Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
N

navivacka

Гостин

__MaNu__

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Член од
30 ноември 2008
Мислења
520
Поени од реакции
3
Да да ке имат корист и тоа каков...конечно треба да се свестат дека не е ништо готово,да се разбудат малку и да не се опуштат како вчера по дадениот гол.

Тоа им беше како вид на лекција...се надевам дека по високиот пораз нема да се смени атмосверата каква што беше и дека наредниот натпревар во лигата ке докажат дека тоа било само лош ден.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.571
Поени од реакции
6.267
очекувам на следните натпревари да газиме!не ми текнува кој ни е следен противник но знам дека ке го згазиме! :smir:
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Треба сериозно да се опоравиме и консолидираме. Треба да престанеме со предвремено славење и изјави од типот "ќе видите како ќе го подигнеме пехарот..." и слично, за да не ја провоцираме, предизвикуваме и привлекуваме несреќата. Ако го употребите вашето реално анализирање, ќе сватите дека ова коло беше за сите добро освен за Манчестер. Челзи продолжува да победува, Арсенал почна да победува со повеќе од еден гол и тоа не го чека во 90 минута. За Ливерпул доволно искоментиравме. Ако денешниот пораз на Астон Вила дома, значи нивно влегување во криза, тоа не е добро за нас. Тие во недела играат со Ливерпул. Ние од тој меч очекуваме дека можеби нема да освои Ливерпул 3 бода, па така не ни одговара Астон Вила да е во криза. Единствена добра околност за нас е дека денес Тотенхем играше добро и можеби во Сабота ќе се "погрижи" и Челзи да не освои 3 бода. Токму поради овие факти нас ни е повеќе од потребно да се стабилизираме, и никако не смееме да попуштиме, затоа што противниците имаат поволен период, а тоа е дека од ова коло излегоа со голема самодоверба. Најважно е да се однесуваме сите ние, како да немаме никаква предност во бодови и да се трудиме по секоја цена да победуваме, затоа што мораме иако водиме.
 
Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701

Браво бато за постов...
Одма го преведувам и му го праќам на Сер Алекс... :)

Се сложувам наполно со тебе , и мислам дека треба да “ја спуштиме топката на земја“ - да не претеруваме со тенденциозни најави
...веројатно и во клубот таму некој има добар аналитичар и психолог кој сето ова ќе им го пренесе на играчите!
 
:) Убаво од твоја страна ако го преведиш и пратиш кај Сер Алекс. :)
Само ако може да додадам уште една реченица. Кога ќе му го праќаш постот на Сер Алекс, поздрави го и кажи му дека е ЦАР! :)

Секако дека во клубот има добри аналитичари и психолози и тоа многу подобри од нас тука. Инаку Манчестер не би бил тоа што е. А сите знаете добро што е. ПОИМ ЗА ФУДБАЛ на планетата Земја
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Хидинк: Притисокот сега е врз Јунајтед Менаџерот на Челз, Гус Хидинк го сврте вниманието кон Манчестер Јунајтед и праша како шампионот ќе реагира по поразот од Ливерпул
Сините се со четири бода заостанување зад Црвените Ѓаволи по резултатите од изминатиов викенд во кој Јунајтед загуби со 4-1 од Ливерпул. Сер Алекс Фергусон треба да одигра и натпревар повеќе, за кој Хидинк чуствува дека е многу значаен, но Холанѓанецот сака да види како Јунајтед реагира кога се под притисок.
“Кога сте на возачкото место, и некој друг доаѓа, можете да станете малку нервозни.” – рече Хидинк.
“Доколку беа само четири бода ќе беше многу блиску, но тие имаат и натпревар плус. Но јасно е дека по саботата и неочекуваниот резултат, тензијата се врати.”
“Доколку сакаме да ги следиме потребно е да продолжиме да победуваме. Тоа ќе донесе тензија до крајот на сезоната што е добро за сите.”
“Секогаш се случува по некој неочекуван пораз. Понекогаш не го очекувата на домашен терен бидејќи имате добар и убав рекорд таму.”
“Но тие се многу искусен тим. Ајде да видиме како тие ќе реагираат во деновите кои следат.”
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom