Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

__MaNu__

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Член од
30 ноември 2008
Мислења
520
Поени од реакции
3
Мислам дека ќе биде лошо ако игре Гигс во среда.
Оти ќе сака да постигне гол, ќе игре малце себично, и тоа може да не казне, или грешам?
За тие години во Манчестер никогаш не бил себичен,тој е тимски играч,поважно му е победата отколку да даде гол.
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
23
Поени од реакции
0
Гигс е еден од најдобрите играчи што Манчестер Јунајтед некогаш го имале и секогаш игра во добра форма и ретко потфрла. Отсекогаш играл од срце за клубот. А за себичен, мислам дека е баш спротивното.
 
Член од
31 јануари 2009
Мислења
22
Поени од реакции
1
Гигс има 97 лигашки голови за Манчестер, и кога во интервјуто неодамна за официјалната страница го прашаја дали има намера да стигне до бројката од 100 погодоци, тој едноставно рече дека сезоните во кои постигнуваше преку 15 гола по сезона се минато и сега тој се концентрира на постигнување голови кога е најпотребно како против Вест Хем.

Како што рече Чомбе, не да грешиш, туку многу грешиш :pos2:

Воопошто не се соменвај во Ryan (Трајан) хехе.

Иначе, од останатите вести наоколу, Нани иако не задоволен од "греењето на клупата" отфрли било какви шпекулации за неговата иднина надвор од Олд Трафорд.

Според мене, добар е младичот, му недостасува зрелост како и колективна игра иако талентот е тука. Можеби има претерана самодоверба ама ќе биде добар.

Евра наводно бил гневен што бил изоставен од тимот за натпреварот со Сандерленд.. многу рано се сетија ова :toe:

''Препукувањата'' со Лондончани почнаја, ама се надевам ние ќе го имаме последниот збор в среда.


GLORY GLORY MAN UNITED!!
 
N

navivacka

Гостин
Нема зборови со кои би можеле да го опишат Гигс...тој одсекогаш играл со срцето за клубот.Ретки се такви денес...
 
Член од
13 јануари 2009
Мислења
1.311
Поени од реакции
749
Менаџерот на Ливерпул, Рафаел Бенитес, реши да се изјасни за сè претходнокажано во однос на менаџерот на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон. Најмногу за тоа што го опишал Шкотланѓанецот како „нервозен“, а не како што пренесле британските медиуми – „преплашен“.

Неодамна и двајцата беа преупредени од извршниот директор од Федерацијата на менаџерите од Премиер лигата, Ричард Биван, да стават крај на нивната војна со зборови. До тоа не се држеше Шпанецот, па деновиве даде изјава за мадридскиот весник АБЦ.

„Немам војна со зборови со Алекс Фергусон. Но, верувам дека тој согледува оти ние сме подобри и оти сме сè поблиску до Јунајтед. Низ годините, тој свикнал да игра вакви умствени игри. Никогаш никој од менаџерите не му противречи. Изгледа како да има дозвола да прави вакви нешта. Се обидувам да не зборувам во медиумите многу за оваа т.н. војна со зборови. Но, јас зборувам само за да го одбранам својот тим. Не реков дека изгледа преплашено. Реков дека изгледа нервозно, бидејќи согледува оти сме преблиску до неговата екипа“, се исповедаше Бенитес пред шпанските медиуми.

Изминатово коло Ливерпул играше нерешено 4-4 дома, со Арсенал, додека Ман Ју го победи Портсмут со 2-0. „Црвените ѓаволи“ избегаа три бода на табелата, но менаџерот на „црвените“ верува дека има уште многу фудбалски минути да протечат во Премиер лигата пред да биде конечно одличен првакот.

„За нас е битно постојано да го држиме Манчестер под притисок. Не смееме да се опуштиме. Ако им ’дишеме во вратот’, ќе мораат барем еднаш да кикснат. Јасно е дека имаат предност и ако не погрешат во наредните неколку кола ние нема да можеме да сториме ништо. Затоа, се обидуваме да останеме колку што е можно поблиску до нив на табелата. Во секој случај, одиме да ја освоиме титулата сè додека има шанса за тоа“, уште еднаш Рафа Бенитес ја разгори војната со зборови. Очекуваме потег од стратегот на Манчестер Јунајтед.

Извор www.sportlive.mk
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Од колку часот е прогласувањето за најдобар фудбалер во ПЛ и дали ќе го даваат некаде по нетов ?
 

Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
Бидејќи нема да сум во можност да пишам неделава на форумот,да си кажам денес. =)
Очекувам тешка битка,како и секогаш....
Роналдо е во одлична форма,па мислам дека ке му прави многу проблеми на неискусниот Гибс.Ама се надевам дека нашиот напад ке возврати...:pipi:
Нека победи подобриот.:smir:
 
N

navivacka

Гостин
Да не го цитирам ++Dark Angel++

Бенитез е само едно дебело лигле на кое му зборува многу устата како Манчестер имале помош од судиите на натпреварите,од ФА...а за нив и нема потреба да се збори какви одлуки донесувале...Да имал Ферги помош од ФА немаше оваа сезона да беше казнет на неколку натрпревари да ги следи натпреварите од трибините.А тоа дека Ферги се плашел нема никаква смисла...Бенитез може само да му носи вода на Ферги...првпат да не победи во една сезона и се дигна,а порано го немаше никаде...еееее Бенитез збори колку сакаш ама ке те видеме на крајот.

За натпреварот со Арсенал ке биде тешко,влезени се во форма кога им беше најпотребно...се надевам дека ке одиграме на високо ниво,да создаваме шанси и да имаме добар резлутат пред реваншот во Лондон на Емирати...
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.678
Поени од реакции
43.581
Про Бет типува 1 | 1-1 | 3+ за Манчестер погледнете.

http://probet.blog.com.mk/
заеби ти типувачите..

А за Бенитез..Дебел шпански офчар..Го читав тоа скоро,само не сакав да го постирам..Само сака да не испровоцира човекот,ама не му оди!
 

SIRKO

Believe in Manchester United FC
Член од
8 јануари 2008
Мислења
287
Поени од реакции
18
Многу јако видео
 

caci_cris7

Red Devil Girl 4ever
Член од
28 октомври 2008
Мислења
294
Поени од реакции
3
Изгледа дека Бенитез е преплашен или нервозен или не знам уште што како што го нарекувал Ферги оти 19 години нема видено како изгледа да се биде прв во ПЛ, цели 19 години го нема почувствувано филингот што Ферги го чувствуваше сезоните 2007/08 и 2006/07, се надевам дека истото ќе го почувствува и на 16 мај 2009 год. (ако не и порано:)), сега начека да биде второ место и мисле ќе се искаче на прво со ваквите негови глупави изјави, Фергусон бил оваков, Фергусон бил онаков :tapp:.

Во врска со вчерашниот натпревар, хероите се познаваат во ваквите натпревари, колку само добро и убаво изиграа во второто полувреме, за мерак да ги гледаш (ги гледав и сега ќе си го даунлоадирам натпреварот и пак ќе го гледам:)). Првото полувреме кога ги примивме двата гола веќе не ми се гледаше, бев уморна дури и ми се спиеше. Почна второ полувреме и си викам ајде Ѓаволи вие можете да направите пресврт, па уште и кога видов дека играат Роналдо, Руни, Тевез и Бербатов заедно.............си мислам сигурно ќе се случи нешто. Така и беше. Почнаа да паѓаат головите, еден по еден, а дома лудница :vozbud:, Glory Glory Man United, Take me home United Road, Lift it high(All about belief) ечат на цел глас и јас заедно со нив :). Кажав вчера и сега пак ќе кажам, овака добар натпревар одамна немав гледано. Се надевам дека почесто ќе гледаме овакви натпревари ама без голови во мрежата на Јунајтед:pipi:.

гоооооооооооооооллллллллл
РУНИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ
2-2
Goooooooolllllllllllllllllllllllllllllllllllllllllllllllllllllll roooneyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyyy
2-2 ajde uste eden
Ги цитирав само овие а има уште над 30 вакви постови. Нели ваквите постови требаше да одат во социјалната група, гледам никој од модераторите не реагирал, може не чекаат уште еднаш да направиме вака и да ни го заклучат фан клубот баш пред некој важен натпревар, и не само тоа, јас ги читав сите мислења по завршувањето на натпреварот и многу глупаво изгледаат тие таквите постови. Знам дека тоа е пишувано во моменти на возбуда, среќа и што ти уште не, ама дајте таквите постови нека одат во социјалната група:toe:.

Роналдо верува дека ќе направат хет-трик во титулите од ПЛ.
И јас верувам и тоа многу верувам во Црвените Ѓаволи.:devil3:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.571
Поени од реакции
6.266
Изгледа дека Бенитез е преплашен или нервозен или не знам уште што како што го нарекувал Ферги оти години нема видено како изгледа да се биде прв во ПЛ, цели 19 години го нема почувствувано филингот што Ферги го чувствуваше сезоните 2007/08 и 2006/07, се надевам дека истото ќе го почувствува и на 16 мај 2009 год. (ако не и порано:)), сега начека да биде второ место и мисле ќе се искаче на прво со ваквите негови глупави изјави, Фергусон бил оваков, Фергусон бил онаков :tapp:.
бенитез 19 години го нема почуствувано филингот....? :pos2:
тој никогаш и го нема почуствувано а и верувам и дека нема!кога ливерпул освојува титули во ПЛ не бил тренер бенитез :smir:

 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
бенитез 19 години го нема почуствувано филингот....? :pos2:
тој никогаш и го нема почуствувано а и верувам и дека нема!кога ливерпул освојува титули во ПЛ не бил тренер бенитез :smir:
Eдна исправка, Лузерпул сеуште немаат освоено титула во Премиер Лига од кога е основана како таква на 20 фебруари 1982 година. Единствени клубови кои имаат освоено титула во ПЛ се : Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челзи и Блекбурн:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom