Казна од 50 евра за правење ајвар пред зграда

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Педесет евра казна ќе плати секој што годинава ќе прави ајвар на јавна површина. Ова произлегува од новиот Закон за јавната чистота, во кој децидно не се забранува правењето ајвар.

Но во него има казнени одредби за палење, поставување предмети на јавна површина и оставање смет. Ова практично ќе значи дека општинските и градските инспектори, но и полицијата, ќе можат на граѓаните да им наплатат глоба ако ги затекнат како печат пипер на јавна површина, на паркинг, пред зграда или во некои од парковите.


Граѓаните се во недоумица. Голем дел од нив воопшто не помислуваат да го прават специјалитетот што стана македонски кулинарски заштитен знак. Најоштетени се тие што живеат во зграда и немаат викенд-куќи. Тие се бесни бидејќи годинава ќе останат без ајвар.


- Првпат нема да направам зимница бидејќи немам каде. Ако државата не' обврзува да го купиме земјиштето околу зградата, како дворните места во индивидуалните домови, не ни е јасно зошто државата не ни дозволува да правиме ајвар ако дворот законски е наш - вели Петар П., пензионер од скопската населба Аеродром.

КОМУНАЛНИТЕ ИНСПЕКТОРИ ДЕЦИДНИ
- Сезоната на правење ајвар почна, но граѓаните од годинава треба да бидат внимателни каде ќе ги поставуваат ќумбињата, ако не сакаат да заработат казна. Со новиот Закон за јавната чистота, кој деновиве стапи во сила, тие лесно можат да заработат казна ако печат пипер на јавна површина. Според законот, ако казната не ја платите на самото место, пријавата ќе ви стаса од Основен суд, а потоа ќе мора да платите 150 евра, односно трипати поголема сума за својата несовесност - велат скопските општински власти.


Во локалните комунални инспекции велат дека, иако и досега посебни одлуки за комунален ред забранувале да се поставуваат предмети од ваков вид на јавна површина без дозвола, тие немале можност за мандатни казни, туку само ги опоменувале граѓаните, кои не само што правеле смет и оставале лушпи насекаде туку со палење ќумбиња можеле да предизвикаат и пожар.


- Со новиот Закон за јавната чистота точно се определени казните за физички лица, како и услови кога се казнува. Иако нема стриктно казна за печење пипер, се казнува палење, поставување предмети на јавна површина и оставање смет, со што се опфатени и вакви примери, а тоа ни овозможува да ги казниме и граѓаните што печат пипер и прават ајвар пред зграда - велат од градската власт.

МОЖЕ ДА ГО ПРИЈАВИТЕ СОСЕДОТ АКО ПЕЧЕ ПИПЕР
Според нив, и Законот за комуналниот отпад, што беше донесен лани, овозможуваше санкционирање на несовесните граѓани. Новиот закон е подециден и поригорозен, а ќе овозможи пошироко дејствување на општинските и на градските инспектори и полицијата. Тие ќе реагираат и на пријава од граѓани, со што ќе се зголеми ефикасноста на теренот. Се предвидува да се зголеми бројот на извршители, односно да се вработат комунални редари што ќе го спроведуваат законот - објаснуваат надлежните лица.


Кажете само колку си го сакате Николче и неговиве закони... :back:
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
хахаха ... а вистина било дека на секој човек ќе му се вградувало мерач на воздух, до 50 литри ќе било бесплатно потоа ќе се плаќало одредена сума која би одела според светските трендови на владата, се разбира тоа би одело месечно
 

MkForces

тантара пантара
Член од
25 јануари 2007
Мислења
600
Поени од реакции
19
Абе мамицата мамина ! Ако продолжат со донесување на вакви закони како во последно време, не тераат долго...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Што ли ќе биде следно у п.м. само да не донесат закон со забрана да фрламе ќесиња ѓубре од 8ми спрат... кој ли ќе се симнуе до доле.. ај у п.м.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ајде жени домакинки (а и мажи лупачи на пиперки) со дрвените мешалки за ајвар правец влада, националниот ни производ и гордост мора да биде спасен..по секоја цена:pos2:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
За мене искрено законов е ок. Знам дека многумина ќе ме нападнат поради оваа изјава ама тоа е тоа.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
јас пак мислам дека се што ќе донесе закон николче т.е. вмро е ок, не за џабе сме горди вмровци, нели? :back:
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Има некој и што негласал досега, затоа ќути. :wink:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Јас ја пријавив жена ми дека прави ајвар !!
Таман запали оган кладе вреќите в двор и ете ги специјалците од анти-ајвар единица за брзо дејствување ! КУРТУЛИВ ОД 3 ДЕНА ПЕЧЕЊЕ, ЛУПЕЊЕ, МЕЛЕЊЕ, ПРЖЕЊЕ !
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Законов е одличен, бидејќи да глеам сеа пред зграда ми праат ајвар по цели денови, печат со ќумбиња, па после не си чистат лушпите ги оставаат така, ја загрозува околината.

Кој си има викендица ќе иде таму да си праи ајвар, кој нема ќе си купуе готов ајвар или на тераса ќе смести ќумбе. :)
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Не бе..не е до Николче, не е до Вмро. До законот е и до она што некои го нарекуваат Европа во која толку сакаме да влеземе. Па секаде постојат тие закони и гледам ништо не им фали на луѓето.

А искрено и ми одговара законов. Нема собирање пред зграда, нема таканаречен ајварленд, нема зачадување од ќумбиња...Мене ми е ок..и гости да си пречекам како што треба во двор без да се зачадуваме од мириси..ќе можам да поминам по улица без да се мислам кај да згазнам зошто секаде околу има ѓубриште.
 

I am a bastard!

God Save The Queen
Член од
18 септември 2008
Мислења
94
Поени од реакции
8
Не се нормални бе овие. Јас ќе си праам ајвар! Додуше имаат право. Овие глупите кога ќе напраат еден тон ѓубре друг им е крив после тоа!

Мене ми е глупаво што се шират муабети на медиумите дека сите не смеат да прават ајвар. Дури и оние дома. Што е глупаво нели? Ако си имам двор кој ќе ми забрани да правам ајвар?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom