Boris Sarafov 1901: Macedonians are separate nation

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Izvini, no jas veruvam na ona sto Sarafov go kazuval direktno na stranskite mediumi, kade sto sofiskite falsifikatori ne gi vmesale poganite turkomanski prsti.
Значи ти тврдиш дека странските медиуми кажуваат вистината,нели? А дали тие сшто не лажат нешто?

Kade gledas gore izjava na Sarafov? :tapp::tapp::tapp:
Information has reached London from SOFIA....
Znaci nekoj sofijanec taka prenel, no ne i Sarafov.

A be bugi, bugi, tolku li ste glupi? :pos2:

Jas rekov deka veruvam na ona sto licno Sarafov go dal kako negova izjava za stranskite mediumi, a sekogas jasno kazuval deka Makedoncite i toj se smetaat za posebna nacija...
Ova sto ti go prenese e rekla-kazala od Sofija.
I agent Guce od Sofija za New York Times moze da kaze deka Grujo e bugarin, ama ne e, nitu nekogas bil.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Значи по верувате на некој 3 човек а поништувате лична изјава. :pehar:
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Малце од спомените на Сарафов:
bitusanec jas kolku sto znam spomenite se avtenticni i se pisuvani od samite borci a kolektirani od miletic..
herodot milo mi e sto gi postiras spomenite ama zasto pravis selekcija?
vo paragrafot podole sarafov pisuva
"Со Китанчева велевме дека треба да покажеме знак на живот идната пролет со некакво подвижување, за да предизвикаме интервенција од големите сили, па во Македонија да се примени членот 23 од Берлинскиот договор. Китанчев се согласуваше со тоа. Низ Бугарија за тоа веќе се одржуваа и митинзи, а во Софија имаше и македонско друштво, па и другаде околу 20 друштва, Нив одеше да ги организира низ провинцијата Китанчев. Комитетот се грижеше да набавува средства, пушки, и сл.. кога ќе има потреба. Јас агитирав мегу работниците Македонци за да се подготвуваат за комити, па и меѓу офицерите, да се подготвуваат секој кој што сака"


potoa veli...

"Брат ми велеше дека пари можеле да се најдат во Белград. Го доведовме Ѓорче во Русе, го испративме во Белград, но не се собраа многу пари, слаба работа. Заедно со Ѓорче отидовме и во Букурешт, па таму ги организиравме Македонците."


zavrsuva so..

"Во Женева се сретнав со Балукчиќ; тој отиде во Минхен. Ме замоли да дојдам во Минхен, и јас отидов таму каде што се наоѓаше и семејството на Балукчиќ. Балукчиќ ми кажа дека води кореспонденција со Симиќ. Балукчиќ беше сметан како за нешто социјалист! Во потполност го одобруваше нашиот принцип: Македонија на Македонците!"
Тука за првпат се запознав со Симиќ. Со него поразговаравме најљубезно. И тој ја одобрувал паролата „Македонија на Македонците!“,

Му реков дека Цончев работи со Бугарија, а пак јас сум прогонуван од бугарската влада. „Ајде и вие Србите дадете ни малку средства на Македонците, за да можат Македонците да ги поделат своите симпатии спрема Србите и Бугарите. До сега има помагано само Бугарија и сл..“

finisira so..

наклонети се да ја поддржат автономна Македонија, „Македонија Македонцима!“. Ги натерав уште додека сум кај нив да напишат едно циркуларно упатство до своите агитатори воМакедонија. Го умножија, потпишано од Симиќ и Вуиќ. Во него пишуваше да имаат доверба во мене и моите луѓе, и да се држат настрана од луѓето на Цончев, бидејќи внатрешната организација искрено работи за идејата „Македонија на Македонците“. Се чинеше дека Симиќ делува искрено. Јас им реков да бидат уверени дека кога ќе се воспостави автономна Македонија, веднаш ќе се формира најсилна партија, која ќе биде против анексијата (со Бугарија),

Zasto od celo ova go izvadi delot kaj sto se spomenuvaat bugari?
:)
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
za kraj eve ti edno pismo od misirkov napisano za sarafov

К. Пелски : Македонски и Болгарски национали идеали



Mакедонскиот и бугарскиот национален идеал
Мошне важно прашање за сите приврзаници на автономијата на Македонија, како и за нејзините противници, се јавува прашањето: кои се и што претставуваат Македонците што се борат за независноста на Македонија? Од кои луѓе се состои лагерот на приврзаниците на автономијата? Од чие име тие го поставуваат ова прашање? Кој стои зад нивниот грб во Македонија и на Балканот? Врз што тие ја засновуваат својата борба за македонскиот национален идеал? Кои се нивните непријатели во Македонија и на Балканот и дали движењето е национално или политичко?
На ова прашање Редакцијата на „Македонски глас“; одговара кратко, со зборовите на македонскиот борец за слобода Борис Сарафов: „Ние, Македонците, не сме ниe Срби ни Бугари, туку просто Македонци. Македонскиот народ постои независно од бугарскиот и српскиот. Ние им сочувствуваме и на едните и на другите, и на Бугарите; и на Србите: кој ќе го помогне нашето ослободување нему ќе му речеме благодарам, но Бугарите и Србите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците.
Овие зборови Б. Сарафов му ги рече на еден странски дописник што го интервјуираше кон крајот на 1903 година и, велат, за таа своја македонска политика, наречена „македонски сепаратизам”, тој падна како жртва на убијците.
Личноста, дејноста и смртта на Борис Сарафов се најдобриот одговор на прашањето што нас не’ интересира: кои се и што се Македонците и што сакаат тие?
Б. Сарафов по потеклото е Македонец што целиот живот и го посвети на борбата за ослободувањето на Македонија. До почетокот и дури и во првите години од својата револуционерна дејност тој се наречуваше, се чувствуваше Бугарин, а од 1903 година тој почна да се наречува себеси и своите соплеменици просто Македонци, т.е. не ги признаваше ни за Срби ни за Бугари. Сарафов имаше многу непријатели и загина од раката на убијци во престолнината на Бугарија. Турската влада скапо ја уцени главата на Б. Сарафов, но тоа не му пречеше со своите четници вдолж и попреку да ја крстосува цела Македонија. И не во Турција и од турски куршум, туку во престолнината на Бугарија, од предавнички куршум падна тој за слободата на Македонија.
Го убија Сарафова и го заборавија, иако тој едно време се претставуваше како центар на македонското движење против Турците за ослободувањето на Македонија. Вистина, тој имаше непријатели сред раководителите на „Внатрешната македонска организација”, а да не зборуваме за Централниот македонски комитет во Софија раководен од ген. Цончев. Но Б. Сарафов беше идолот на македонскиот народ: и на селаните и на граѓаните. Тој беше претставникот на македонските идеали во странство, со каква што цел ги посетуваше европските престолнини, разговараше со претставниците на европскиот печат и дури ги посетуваше и дипломатските канцеларии. Б. Сарафов беше идеалниот борец за слободата на Македонија.
Сепак, каде е споменот за Б. Сарафов? Зошто за него не зборуваат веќе? Зошто тој толку брзо е заборавен и не се споменува сред Бугарите со чувство на признателност кон него?
Ботева Бугарите го креваат до небеси, а Б. Сарафова?
Впрочем, Сарафова треба да го крева до небеси Македонија, но каде е таа? Таа, благодарејќи на непријателите на Сарафова, е разделена на три дела и поднесува ропство неспоредливо потешко од турското ропство.
Б. Сарафов е убиен и физички и морално во престолнината на Бугарија, Софија долго време беше губилиште за идеалите и за борците за тие идеали што ги проповедаше Сарафов. Поточно, во Софија беа трпени „Сарафовците” без „сепаратизмот”, но кога кај „Сарафовците” се разбудуваше „сепаратизмот”, како оној што го гледаме кај Б. Сарафов по 1903 година, тогаш започнува развенчувањето на македонскиот херој; тој во очите и во устите на Бугарите од идеен борец се претвора во авантурист.
„Авантуризмот” на Б. Сарафов и на нему сличните и луѓе се состои во тоа што тие неотстапно стојат врз единството и неделивоста на Македонија; тие водат чисто македонска политика што никако не се совпаѓа со бугарската политика.
Единството и автономијата на Македонија - ете го , идеалот на Б. Сарафов; заграбувањето на цела Македонија од Бугарија или барем нејзината поделба помеѓу Бугарија и Србија со присоединување на поголемиот дел од Македонија кон Бугарија - ете го идеалот на бугарските националисти.
Бугарските влади една по друга во коренот ја уништуваа можноста за создавање автономна Македонија и на таков начин станаа морално одговорни за поделбата на Македонија.
Софија не можеше и не сакаше да ги разбере интересите на Македонија. Во Софија мислеа за голема Бугарија, за Санстефанска Бугарија, без оглед на тоа какви земји ќе влезат во составот на таа „Санстефанска Бугарија”. Органите на Народната партија во Бугарија „Мир,” и „Б’лгарска Сбирка” со гордост укажуваат на заслугите на кабинетот на г. Гешов што создал Гол. Бугарија во границите што ја надминуваа Санстефанска Бугарија. „Без војната со Србите и Грците, велат приврзаниците на г. Гешов, ние би го задржале сето она што го владеевме до 16 јуни 1913 година и плус она што би ни го досудил Високиот арбитар во Македонија.”
Голема Бугарија, според зборовите на бугарските народници, била на лице; а што Македонија си остануваше раздробена и во ново, полошо ропство, ним им беше сеедно. Па самите тие го склучија сојузот со Србите врз база на поделбата, правејќи ја поделбата единствена основа за решение на македонското прашање.
Уште појасно се определува егоизмот на бугарската политика спрема Македонија со цитатот во „Македонски глас” (№ 9) од софискиот весник „Балканска трибуна”: „Нашата политика не беше бугарска политика. Во неа имаше многу идеализам, но малку реализам. Нашите државници не беа државници, туку некакви си македонски авантуристи; тие беа готови за Струмица да ја жртвуваат Добруџа, за Битола - Варна. Таа антинационална и антидржавна политика не доведе до срамните Букурешки и Цариградски мир...”
И така, на „националната” политика на Бугарија за судбината на Македонија и е сеедно. Само македонските „авантуристи” можат сериозно да мислат за единството и автономијата на Македонија. Но тогаш, зошто толку непоштедно во Бугарија се водеше борбата против македонскиот „сепаратизам”? Ако Бугарите не сакале да не’ ослободуваат, ами си мислеле само за зголемување на својата територија, зошто не ни кажаа отворено: Спасувајте се како што знаете; барајте помош каде што ќе најдете, зашто ние не сакаме да ви ја дадеме; зошто Бугарите забрануваа да се зборува за одделни македонски национални интереси, различни од националните интереси на Бугарија?
Б. Сарафов за неговиот македонски патриотизам беше прогласен за авантурист, К. Мисирков за неговата книга „За македонцките работи” беше прогласен предавник,а групата на петербуршките Македонци на чело со Д. Павле-Чуповски, коишто се борат за единството и автономијата на Македонија и за националната самобитност на Македонците, беше обвинувана за подмитливост дека таа била орудие на С—Петербуршкото словенско благотворно друштво за обезбедување на српските интереси во Македонија.
Во Бугарија беше заглушено движењето во полза на единството и автономијата на Македонија, но во Русија, којашто еднакво се однесува кон сите Словени, Македонците наидуваат на полно сочувство спрема себе и спрема своите национални идеали,[9] кои по силата на природниот развиток на настаните, а исто така, очигледно, „за задоволство” на Бугарите, треба да бидат различни од националните идеали на Бугарија.
Нека си мечтае Бугарија за своето проширување. Македонците тоа не ги интересира. На Македонците им е потребно повторно обединување и независност. На Македонците им треба не голема Бугарија, туку обединета и слободна Македонија.
Ќе праша некој: на кого, на какви тоа Македонци им е потребно ослободување и обединување на Македонија? - На сите Македонци, и на оние што живеат внатре и на оние што се надвор од Македонија, зашто носителите на оваа идеја се плот од плотта на Македонија, се наоѓаат во тесна врска со македонскиот народ, со неговите традиции, потреби и идеали.
Последниве дваесет години од новата историја на Македонија дадоа редица прекрасни работници на полето на борбата за ослободувањето на Македонија. „Македонски глас” и носителите на неговите идеали се јавуваат како продолжувачи на тие борци за националниот идеал и религиозно-националната политичка слобода на Македонија. На таков начин, движењето во полза на автономијата сред Македонците има свое минато, па поради тоа и не се јавува како отстрана измислено.
Ние не можеме да плаќаме по бугарските сметки; за политиката на Стамболов страдавме ние Македонците; за политиката на г. Гешов Македонија беше раздробена на делови и потпадна под туѓо тројно ропство; за новите грешки на Бугарите нас не’ чекаат нови несреќи. Време е да го отстраниме бугарскиот параван што ни го преградува патот кон непосредното обраќање кон совеста на цивилизирана Европа за помош и соработка. Поради бугарските грешки и недостатоци не ги гледаат нашите историски заслуги и национални доблести. Време е да му се докаже на целиот свет дека во Македонија живее македонски народ, а не српски, ни бугарски, нигу пак грчки, дека овој народ си има своја историја, свои национални достоинства, свои крупни историски заслуги во културната историја на словенството.
Треба да му се отворат очите на словенскиот свет за тоа дека околу половината од спомениците на старословенскиот (старомакедонскиот) јазик на таканаречената бугарска редакција се напишани во Македонија и од Македонци и дека три четвртини од пишаните споменици на таканаречената српска редакција на старословенското (старомакедонското) писмо, пишувани во 14 век, се напишани во Македонија и исто така од Македонци. Треба громогласно да се потврди пред словенскиот свет дека непријателот на Србите, македонскиот владетел Марко Крале е воспеан од Македонците како свој национален јунак, потоа стана национален јунак на Србите и на Бугарите. А да не ни зборуваме за тоа дека во текот на 19. век Македонците водеа борба со фанариотите за словенско писмо и литургија, тие во текот на дваесет години водеа упорна борба за ослободувањето на Македонија, и притоа оваа борба Македонците ја водеа и покрај нејзиното неодобрување од Егзархијата и од бугарската влада што секогаш си ги припишуваше себеси заслугите на Македонците, а за своите дипломатски неуспеси ги обвинуваше Македонците.
Македонија е земја со древна словенска култура и никој нема да успее да ја искорени оваа древна словенска култура и на пустината да ги утврди своите интереси. Македонија ќе ги преживее сите несреќи, зашто уште не се исчезнати јунаците во Македонија. Ликовите на светите Кирил и Методија, на светите Климент и Наум Охридски на синовите на Македонија им служат како порака дека и за Македонија ќе дојде светлата иднина кога таа обединета и ослободена ќе влезе како рамноправен член во семејството на балканските народи.
К . Пелски : Македонски и Болгарски национали идеали, „Македонскиј голост? (Македонски глас)”, II, 10, 13.8.1914, 10-14.
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
156
Поени од реакции
8
Отидов право во Цариград. Пред да тргнам од Софија се јавив во нашето воено министерство, кај полковникот Ковачев:
Понеже не ми e jасно,за кое воено министерство станува збор, и зошто вели НАШЕТО-сака да каже македонското ли?
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Прочитај го писмото од Крсте Петков Мисирков и ќе видиш што вели како подоцна се освестил сарафов, а тоа е доста точно и се поклопува бидејќи во подоцнежните години зборува за Македонци(од кога се освестил)
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
bitusanec jas kolku sto znam spomenite se avtenticni i se pisuvani od samite borci a kolektirani od miletic..

:)
Jok. Miletic kazuva deka dejcite na VMRO mu gi kazuvale nivnite spomeni, a toj im gi zapisuval. Nikade ne postoi direkten zapis od makedonski deec, pa Miletic samo da go objavi. Rabotata na Miletic bila, mizi asan da ti baam, kako site Makedonci, bugari da gi praam. Nema nisto izvorno, tuku onaka kako sto Miletic napisal.
Kako mu gi preraskazuvale spomenite, imal diktafon Miletic?
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
156
Поени од реакции
8
Интересно мнение искажува костурскиот владика Германос Каравангелис во неговите спомени:

18. И откако Бугарското востание заврши така неславно и на вид беше една единствена шанса за Грција да ги удри темелите на една нова национална активност во Македонија и да го добие тоа што со години го имаше оставено да со изгуби, индиферентноста, колебањето и одлагањата на Грчката влада, ја остави да помине неискористена и оваа големв шанса. Така Бугарскиот комитот најде погодно време да се преуреди повторно да започне со уште поинтензивна од било кога уништувачка за грцизмот своја активност.



Бугарскиот комитет беше разделен на два дела, на Централисти на чело со Сарафов, чијашто цел беше обединувањето на Макодонија со Бугарија, и на Врховисти под водство на Михајловски и на полковникот Јанков од Загоричани, кои бара автономија на Македонија како прв чекор кон обединување, т.е. како што стана со источна Румелија. Од двајцата водачи, Сарафов ги имаше посетено скоро сите престолнини на Европа, држеше говори во полза на Бугарскиот комитст и поткупил еден голем дел од европското новинарство. А во самиот Лондон го основа Балканскиот комитет, кој бешо чисто бугарски. Толку многу се изјасни отворено на страната на бугарските стремежи. Со овој Балкански комитет раководеле браќата Баксон, а нивни загреани подржувачи беа еден Брајлфорд, еден Рајс и дописникот на „Тајмс” Бауцер. Балканскиот комитет испраќаше заради охрабрување и поткрепа на Бугарите во разни места низ Македонија, негови претставници Англичани и беше со нив во постојана врска преку локалните англиски конзули, кој благодарение на неговото големо влијание над Англиската влада, успеа да назначува секогаш бугарофили. Така и сега, веднаш по Бугарското востание испратил во Костур една комисија составена од мажи и жени, меѓу кои се истакнуваше Miss Thomson, да подели облека и пари на напатените Бугари и да ги охрабри во нивните борби. Членовите на комисијата се сместија во една грчка куќа и така јас успеав да ги следам сите нивни дејствија. Дознавав, на пример, деко преку ноќите и мажите и Томсон имаа интервјуа со бугарските војводи и ги охрабруваа, им даваа упатства и совети, а тоа значи дека биле многу опасни за грчките интереси.
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
156
Поени од реакции
8
Сарафов гостува на Каравангелис: Еден ден дојдоа и ме посетија двајца Англичани придружувани од еден непознат, кого ми го претставија наводно за Англичанец. Во нашиот разговор, каде што јас им раскажував за маките што ги трпат Грците од Бугарите, непознатиот зеде живо учество, отфрлувајќи ги моите аргументи и изразувајќи топли чувства за Бугарите. Кога заминаа од Митрополијата, дојде некој роднина на домаќинката на Англичаните и изрази сомнение дека непознатиот не бил Бугарин, затоа што зборуваше совршено бугарски со бутарските посетители кај Аигличаните. И додаде дека смета оти тој бил или некој војвода на бугарските комитаџии или самиот Сарафов. Тогаш му покажав разни фотографии на бугарски војводи и меѓу нив фотографијата на Сарафов, и најде полно совпаѓање меѓу фотографијата на Сарафов и на непознатиот што ме посетил. Истото го мислев и јас. Тогаш отидов веднаш кај кајмакамот, го известив за оваа историја и му препорачав веднаш да го уапси непознатиот. Тој ми одговори: „И да го фатиме Сарафов, тие имаат илјада Сарафови да постават на неговото место”. Сфатив дека се плаши од Англичаните и не сакаше да преземе никакво дејствие. И така Сарафов си замина необеспокоен од Костур во непознат правец. Човекот што го изрази ова сомнение за Сарафов се вика Теодорос Папаманѕарис.
 
E

emission

Гостин
Интересно мнение искажува костурскиот владика Германос Каравангелис во неговите спомени:



Бугарскиот комитет беше разделен на два дела, на Централисти на чело со Сарафов, чијашто цел беше обединувањето на Макодонија со Бугарија, и на Врховисти под водство на Михајловски и на полковникот Јанков од Загоричани, кои бара автономија на Македонија како прв чекор кон обединување, т.е. како што стана со источна Румелија.

Епа по затемнетите делови од текстот треба да ти стане јасно дека тој владика лаже. Двата комитети биле за независна Македонија освен кога подоцна доаѓа копилето Михајлов.

Значи обична пропагандна изјава која со ништо не го разкриа делото на Сарафов и не придонесува кон темата.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Епа по затемнетите делови од текстот треба да ти стане јасно дека тој владика лаже. Двата комитети биле за независна Македонија освен кога подоцна доаѓа копилето Михајлов.

Значи обична пропагандна изјава која со ништо не го разкриа делото на Сарафов и не придонесува кон темата.
Копилето Ванчо Михајлов не доаѓа, туку е доведено (и подоцна одведено).
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
54
Поени од реакции
2
Еве што пишува Сарафов во спомените си:
"...Истовремено еден руски полковник, некојси Бешков, обиколуваше низ Македонија, и се искажуваше многу неповолно за нас Бугарите во Македонија, правејќи не Срби, што не се достојни за слобода и сл.. По тој повод му напишав едно писмо до гроф Игнатиев, со кого се имав запознаено во Петербург. Му се оплакав на руските конзули, што отворено и даваат поддршка на српската пропаганда во Македонија..."
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
You know very well: Macedonia is considered as their own by the Bulgarians, the Serbians, the Greeks. For it Bulgaria, Serbia, Greece, Montenegro sharp their teeth. They all say: it is mine. Is not that the best proof that it is – nobody’s? Macedonia should belong to itself, and finally if we liberate it, we will not liberate it for the neighbors, but for itself,…
Interview with Boris Sarafov, 1902 in Sofia, interviewed by Alexander Valentinovich Amfiteatrov, stated in his book Земја на раздорот [Country of the discord (disunion)], Skopje: Makedonska kniga, 1990.


Boris Sarafov, The Macedonian Agitation, The Times, 1901




“It is a grievous error to suppose that we seek to acquire Macedonia on behalf of Bulgaria. We Macedonians consider ourselves to be an entirely separate national element, and we are not in the least disposed to allow our country to be seized by Bulgaria, Servia, or Greece. We will, in fact, oppose any such incorporation with all our might. Macedonia must belong to the Macedonians. The misunderstanding has arisen through our residing in Bulgaria. The circumstance of our having prepared a Macedonian insurrection while living in this country led to the conclusion that we were aiming at a union between the two Slav provinces. That is, however, perfectly absurd. If we were to be expelled from Bulgaria and were to settle in Switzerland nobody would suppose that we intended to liberate Macedonia on behalf of Switzerland; we merely go where we find the most favourable opportunities for our revolutionary work.”

Taken from The Times, London, April 12, 1901, pp. 3-4.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
From our corresponent in SOFIA

:tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom