Следејќи го советот на еден свештеник, семејство од Висконсин живеело цели два месеци со мртвото тело на 90 годишна баба, оставено на веце шолја. Религиозниот мудрец ги убедил дека само така можат да ја вратат во живот!
15-годишно девојче и 12-годишно момче плачеле хистерично кога полицијата дошла во нивниот дом, барајќи ја Магделин Алвина Мидлсворт. Случајот го пријавила сестрата на починатата, која била загрижена од фактот што веќе подолго време немала никаков контакт со својата сестра.
Според полицискиот извештај, мајката на децата Теми Луис, најнапред одбила да ја прими полицијата во домот, лажејќи дека старата Мидлсворт е на одмор. Но, откако конечно попуштила пред убедувањето, миризбата од мирисливите стапчиња и расфрланите религиозни материјали го разбудиле сомнежот кај полицијата.
При влезот во тоалетот, почувствувале силна реа а потоа и забележале нешто чудно на веце шолјата. Луис им признала дека тоа е телото на бабата, која ќе оживее доколку се молат доволно силно за неа. Одбила да дава дополнителни изјави, пред да се консултира со “бискупот”, Џон Питер Бушеј.
Мајката и свештеникот се уапсени и обвинети за психичко малтретирање на деца. Момчето и рекло на полицијата дека постојано бегало од дома, бидејќи не можело да ја издржи ситуацијата. Бушеј го убедувал дека ѓаволите се обидуваат да направат да изгледа дека бабата нема да оживее.
Шознам?Ги лаже ли?Одлучете сами.