На Марс сепак имало вода

  • Креатор на темата Креатор на темата GrouchoMarx
  • Време на започнување Време на започнување
Да, се претпоставува дека порано Марс била потопла планета и дека имало живот (бактерии и сл.), но уште нема пронајдено цврсти докази.
 
Ако има вода и топлина има и живот се разбира на некој паразити бактерии и едноклеточни суштества, но доколку станува збор за вода која е ладни и полузамрзната, нема шанси ништо да се формира

а пак замрзната вода не е ништо чудни во нашиот сончев систем, па на уран има природен сателит кој е само од замрзната вода и на скоро сите природни сателити има знаци на вода, но замрзната, дури има и амонијак на неколку
 
а пак замрзната вода не е ништо чудни во нашиот сончев систем, па на уран има природен сателит кој е само од замрзната вода

Да те поправам, тој е сателит на Јупитер и се вика Европа.:smir:
 
Да те поправам, тој е сателит на Јупитер и се вика Европа.:smir:

нема враска овој со Евроапа, Европа ти е сателит кој што има океан, има дијаметар од околу 3000 км откриен е од Галилео, и не е целиот од вода, има и тврда површина ама го има најголемиот океан, и затоа се мисли дека има поволни услови за живот само ако се наоѓаше во земјениот вид на планети, а јас зборувам за сателит кој е целиот од вода, не сум сигурен како се викаше мислам дека беше на Уран, а на Уран најголем сателит е Миранда, па можеби и за тој сателит станува збор, ако грешам нека ме поправи некој
 
Ваљда за Титан или Оберон збориш, они се сателити со најголема количина на вода во сончевиот систем.
 
Еве нешто за Европа:

Evropa_front_back.jpg

Мазната површина на Европа е препокриена со илјадници линии и траги, кои може да достигнат должини и од илјадници километри.

Evropa_interior.jpg

Неколку претпоставки за тоа што би можело да се крие под површината на Европа: замрзнат океан или големо пространство на течна вода.

Европа - еден чуден свет

Основни карактеристики на Европа
дијаметар
3138 km[FONT=Sans_K]
просечна оддалеченост од Јупитер
670 900[FONT=Sans_K] km[FONT=Sans_K][/FONT][/FONT]
сидеричка година
3,55[FONT=Sans_K] дена[/FONT]
средна густина
2, 97g/cm3[FONT=Sans_K][/FONT]
ексцентричност на орбитата
0,009
агол на орбита
0,47°
маса
4,28[FONT=Sans_K] x[FONT=Sans_K] [/FONT]1022 kg[FONT=Sans_K][/FONT][/FONT]
[/FONT]

Европа е единствениот сателит на Јупитер кој ги остави во заблуда научниците подолго време. Со својата блескава портокалова боја тој е најмал од сите четири Галилееви сателити, но не и наједноставен. Неговата површина има многу чуден изглед, кој е единствен во Сончевиот систем. Наликува на портокалова топка за билијард, покриена со лавиринт од линии и траги, кои потсетуваат на Марсовските канали. Должината на некои од нив изнесува илјадници километри, а ширината од 20 до 40 километри. Сателитот има ледена кора со дебелина од 75 до 100 километри, а линиите и трагите укажуваат на постоење на различни притисоци под површината. Тоа може лесно да се разбере, ако се земе во предвид близината на Јупитер и плиматските сили, кои допринесуваат за врелата внатрешност на Европа.

Извор
 
значи информациите, за Европа до некаде ми беа точни, а ете гледаме дека скоро сите планети и сателити имаат вода, работата е каде има течна вода, за таква вода зборуваме, и не само течна туку и вода која што ќе е топла па така се создаде најверојатно и животот во земјата со таа топла вода и спојување на клетки, само прашањето на научниците е како се создале тие клетки, е сега ако има живот на марс значи дека се поназад од нас многу милиони години
 
работата е каде има течна вода, за таква вода зборуваме, и не само течна туку и вода која што ќе е топла па така се создаде најверојатно и животот во земјата со таа топла вода и спојување на клетки, само прашањето на научниците е како се создале тие клетки,

Течната вода е доволно топла за развивање живот....инаку постои вода на Марс, ама е во тврда агрегатна состојба.....постои вода и на Енцелад, сателитот на Сатурн, ама и таму е замрзната...
 
Течната вода е доволно топла за развивање живот....инаку постои вода на Марс, ама е во тврда агрегатна состојба.....постои вода и на Енцелад, сателитот на Сатурн, ама и таму е замрзната...

е токму и јас за тоа зборувам и горе напишав дека не само на овие сателити има уште на многу сателити вода ама секаде е замрзната тоа е проблемот,

па ако има доволно сончеви зраци за да ја стоплат водата во течна агрегатна состојба тогаш ќе се создадаат и клетки, па едноклеточни организми......
 
па ако има доволно сончеви зраци за да ја стоплат водата во течна агрегатна состојба тогаш ќе се создадаат и клетки, па едноклеточни организми......
Е па тоа е главниот проблем-недостаток на топлина. Сонцето е многу далеку за да таму има потребна температура за живот.:smir:
 
Ако на Марс имало вода тогаш би требало да има и алги.Ако имало алги тие произведуваат кислород тогаш би требало да има и кислород.Ако имало кислород би требало да има и жив свет а и атмосфера.Што значи дека порано на Марс можеби имало и живот.
 
ај за неколку децении ке одиме на одмор на марс цим насле вода :helou::helou:
 
Ако на Марс имало вода тогаш би требало да има и алги.Ако имало алги тие произведуваат кислород тогаш би требало да има и кислород.Ако имало кислород би требало да има и жив свет а и атмосфера.Што значи дека порано на Марс можеби имало и живот.

Порано да, можеби имало живот, ништо чудно, но засега не се пронајдени докази за тоа.
 
Порано да, можеби имало живот, ништо чудно, но засега не се пронајдени докази за тоа.
Moжеби се бара на погрешно место?А да има доказ дека порано на марс имало каков таков живот.Метеорите од марс.
 
На Марс има хлор?
За да знаеме и дали водата е бактериолошки испитина и исхлорирана, за понатамошна употреба у домаќинството. Можда за некоја година и ќе ги пуниме океаниве со водата од Марс, шознаеш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom