Дали религијата ги лаже луѓето?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ag0rA
  • Време на започнување Време на започнување

Дали религијата ги лаже луѓето? ( причитајго првиот пост пред да гласаш )

  • Вкупно гласачи
    88
Теоријата според која се` што постои, мора да има свој создавател, не дава одговор на прашањето:
Ако се` има свој создавател, тогаш и создавателот спаѓа во тоа „се`“, како тој настанал?

Одговорот на тоа прашање ти е веќе даден. Да не се повторуваме.
 
Следејќи го советот на еден свештеник, семејство од Висконсин живеело цели два месеци со мртвото тело на 90 годишна баба, оставено на веце шолја. Религиозниот мудрец ги убедил дека само така можат да ја вратат во живот!
C64DC7B4F30FDE42BE7764757789A451.jpg

15-годишно девојче и 12-годишно момче плачеле хистерично кога полицијата дошла во нивниот дом, барајќи ја Магделин Алвина Мидлсворт. Случајот го пријавила сестрата на починатата, која била загрижена од фактот што веќе подолго време немала никаков контакт со својата сестра.

Според полицискиот извештај, мајката на децата Теми Луис, најнапред одбила да ја прими полицијата во домот, лажејќи дека старата Мидлсворт е на одмор. Но, откако конечно попуштила пред убедувањето, миризбата од мирисливите стапчиња и расфрланите религиозни материјали го разбудиле сомнежот кај полицијата.

При влезот во тоалетот, почувствувале силна реа а потоа и забележале нешто чудно на веце шолјата. Луис им признала дека тоа е телото на бабата, која ќе оживее доколку се молат доволно силно за неа. Одбила да дава дополнителни изјави, пред да се консултира со “бискупот”, Џон Питер Бушеј.

Мајката и свештеникот се уапсени и обвинети за психичко малтретирање на деца. Момчето и рекло на полицијата дека постојано бегало од дома, бидејќи не можело да ја издржи ситуацијата. Бушеј го убедувал дека ѓаволите се обидуваат да направат да изгледа дека бабата нема да оживее.
Шознам?Ги лаже ли?Одлучете сами.
 
Ова е смешно, зашто постојано барате влакно во јајцето?:uvo:
Па нели го најдовте.
 
Би кажала дека луѓето што се во религиите како поповите и сл.дека тие ги лажат луѓето.Додека религијата напротив ги учи на добри работи..На пример во секоја религија се проповеда да се прават добри нешта да не се убива и.т.н....односно не учат едноставно да го направиме светот подобро место да живеење....
 
Па кој го осмислил сето ова е ѕвер, успеал да ги направи идиоти скоро цел свет, со теорија дека некоја виша сила не создала, дека треба дел од животот да и посветиме за возврат за тоа што не пратила на земјава да се водиме по некои си непишани правила модуси за да се вратиме пак од таму од каде што сме дошле и да уживаме во благодетите на другиот живот, демек како награда за посветеноста кон самата религија и што ја знам уште не, абе глупости! Па сите религии се водат по оваа работа...уште од дамнина му текнало на некој дај бе ќе им мачкаме очи на луѓево и ќе им свртиме филм, надополнет со громови, невремиња, жртви и слично, а во тоа време се знае шо како било па ете со текот на времето се зацврстила таа теорија како можна, реална и вистината и ајде сега светов е разделен на 3,4 религии и подрелигии што си идат со овие големиве со прилично исти цели, теории, приказни и така натака... не да ги лаже него ги праи пемпере ама ае луѓево такви се бар во нешто да се веруе и да се чекаат чуда, како не бе!
 
Како може да нелаже...?Сега Бенедих 16 ке додава божји заповеди(првите 10 ги создал господ), и лугето за 500 год. ке ги лажат дека господ рекол да не се дрогираат, или да не абортираат и слично...СЕТО ОВА Е ЛАГА, И АКО БЕВТЕ СИТЕ ТОЛКАВИ ВЕРНИЦИ КЕ ЈА ПОЧИТУВАВТЕ ПРВАТА БОЖЈА ЗАПОВЕД...-НЕ ГО СПОМНУВАЈ ИМЕТО БОЖЈО ВО СЕКОЈДНЕВИЕТО!
 
Одговорот на тоа прашање ти е веќе даден. Да не се повторуваме.
Oдговорот на тоа прашање, и воведувањето на тоа дека господ создач се` што постои, сеуште, не го дава одговорот како од ништо, буквално ништо ( ни вакуум, ни енергија, ни маса, ни простор ), настанало нешто.
 
стварно ти е copyright?? хехе...

сеа зависи за која религија станува збор.. но повеќето религии како што се будизам, саид баба, конфучиеизам и сл пропагираат вистинити но сепак поучни работи за животот и добрите нешта... додека христијанството е чиста лажа.

Саи Баба ја кажувал вистината? Ај биди троа посериозен. За православието, Саи Баба и таквите како него, се тешки лажговци и слуги сатанини. Саи Баба е еден од лажните христоси, кои Единствениот и оригиналниот Христос ни ги најави уште пред 2000 г, велејќи „:.многумина ќе зборуваат во Мое име...чуда ќе прават во пустина и во затворена соба...ѕвезди од небото ќе симнуваат..за да ги ИЗЛАЖАТ, ако можат и избраните...„.
Будизмот и конфучианизмот се повеќе философски видувања на работите отколку релизигозни и во принцип не се злонамерни.
 
Би кажала дека луѓето што се во религиите како поповите и сл.дека тие ги лажат луѓето.Додека религијата напротив ги учи на добри работи..На пример во секоја религија се проповеда да се прават добри нешта да не се убива и.т.н....односно не учат едноставно да го направиме светот подобро место да живеење....

Велиш, религијата е О.К. ама поповите лажат? Генијално, признавам. А КОЕ учење го проповедаат поповите? Вадат финти од рбетниот мозок и ги лажат луѓето? Која е рзликата од она кое е православно учење од Црквата од она кое поповите го проповедаат? Ај изрази се малку подетално па да видиме „што е што„.
 
Како може да нелаже...?Сега Бенедих 16 ке додава божји заповеди(првите 10 ги создал господ), и лугето за 500 год. ке ги лажат дека господ рекол да не се дрогираат, или да не абортираат и слично...СЕТО ОВА Е ЛАГА, И АКО БЕВТЕ СИТЕ ТОЛКАВИ ВЕРНИЦИ КЕ ЈА ПОЧИТУВАВТЕ ПРВАТА БОЖЈА ЗАПОВЕД...-НЕ ГО СПОМНУВАЈ ИМЕТО БОЖЈО ВО СЕКОЈДНЕВИЕТО!

Ова-болтуваното е првата Божја заповед?
 
Религијата како религија ја почитувам и според мене не мислам дека ги лаже луѓето.А оние кои ја проповедаат тоа е друга приказна.Сметам дека тоа е вербата која не одржува за подобро утре сакале ние да признаеме или не.Ама ова е само мое мислење.
 
Не, луѓето ја залажуваат религијата!
 
Религијата им помага на слабите луѓе кои преживуваат тешки времиња па да имаат верба во нешто односно да не се предаваат така лесно! Барем јас така ја сваќам. Не велам дека не е лоша религијата. Таа не учи на добро однесување и меѓусебно сваќање но сепак не можам да се помирам со фактот дека се верува во некој старец со бела брада кој бдее над нас. Некогаш луѓето и претеруваат со цел да ја скријат својата тага и очај. Свеж пример е смртта на Тоше. Цитирам: „Тоше е ангел и сега тој бдее над нас, утешувајќи не да не тагуваме по него“ Па дајте ве молам!

Претходно Мики кажа дека поповите ја проповедаат религијата. Па како да очекуваме некој педофил да ни кажува за морално и етично однесување? Не генерализирам ама стварно има педофили.
 
Старец со бела брада....да не збориме за Дедо Мраз...?!?!
Сериозно....верата не само за слабите луѓе..Бог не се бара само кога ти е тешко..верникот го бара Бог и кога патот му е израмнет. Очајот и тагата напротив те спречуваат да го видиш Бог...заслепен си ако им се препуштиш...Религијата не ги лаже луѓето..луѓето се лажат себе си убедувајќи се дека владеат со ситуацијата.
Што се однесува до поповите..премногу ги генерализираш работите...има зли луѓе насекаде.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom