Непозната фирма

  • Креатор на темата Креатор на темата tomsaso
  • Време на започнување Време на започнување

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
значи вака, има некоја фирма за која имам неколку основни податоци и карактеристки не знам како се вика и не знам што работи. сакам да научам повеќе за истата, ако се сетите на некоја која ги исполнува до некаде овие карактериски пишете...

- организацијата има ограничено членство, се зачленуваат луѓе со препорака од инсајдери
- наводно се потпишува договор на доверливост со кој не смееш да ја откриеш дејноста на истата фирма
- целни членови се луѓе осамостоени, со решени станбени прашања, такаречи сериозни, за помлади издржувани лица се бара потврда од родител
- организацијата има претставништво или афилиација или канцеларии во Аеродром - Скопје
- организацијата е наводно почната во Германија, проширена е во Грција, Албанија, Србија и Македонија
- членовите се собираат еднаш неделно, во недела, или два пати месечно се состануваат некаде и задолжително мора да носат костуми на кои е прикачен беџ со нивното име
- во зависност од сработеното на дотичниот ден по 14-15 дена добиваат исплати од по 500-1000 евра во зависност од тоа колку сработиле
- зборот лидинг има нешто врска со фирмата
- членовите не се богати, ниту пак имаат некои посебни знаења и вештини преку кој би се донесол логичен заклучок за начинот на заработка
- пред скоро време, завчера или вчера фирмата имала состанок во Србија.

ако ми текни уште неколку карактериски ќе ги допишам...
најбитно прашање е дали има некој од Аеродром, кој сретнал група луѓе или поединци покрај некој објект во Аеродром,највероватно во недела, во костуми, и највероватно со прикачен беџ со име?
 
прв пат слушам.малку creepy ми звучи, посебно пошто е поврзано со Грција и останативе соседни земји, се прават толкави пари, а и тоа со костумите е исто така creepy:nesum:
 
Уште една пирамида.

Кој ќе заебе повеќе луѓе да им земе пари.

очигледно не е тоа, и мене ми беше прва претпоставка..
ако е тоа, тогаш веднаш би ме зачлениле.. дури и изглумив дека сум спремен да дадам баснословни суми за да станам член...

ама .. за членство се плаќало само 600 денари.. т.е за договорите и слично

доколку беше млм приамида или понзи или што било веднаш ќе пробаа да ме зачленат. :D
 
најбитно прашање е дали има некој од Аеродром, кој сретнал група луѓе или поединци покрај некој објект во Аеродром,највероватно во недела, во костуми, и највероватно со прикачен беџ со име?

Има знам кои се,али пошто немам никаков однос со дечките немам што да ти кажам поопширно само знам т.е имам чуено дека се бафтаат со такви ствари....
 
очигледно не е тоа, и мене ми беше прва претпоставка..
ако е тоа, тогаш веднаш би ме зачлениле.. дури и изглумив дека сум спремен да дадам баснословни суми за да станам член...

ама .. за членство се плаќало само 600 денари.. т.е за договорите и слично

доколку беше млм приамида или понзи или што било веднаш ќе пробаа да ме зачленат. :D
tomsaso...ako dovolno golem broj pati zemes po 10 evra...MOZE MNOOGU DA SE NASOBERE..:) , a inaku najdobar bisnis e nekomu da mu prodavas iluzija deka kupuva biznis... :)

...rasprasaj se dali se plakja za bedzot i eventualno kostumot....pa Bojo i onoj Fiat..samo na toa BOGATSTVA napravija ...:)

ako pero itriot ti vika.." se baftaat" jasno ti e ????? :)
 
tomsaso...ako dovolno golem broj pati zemes po 10 evra...MOZE MNOOGU DA SE NASOBERE..:) , a inaku najdobar bisnis e nekomu da mu prodavas iluzija deka kupuva biznis... :)

ako pero itriot ti vika.." se baftaat" jasno ti e ????? :)
Конкретен скоро сигурен сум дека тие што ги познавам не можат да излажат 100 души во еден ден да се зачленат...(1000 евра од еден ден)

и зошто не би ме зачлениле мене тогаш ?

тука се нелогичностите и некомпактибилноста со класична пирамида и понзи
 
значи вака, има некоја фирма за која имам неколку основни податоци и карактеристки не знам како се вика и не знам што работи. сакам да научам повеќе за истата, ако се сетите на некоја која ги исполнува до некаде овие карактериски пишете...

- организацијата има ограничено членство, се зачленуваат луѓе со препорака од инсајдери
- наводно се потпишува договор на доверливост со кој не смееш да ја откриеш дејноста на истата фирма
- целни членови се луѓе осамостоени, со решени станбени прашања, такаречи сериозни, за помлади издржувани лица се бара потврда од родител
- организацијата има претставништво или афилиација или канцеларии во Аеродром - Скопје
- организацијата е наводно почната во Германија, проширена е во Грција, Албанија, Србија и Македонија
- членовите се собираат еднаш неделно, во недела, или два пати месечно се состануваат некаде и задолжително мора да носат костуми на кои е прикачен беџ со нивното име
- во зависност од сработеното на дотичниот ден по 14-15 дена добиваат исплати од по 500-1000 евра во зависност од тоа колку сработиле
- зборот лидинг има нешто врска со фирмата
- членовите не се богати, ниту пак имаат некои посебни знаења и вештини преку кој би се донесол логичен заклучок за начинот на заработка
- пред скоро време, завчера или вчера фирмата имала состанок во Србија.

ако ми текни уште неколку карактериски ќе ги допишам...
најбитно прашање е дали има некој од Аеродром, кој сретнал група луѓе или поединци покрај некој објект во Аеродром,највероватно во недела, во костуми, и највероватно со прикачен беџ со име?
Ова ти е нешто како "заеби го пријателот"
Се зачленуваш во таа "фирма" купуваш некаков производ колку да биди се легално и потоа носиш нови членови, зависно од тоа колку толку е поголема твојата провизија.
Тој шо е на повисоко ниво се полни со пари, и нормално е дека некој од новите членови ќе извиси. Вложува пари, и треба да работи да бара нови "жртви" кои ќе го купат производот.. Класичен пример на пирамида.
 
Конкретен скоро сигурен сум дека тие што ги познавам не можат да излажат 100 души во еден ден да се зачленат...(1000 евра од еден ден)
Ама за 15 дена (на колку што рече дека се вршеле исплатите oд по 500-1000 евра...)

...плус ако ги земеме во предвид и тие што ќе се зачленат преку тие што си ги зачленил ти...многу лесно остварливо.

тука се нелогичностите и некомпактибилноста со класична пирамида и понзи
Пологично е сега? :)
 
поскапеле бе :) Имаше едни што бараа 2 евра членство... :)

Отидов еднаш на таков состанок, и као викаат „верувајте, јас месечно зимам 500 евра, бизнисот е одличен“...

прашувам, кој бизнис??

и ми се прави на тошо демек „па овој бизнис!“

викам, па добро, со што се бави овој бизнис?

Ми вика, платете 2 евра, и покрај тоа што ќе станете член, ќе можете и вие да го водите бизнисот, и да печалите пари...

Не ни сакав да прашам како ќе се печалат тие пари... :)))

Ебате преварите....
 
ај вака.. гледајте на проблемов под претпоставка дека не е пирамида пошто јас тоа го имам 100% заклучено..
некаква алтернатива е .. ама приамида не е 1000%.
 
Алтернатива...алтернатива на што? : )

Пари се прават со трговија, производство или услуги. На кои од овие три би било алтернатива?

Четвртиот начин за правење пари е измама. Океј, и тоа е донекаде интелектуална услуга, треба да имаш интелект да заебеш некој да му направиш услуга да се ослободи од вишокот пари : )

Не, шега на страна, по секоја логика, што би можело да биде?

И зошто толкав превез на мистериозност ако е се чисто и легално?
 
А колку време си член, и колку МНОГУ ти треба да навлечеш други?
 
Ако ми кажеш колку точно е уплатата можеби би можел да ти помогнам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom