Овен Харгривс надвор од терените следните шест месеци
Англискиот репрезентативец, Овен Харгривс, кој од самото доаѓање во редовите на Манчестер Јунајтед има проблеми со многубројните повреди, ќе биде надвор од терените следните шест месеци, што значи дека би можел повторно да заигра на самиот крај од сезонава, а откако минатата недела повторно го посетил специјалистот се одлучил на операција.
Лекарите до сега се надевале дека со инјекции ќе го решат проблеми, но искочило дека само операција е единствениот излез. Оваа вест дополнително ќе ги засили шпекулациите за можното заминување на Харгривс од клубот, бидејќи веќе од поодамна се збори дека во јануари би можел да ја промени средината.