Бев трпелив, ги прочитав разно-разните коментари па сега и јас малку да прокоментирам. Кога го гледав првото полувреме, и кога видов дека ни недостасуваше позната "сопртска среќа", почнав да се потсеќам на лошиот ден кога изгубивме од Лузерите. Искрено страв ме фати и паника, не дека е слаб Манчестер туку дека не оди работата. Кога ги примивме двата гола, немав коментар. Само си реков дека на повидок е уште еден малер ден. Си го поврзав и фактот дека лузерите пред тоа победија на среќа со помош од судиите, па си помислив дека не можеме против "виша сила" да се бориме. Но нешто во мене велеше дека второто полувреме ќе се случи нешто интересно и несекојдневно. Знаев дека ќе постигнеме гол, само се молев рано да постигнеме гол, па и така се случи. Веднаш потоа вистински ураган. Сосема поинаков натпртевар. А Манчестер ми заличи на нешто натприродно кое не се сопира (ураган, торнадо, пожар поплава... како сакате споредувајте, нема да погрешите). Наеднаш ми се наполна душата. Ваква убиствена игра одамна не сме виделе. Сега слободно можам да кажам дека најзаслужен за тоа беше Тевез иако не постигна гол. Незнам како со каква сила, магија, или натприродна моќ, ама Тевез не само што тој беше како стрела на секој дел од теренот, туку и целиот тим го мотивира и го натера да игра феноменално квалитетно и убиствено. Тотенхем уште нови 11 играчи да ставеше во игра (да играше со 22), немаше да можи да се справи со налетот на шампионот. Роналдо сега комотно може да се рече дека е оној Роналдо од ланската блескава сезона. Веќе е во старата форма. Трча насекаде, ја зема топката, ги води контра нападите, прави асистенции за голови и постигнува голови. Никој не може да го сопре и да се справи со него. Е па драги мои, тоа е всушност вистинскиот Кристијано Роналдо, најдобриот играч за 2008 година. Драг Роналдо ти благодариме што блесна и си ја врати вистинската форма токму во моментите кога ни си најпотребен. Имаме тежок месец за доигрување, па потребна ни е твојата моќ и сила, твојот налик на убиствена машинерија. Сер Алекс Фергусон ги повлече денес на време вистинските потези на полувреме и на почетокот на второто полувреме. Нани мораше да излезе и доби повеќе од корисна замена, Тевез. Рафаел мораше да излези затоа што беше премногу залетан со фаулирање, постоеше опасност од црвен картон. А Сколс мораше да внесе искуство, иако и тој беше потенцијална опасност за црвен картон
. Руни се виде дека е момче за секаде. Подобар е одстрана отколку во центарот. И со Сандерленд ја имаше истата улога и успешно ја спроведе. Ова денес го играше во отсуство на Гигс (и после во отсуство на Нани), и успешно го заврши. Незнам како, ама и бугаринот доби сила со влегувањето на Тевез, па и тој имаше второто полувреме добри асистенции дури и гол. Како и да е второто полувреме имаше игра од која секој треба да го фати страв од Манчестер. Со играта од второто полувреме мислам дека не можеше да се справи ни просечниот Манчестер Јунајтед, беа подобри од самите себе
. Незнам што пишуваат тука отпадоците од Лузерпул. Што сакат да кажат дека пеналот не бил пенал. Па добро нека биде по нивно, ете ќе кажеме дека со 4-2 победивме, а не со 5-2. Зарем има разлика? Плус и уште поголема глупост прочитав дека Тотенхем ни ја пуштиле. Па како можи да ни стават два гола од почеток ако била пуштена? И како ќе ни ја пуштат кога тие се борат за во УЕФА. Ама едно е јасно:
кој губи, има право да се лути , но нема право да треси глупости . Драги мои фанови на Манчестер јас во моментот можам се да поднесам освен едно, а тоа е да не сум во кожата на Рафа Бенитез. (малку оф топик да се насмееме) Човекот ќе пукни од мака. И ако стварно пукни, ми е страв да не го стават во затвор Сер Алекс Фергусон затоа што го пукна колегата Рафа Бенитез (убиство со умисла:pos2
. Со среќа ѓаволи, само напред. Сега спремајте се за лига на шампиони!