магазини веќе сериозно го сфатија старо-новиот тренд па започнаа со делење совети за израснување, четкање, потшишување, шампонирање и регенерирање на мустаќите. Доколку немате капацитет за растење, може и да си испазарите мустаќи од сите величини и густини, па кога во петок навечер ќе си ги прикачите под носот, статусот "главен фраер на забавата" нема да ве одбегне.

Кога можеле Крале Марко, Џумерко и Бред Пит (кој носи моментално нај-фенси мустаќи: од средна величина, најлесни за одржување), зошто не би можеле и вие?
 

Attachments

  • GetImage.jpg
    GetImage.jpg
    40,3 KB · Прегледи: 173
Неееееееееееее................. :pos2:
п.с. У Турска никад и не искочиле од мода.
Јас може да носам полудолга брада,што меѓудругото е и симбол, во одредени периоди...
ама само мустаќи... НЕ!
 
Неееееееееееее................. :pos2:
п.с. У Турска никад и не искочиле од мода.
Јас може да носам полудолга брада,што меѓудругото е и симбол, во одредени периоди...
ама само мустаќи... НЕ!

Покори се на трендот!
Бори се за машкоста!

Пушти брк :)))
 
A ti pushti veke? :)))))))))))

Наравно, семејна традиција. Со тоа што, во овој период од животот го камуфлирам со троа брада, ради уметнички дојам. Ама, не сум гол под нос :)

Кога ќе дојде денот, брич од страна и бркот ќе си стои, ко шо е ред!
Машки!

Доста бричани гејчиња ко Том Круз се фаците наоколу. Иц пејбек тајм, ин д нејм оф Клерг Гејбл, Чарлс Бронсон енд Гоце Делчев :)
 
јако е брк. ама ич не ми стој да ти кажам право , еднаш пробав женската не ми збораше цел ден замисли другите , немаше смисла
 
Абе друго си е мустаќа. Стара школа е брк, стил Siebzigerjahre Deutshe Pornostern. Замисли ебање со мустаќа и пози и техника и стенкање се се менва, има шмек.

Јас викам почит, стварно треба самодоверба за да пуштиш мустаци.

gunther1.jpg
 
Брк ми асоцира на фриз џигерица и некое мачо ванаби типче од '70-те/'80-те. И наравно на ѕвездите од "домаќинските" порничи од тоа време.
А, нај-брк за сва времена ми е Hulk Hogan:drk:
HulkHogan.jpg


У последно време и Paul Tetul Sr. од О.C Choppers му е конкуренција

Paulsr.jpg


Anyhow, брк (без брада да го придружуе) делуе многу redneckish. Ни уметнички, ни мажествено...него сељачки.
И оној кој ќе успее да го надмине redneck моментот и со стил да носи брк (али реков, само брк), му симињам капа.
Да носиш брк, ти требаат муда.
 
Да бидам искрен, во последно време сум рамислувал да пуштам бркови, и тоа не било какви него хитлерски :) Ќе се правдам дека негувам традиција од прадедо ми Страхил, кој имал хитлерски бркови.
 
Да бидам искрен, во последно време сум рамислувал да пуштам бркови, и тоа не било какви него хитлерски :) Ќе се правдам дека негувам традиција од прадедо ми Страхил, кој имал хитлерски бркови.
Чекаме слики.
И ако издржиш недела дена само се брк, ќе имаш честитки за храброста. :)
 
Чекаме слики.
И ако издржиш недела дена само се брк, ќе имаш честитки за храброста. :)
Чекај си ти :)
Размислувам, ама сега за сега не бива, повреден сум нешто, така да моето пуштање хитлерски бркови би било неефективно.
 
Ова ме потсеќа на еден "несреќен" коментатор..кој за време на еден натпревар рече дека само кучињата на стадионот во Истанбул немаат мустаќи...
Поентата е дека нивното носење зависи од културата, религијата и уредувањето во една земја...и дека навистина никогаш не застарале како мода...
Лично јас ..никогаш не би носел мустаќи...немат некој статусен симбол ..барем не овде..а и машкоста си ја искажувам поинаку...:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom