Гласајте за Охридското езеро кое влезе во изборот на 7 нови светски чуда!

  • Креатор на темата Креатор на темата Galactikos
  • Време на започнување Време на започнување
Сторено и препратено.

Your votes for your New7Wonders of Nature nominees have now been successfully counted.
  • Lake Ohrid
 
За Мистичен (да не го цитирам)

не го дрвам... рано е... после 3 ќе го дрвам...:icon_bigg

ако почниме така, ти си настроен против-охридски и се што е од Охрид за тебе не чини...
јас лично само еднаш гласав... не се замарав ниту со организирање мсн контакти, форумџии, блогери, посетители на портал и сл да гласаат...
и плус од октомври треба таму да живеам... :helou:

реков погоре... ако мислеше/мислевте дека има нешто што заслужува да се додаде на листата можевте да го додадете преку опцијата друго или можевте да им пратите неколку мејлови на А1, сигурно ќе го додадеа....

и ако стварно не е од инает, тогаш кажи некој твој предолог...:smir:
 
И да била регуларна анкетата на А1 сепак,
60% од гласовите кој отидоа за Охридско езеро, беа притиснати од деца(14-17години) кој супер си поминале летово во Охрид, и само тоа им е познато 'чудо' во Македонија.

Вељко сакаше да испадне херој што покренал иницијатива.

Откако А1 одлучи 'они' да го бираат чудото...требаше целосно да ги снимаат истите номинирани 'чуда' и да ги постават на сајтот или пак, да ги даваа на нивниот канал. Факт е дека повекето ги немаат посетено тие места и секако не ја знаат нивната целосна убавина.

Ај за вгодина(или кога пак ке има) повеке памет.
 
Еве зошто езерото наше пенливо не е светско чудо:
- тектонско настанато езеро, како многу други езера, истечно меѓу другото како другите езера. Со вода се храни од подземни издани и неколку реки, акко и другите езера.
Но зошто е природен раритет, да видиме:
- Старо е не знам точно, 2 до 3 милиони години.
- Длабоко 300 метри, широко 14, долго 31 километар, 248 километри квадратни.
- Инзвореден биодиверзитет,околу 147 ендемични видови, на пример во него живее Охридската пастрмка, ендемичен вид, некои видови полжави, сунгери и вилински коњчина кои ги нема никаде на друго место. Охридското езеро претставува вистински споменик на природата. Во 1979 година е од УНЕСКО е прогласено за светско природно наследство.
Вонредно големото значење на Охридското езеро и неговиот жив свет се гледа и по тоа што при зоогеографско зонирање на континенталните води во светот, најголемиот по површина палеоарктичкирегион е поделен на три суб региони: Европско- централноазиски, сибирски и ОХРИДСКИ..
не е мала работа, а дечки?

хух, се измачив
 
отворив тема за ова прееска а не можев да најдам дека веќе е отворена така да или спојтеја со ова или избришетеа.
еве ја
 
Чекај малку цепидлачење :)
Узпат, Охридското езеро е второ во свет по две категории: Старост и Длабочина. Во двете категории на прво место е огромното Бајкалско Езеро.

Да беше прво, да гласав, ама вака што?!
:)
 
Еве зошто езерото наше пенливо не е светско чудо:
- тектонско настанато езеро, како многу други езера, истечно меѓу другото како другите езера. Со вода се храни од подземни издани и неколку реки, акко и другите езера.
Но зошто е природен раритет, да видиме:
- Старо е не знам точно, 2 до 3 милиони години.
- Длабоко 300 метри, широко 14, долго 31 километар, 248 километри квадратни.
- Инзвореден биодиверзитет,околу 147 ендемични видови, на пример во него живее Охридската пастрмка, ендемичен вид, некои видови полжави, сунгери и вилински коњчина кои ги нема никаде на друго место. Охридското езеро претставува вистински споменик на природата. Во 1979 година е од УНЕСКО е прогласено за светско природно наследство.
Вонредно големото значење на Охридското езеро и неговиот жив свет се гледа и по тоа што при зоогеографско зонирање на континенталните води во светот, најголемиот по површина палеоарктичкирегион е поделен на три суб региони: Европско- централноазиски, сибирски и ОХРИДСКИ..
не е мала работа, а дечки?

хух, се измачив

епа што толку си се мачел мајката :pos: ај сеа како најпаметен од сите преведи го ова на Англиски прати им еден меил на тие одговорните таму што се и нека го дисквалификуваат Охридско Езеро бидејќи не е "дораснато" да биде светско чудо :toe: може тогаш ќе ти се исполни срцето и не ќе мора по форуми да докажуваш, па може и ќе те наградат со нешто кој знае
 
Добро бе? имаш некој проблем?
јас си го пувам езерото, ти кажав некои факти што можеби никогаш не си ги чул и разбрал, кажав дека е ненормално вредно езерото, ама светско чудо не е
само природно богатство е.
аман бреее
:tapp:
 
а чекај... ти(DimceY) /некој мисли(те) дека нешто македонско ќе биде избрано како едно од 7те светски чуда?:nesvest:
џабе се замараме... можете да придонесете за државава(да не сме последни), ако сакате нормално, зш мислам дека не треба воопшто да се дискутира за или против... за вашата држава се работи, пак и јас ви докажвам... :salut:
 
Ко второ, дали знајш шо е СВЕТСКО чудо, пошо си ептен паметен!?
дали знајш да кажиш кои предиспозиции требаат за светско чудо?
а?
 
Добро бе? имаш некој проблем?
јас си го пувам езерото, ти кажав некои факти што можеби никогаш не си ги чул и разбрал, кажав дека е ненормално вредно езерото, ама светско чудо не е
само природно богатство е.
аман бреее
:tapp:

неам никаков проблем, далеку од тоа :) уживај си и продолжи да си го "пуваш" езерото само да не излезе на крај како вицот коа отишол поголемиот брат да си го брани помалото братче и коа на крај тоа му рекло целото искршено од ќотек Бато доста ме бранеше ај сеа да си идеме дома :)

а чекај... ти(DimceY) /некој мисли(те) дека нешто македонско ќе биде избрано како едно од 7те светски чуда?:nesvest:
џабе се замараме... можете да придонесете за државава(да не сме последни), ако сакате нормално, зш мислам дека не треба воопшто да се дискутира за или против... за вашата држава се работи, пак и јас ви докажвам... :salut:

Јован не е до замарањето значи штом е пријавено и примено да учествува во анкетата ВРЕДИ, далеку од тоа дека ќе го изберат. Муабетот ми беше насочен кон сите мрчатори
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom