Радувај се, ама немој многу, не чини

Член од
4 август 2008
Мислења
48
Поени од реакции
0
Радувај се ама немој многу не чини.. Многу пати ми го кажале истово.. но зошто не чини, одговор на тоа секогаш е.. епа не чини ќе го изгубиш ако му се радуваш премногу.. Дали вие имате слушнато за ова? Дали ви се има случено некогаш на нешто да се радувате премногу и да го загубите, баш поради тоа што сте му се радувале?
Ве молам со конкретни и детални одговори..
Повелете
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Ова ти е прво мислење? хм,интересно.......
Не ја разбирам баш поговоркава,,но како и да е мислам дека тоа нема врска..Јас всушност ја знам поинаку..демек многу смеа не е на добро,,ако мислиш на тоа..а тоа го сфаќам баш така буквално...И не мислам дека е можно да изгубиме нешто само затоа што многу сме му се радувале..тоа е апсурд:pipi:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас мислам дека превремено радување не чини.

Иако ја имам чуено поговоркава и некогаш ме замислува,ама со оглед на тоа што животот е шарен,па имаш радости,па таги,така што гледам колку е можно повеќе да се радувам,кога и онака и вака ќе тажам после тоа,па пак ќе се радувам итн.

На пример,имам едно суеверие,за ниеден мој план или очекување да не коментирам премногу или да го споделувам со другите додека не се оствари,зашто мислам дека ако премногу споделувам со другите и зборам за тоа што го сакам - нема да се оствари.
 
С

Сатори

Гостин
Радувај се ама немој многу не чини.. Многу пати ми го кажале истово.. но зошто не чини, одговор на тоа секогаш е.. епа не чини ќе го изгубиш ако му се радуваш премногу.. Дали вие имате слушнато за ова? Дали ви се има случено некогаш на нешто да се радувате премногу и да го загубите, баш поради тоа што сте му се радувале?
Ве молам со конкретни и детални одговори..
Повелете
Ја имам слушнато поговорката и ми има влеано страв на моменти.
Само што јас, страшно многу и се радував на љубовта која што наеднаш и комплетно непланирано ја стекнав, што нормално, ми беше страв да не ја изгубам.
Но еве, после време, он и љубовта се сеуште тука, и изгледа, или не сум се радувала премногу или сум го разбила баксузот.:smir:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Јас мислам дека превремено радување не чини.
Сејм хијр.

Одбегнувам премногу да се радувам за нешто за кое што сум во исчекување да се случи, зашто во неколку случаи кога радоста и сите убави чувства надвладеале во мене и не сум се запрашала “Што ако не е така...?“, сум испаѓала будала и повредена во ситуацијата зашто безрезерво сум се радувала.
Затоа пробувам да се контролирам и не дозволувам нешто лесно да ме крене во облаци... ил барем се трудам да не го покажам тоа.:toe:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
На пример,имам едно суеверие,за ниеден мој план или очекување да не коментирам премногу или да го споделувам со другите додека не се оствари,зашто мислам дека ако премногу споделувам со другите и зборам за тоа што го сакам - нема да се оствари.
Истово мислење го имам и јас и ако ми е нешто навистина многу важно не го споделувам со други зашто не само што мислам туку знам дека нема да ми се оствари ако им кажам...

А на темава- јас не сум ја слушнала поговоркава а и не ми се ни свиѓа... добро нешто слична ми е со таа- Смеењево не е на арно- и тоа во моментите кога ми паѓа на памет се трудам да го игнорирам затоа што и тоа не ми се свиѓа...

А наспроти ова пак ја обожавам реченицата- немој многу да тагуваш затоашто злото привлекува поголемо зло... :) ... е ова веќе го сакам и применувам...
 
Член од
13 август 2007
Мислења
672
Поени од реакции
19
А БЕ НОГУ АРНО НЕ Е НА АРНО!
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.497
Поени од реакции
1.704
абе радувај се и ич не му ја мисли. ако има да биде нешто, ќе биде.
ако ја следиш таа поговорка кажана од старите, излегува дека треба се да бидеш мрачен, сериозен и крајно ненасмеан.
живејте си животот и радувајте се.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Да мислам дека ја има слушнато и мислам дека нејзиното значење е исто и како и следнава:оној кој еднаш бил среќен,после тоа е дупло понесреќен.А не знам не сум размислувала дали е така,ама и кога ќе видиш и така е..Затоа што се што е слатко и убаво трае кратко,среќата(задоволството) е минлива работа а кога ќе не одмини потешко ни е,и полесно би се соочиле со нештото кое не сме го имале воопшто,отколку кога ќе го загубиме...
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Ех, радост е радост!
Не смееме да ја ограничуваме, да се стегаме и да мислиме како ја доживуваме!
Ако се ограничуваме, блокадата ке не акне во губење на радоста:toe:
 
V

[vladimir]

Гостин
Се радувам кога имам зошто и во тој момент не ми доаѓаат на памет поговорки, незнам зошто не би чинело нешто или некое чувство што ме прави среќен.Не сум суеверен и не верувам во такви ствари она што е мое кога тогаш ќе дојде
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Поарно многу радување отколку ич
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Не нема врска секогаш кога сум се радувал тоа што сум го имал не сум го изгубил. Можеби се случило еднаш или два пати ама верувајте ми нема врска од преголема радост дека е или слично. Ако идеме по тоа мислење тоа значи дека не треба да се радуваме цел живот.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Не ги сакам ваквите изреки. Тамам ќе си се радуваш за нешто и оп некој ќе те пресече. Глупости. Измислено демек за да се заштитиш. Такво сецнување и неослободување повеќе не ми чини, се радувам ако ми се радува, тоа ме прави позитивна и поангажирана да си направам да се радувам уште повеќе.
 

bella

*HOT*
Член од
8 јуни 2008
Мислења
407
Поени од реакции
27
Радувај се ама немој многу не чини.. Многу пати ми го кажале истово.. но зошто не чини, одговор на тоа секогаш е.. епа не чини ќе го изгубиш ако му се радуваш премногу.. Дали вие имате слушнато за ова? Дали ви се има случено некогаш на нешто да се радувате премногу и да го загубите, баш поради тоа што сте му се радувале?
Ве молам со конкретни и детални одговори..
Повелете
Па,ова е слично како на пр-,,НЕ СЛАВИ ПРЕДВРЕМЕ ПОБЕДА,,дека нишо не се знае на крај шо ке испадне,и во потполност се сложувам со оваа мисла твоја!Сепак,нели КРАЈОТ ДЕЛОТО ГО КРАСИ или ГНАСИ!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom