[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]УСВОЕНИ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]И жените во пензија на 64 години[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Според Законот за пензиско и инвалидско осигурување, жените можат да се пензионираат на 62 години, но никој не може да ги натера со сила зашто, пак, според Законот за работните односи, договорот за вработување им се прекинува кога ќе наполнат 64 г[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]И жените ќе можат да се пензионираат на иста возраст како и мажите. Наместо на 62 години, работниот век на жените може да заврши на 64 години. Оваа новина стартува за осум дена, откако во "Службен весник" ќе бидат објавени новите измени на Законот за работните односи кои во четвртокот поминаа на Собрание.
"Член 104 се менува и гласи: 'Работодавецот го прекинува договорот за вработување на работникот кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж", објаснува Стојан Трајанов, државен советник во Министерството за труд и социјална политика. "Тоа е измена која мораше да уследи откако Уставниот суд претходно го укина став 1 на овој член и ја изедначи возраста за мажите и за жените", вели Трајанов.
Двата закона кои го регулираат работниот век и заминувањето во пензија, сега даваат различна возраст кога жените треба да се пензионираат.
"Ако жената сака да оди во пензија на 62 години, тогаш нема никаков проблем. Тоа е регулирано со Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Но никој не може да ја натера со сила да се пензионира зашто, според Законот за работните односи, може да работи и до 64 години", објаснуваат во Министерството за труд и социјална политика.
Со новите измени на Законот за работните односи се укинува работничката книшка и се воведува можност за електронско пријавување и одјавување на работниците во Агенцијата за вработување и во фондовите за пензиско и за здравствено осигурување.
Со одлука на Уставниот суд, наместо 70%, работниците што биле избркани од работа, па повторно вратени со одлука на суд, добиваат целосна плата и придонеси за изминатиот период. [/FONT]