Николас Спаркс

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
...Not. Бљувотини на куб. Иако, кога е љубовна приказна во прашање, дали е бљувотина или не е многу субјективна и индивидуална работа.

Не е као лош, лош. Но никогаш не би го вброила во најдобри писатели, а ни на крај памет како омилен автор. Ме потсеќа на пуфлински профил на социјален сајт, сектор омилени книги/автори, и имаш Пауло Коелјo во стандард постава, Мандино чат пат, и Николас Спаркс (и толстоевски веројатно :icon_lol:.)

И мноштвото амерички топ листи се булшит, дали е музика или литература во прашање, сеедно. Тоа што е актуелно во моментот, тоа им` е и најдобро. Што e изузетно дебилно. Британските медиуми, пример, во однос на критика и рангирање се далеку порелевантни и многу веројатно и светлосни години понапред.
Оф топик, пошто освен љубовна тематика мислам друго не обработува... Не верувам дека некој си дозволил да ги прескокне Бронте. Емили, конкретно. Жената никогаш во животот не искусила физичка љубов, а толку длабоко и моќно ја има опишано, од столче се паѓа. Можеби е класика и не се споредува (секако дека не се споредува :icon_lol: ), но една и единствена книга е од таа писателка, а век и пол од издавањето не умира. Ваљда кажува нешто.

Океј е, не повеќе. Лајт љубавни романчиња.
 
Од страна на Матица Македонска е издаден новиот роман на Спаркс, преведен како „Одлуката“. :smir:
 
Од страна на Матица Македонска е издаден новиот роман на Спаркс, преведен како „Одлуката“. :smir:
Ја имам читано, убава му е... Но како што реков, подобро е да ја читаш во оригиналната форма (англиската) оти сведок сум на ептен лоши преводи на познативе бест селери.
 
Николас и режисерите што му ги прават филмовите изненадуваат :) Dear John го симнал Аватар од врвот....значи одличен романтичен филм.


Но мора прво д аја дочитам книгата па после филмов :)
 
Од Николас Спаркс ја имам читано само Порака во шише, но беше доволно за да ми стане една од омилените книги. Иако има бранови на монотоност и наливи на пресилни емоции во книгата, стилот е разбирлив интригирачки и привлекува.
Чекори за сеќавање - го имам гледано само филмот, ми се допаѓа премногу, секако тука имаат улога и режисерите но приказната си е негова и е прекрасна.
 
Порака во шише- само филмот го имам гледано
Ги имам читано:
"Вистински верник"
"Чекори за паметење"
"Страници за нашата љубов"
Лесни,убави, љубовни приказни ... ми се свиѓа...
Ама сепак, Агата Кристи е боље :toe:
 
Денес ја завршив последната (The wedding) што воопшто може да се најде во земјава, значи остануваат уште 2 (The last song & Three weeks with my brother)

The wedding како што некаде веќе имам кажано се работи за продолжение на многупознатата негова "The Notebook". Главните ликови се Вилсон и Џејн зетот и ќерката на Ноа. Вилсон, класичен современ американец, без некои големи традиции, исполнет со работата ја раскажува приказната на неговиот живот. Исполнет со љубовта кон својата жена но и тоа дека работата отсекогаш била на прво место, тој ни го покажува сето она што е највредно, што носи среќа и го исполнува животот - љубовта кон жената и семејството. Тој по некоја глупа случка (заборавањето на годишнината на свадбата) се прашува дали секогаш љубовта преживува, се трансформира или се гасне. Нивниот живот сведен на рутина, е полн со празнина и тишина, особено откако нивните три деца (сега веќе големи) ќе се отселат од дома. Најголемата ќерка која е во врска со своето момче веќе пдплго време, една вечер ги известува за својата свршувачка. Поради лошото здравје на Noah а и тоа дека нивната 30 годишнина од бракот се наближува, ќе почнат забрзаните подготовки за свадбата која треба да се оддржи во рок од една недела. Дали случките за ова време ќе ги натераат двајцата да се спојат повторно, да го направат сето она што го имаат заборавено последните 20тина години?
Според мене книгичево е онака, лесно читливо, полно со детали на нечии животи, прекрасни моменти... што би рекол - Too good to be true. Засега најслаба книга негова но ако сакате епилогот од „Бележникот“ да го прочитате - вреди. И нормално изненадувањето останува секогаш за крај.
 
Дефинитивно омилена The Notebook :)))
Стварно романтика на големо, ама си го бива.
 
Ја прочитав 5тата негова книга Одлука.
Хммм ќе ја ставам на 4то место. Најмалку ми се допадна сепак Вистински верник, а 3те бестселери Чекори за паметење, Порака во шише и Страници за нашата љубов ми се бест 3 :)))
Убавка е книгава, составена од 2 дела. Баш таа одлука што треба да се донесе некако е раскажана само во една четвртина од книгата, во другиот дел се зборува само за нивното запознавање. Првиот дел е одоговлекуван, а вторниот е набрзинка раскажан.

И катастрофа е направена книгава од Матица. Толку грешки одамна не сум видела. На 3 места се испомешани страниците, дупли страни ... катастрофа. Ако се увиди дека грешно е печатена може и да се препечати книгата. Срамота за Матица.

Следно ми е Dear John, ја имам дома, англиска верзија, ама никако да почнам да ја читам :) Филмот секако после книгата ќе го гледам.

Ах да и го имам гледано филмот Night in Rodanthe, по истоимената книга на Спаркс, која ја немам читано. Ама сепак мислам дека книгата би била поубава :)
 
Од Николас Спаркс ја имам читано само Порака во шише, но беше доволно за да ми стане една од омилените книги.

Исто е и во мојот случај. Книгата баш ме допре. Го гледав и филмот само за да споредам, можам да кажам само дека кој мисли дека истото може да го долови само со гледање на филмот, се лаже.
Од другите филмови не планирам да гледам ни еден пред да ги прочитам книгите, не сакам да си ги расипам. :)
 
Ја прочитав 5тата негова книга Одлука.
Хммм ќе ја ставам на 4то место. Најмалку ми се допадна сепак Вистински верник, а 3те бестселери Чекори за паметење, Порака во шише и Страници за нашата љубов ми се бест 3 :)))
Убавка е книгава, составена од 2 дела. Баш таа одлука што треба да се донесе некако е раскажана само во една четвртина од книгата, во другиот дел се зборува само за нивното запознавање. Првиот дел е одоговлекуван, а вторниот е набрзинка раскажан.

И катастрофа е направена книгава од Матица. Толку грешки одамна не сум видела. На 3 места се испомешани страниците, дупли страни ... катастрофа. Ако се увиди дека грешно е печатена може и да се препечати книгата. Срамота за Матица.

Следно ми е Dear John, ја имам дома, англиска верзија, ама никако да почнам да ја читам :) Филмот секако после книгата ќе го гледам.

Ах да и го имам гледано филмот Night in Rodanthe, по истоимената книга на Спаркс, која ја немам читано. Ама сепак мислам дека книгата би била поубава :)

Матица после прочитано одреден број книги почнав да ја избегнувам баш поради ова. Слабиот превод кој е се` повеќе застапен е причината зошто почнав да ги читам оригиналите (барем оние книги кои се релаксирачки) додека покомплексните (шекспир, Достоевски и остали класици) ги барам на српски. Земи читај му ги во оригинал, повеќе се доловува оноа што сака да го каже писателот.
 
Ги имам прочитано трите ама како што ми остави впечаток `Порака во шише` така ни една книга ми нема оставено... Самиот стил на изразување на Спаркс ми се допаѓа .Дури во еден момент се најдов таму и ги гледав сите тие моменти. Преубава книга како и останатите две кои ги имам прочитано од него.
 
Ја ставам Одлука во топ 3 книги на Николас:)

Не некако "лигава" како другите книги некако е поинаква и преубава.

Бев во таа на рекорд книжарницата скоро сите се по 699 на англиски и има 6-7 книги негови :)
 
Ја прочитав и "На прв поглед" продолжение на "Вистински верник"
преубаво продолжение за пресилната љубов и загубите.

Секоја следна книга ми е се поубава.
Човеков незнае за лоша книга :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom