Јеа, јеа, јеа. Ама сме БИЛЕ под 50-то место. Сега сме или не сме? Како што гледам се` повеќе тонеме и тонеме и тонеме и тонеме и ќе тонеме ако тој остане. Кажи ми, тебе на фудбал ти личеше она пред 10-тина дена во Црна Гора?
А во една репрезентација и во еден спорт е најважен односот тренер - спортист. Како се однесува Катанец? Пред секој натпревар вели: Не сум многу сигурен за играта. фудбалерите не се во најдобра состојба, не очекувам многу... Сфаќам дека не треба да кажува Ќе ги скинеме, ќе губат 10-0, ама барем да каже дека верува во фудбалерите, да им даде храброст, да ги мотивира... И по натпреварот вели : "То је то".
Многу репрезентации биле и светски прваци со некои селектори, ама веднаш потоа ги менувале. Не значи дека ако еднаш биле, сега мораат да тонат, нели?
По мене знам. Имав тренер како Катанец 8 години. Од регионални митинзи никаде подалеку не стигнав. Откако го сменив тренерот, стигнав и до СП. Ама овој тренер ми е и и како постар брат и како тренер.