Јунајтед останува заинтересиран за зделката со Тевез
Манчестер Јунајтед се сеуште заинтересирани за аргентинскиот интернационалец Карлос Тевез и размислуваат да потпишат долгорочен договор со него
Дејвид Гил, Извршниот директор на клубот се состанал со претставниците на Тевез непосредно по натпреварот против Селтик во Лигата на Шампионите, за да ги увери дека Манчестер сеуште размислуваат на таа тема и дека се сериозни кога велат дека го сакаат Тевез во нивниот тим.
24 годишниот Тевез требаше да стане дел од тимот уште ова лето но сета зделка беше пролонгирана поради трансферот на Димитар Бербатов.
Тевез ќе ги шини Јунајтед цели 30 милиони фунти, од која сума ќе бидат одземени плаќањата кои ги има извршувано во овие две години додека тој игра на заем од Вест Хем.
Непосредно пред неговото пристигнување на Олд Трафорд, Реал МАдрид пројави голем интерес за него, па нема да биде изненадување доколку шпанскиот клуб започне со наддавање за потписот на Тевез сега во јануари.
Ова станува се поверојатно особено по информацијата дека Руд Ван Нистелрој ќе мора да отсуствува од игра до крајот на сезонава.