Дали религијата ги лаже луѓето?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ag0rA
  • Време на започнување Време на започнување

Дали религијата ги лаже луѓето? ( причитајго првиот пост пред да гласаш )

  • Вкупно гласачи
    88

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Дали религијата ( или оние кои ја проповедаат ) ги лаже луѓето, или барем еднаш ги има излажано?

Јас мислам дека одговорот на ова прашање е „да“.
Зошто?
Да почнеме од тоа дека дел од она во што веруваат верниците дека е вистина, во реалниот свет е невистина, т.е. лага.
Она што за верниците е вистина, за оние кои не се верници, е лага.
Од тоа што никој не се родил како верник, следи дека нему ( т.е. на сите верници ), пред да почнат да веруваат, им се кажувани лаги.
Ова се прави многу вешто ( дел од тоа е и она што на луѓето кои сеуште неможат да увидат дека тоа што им го кажуваат не е вистина, а тоа е во првите години од нивниот живот ), па така ако успеат да ги убедат дека нивните лаги се вистинити, успеваат да ги убедат и во тоа дека нивните лаги не се лаги, и ако присилно ( директно или индиректно ) успеат да ги убедат дека нивните невистини се вистини, успеваат и да ги убедат дела тие не ги убедиле присилно...
( copyright Ag0rA 2007)

Се надевам дека бев јасен.
Се трудев да бидам што е можно пократок, но ако станам уште пократок од ова, ќе станам и уште понејасен...
Ако не бев доволно јасен, поставите прашања, а ако не се согласувате со ова, кажете каде не се согласувате, и зошто ( ако успеете да докажете дека сте во право, а јас не, ќе го прифатам вашето мислење за точно )
 
Извини за оффтпопик али :

( copyright Ag0rA 2007)

:pos2: + ова оддамна ти р правено или ја згреши датата

Инаку , за религијата дали лаже , па да .. али и го поштувам ширењето на морални и етички идеи помеѓу луѓето
 
Ја згрешив годината...
2008 требаше да стои....
 
Немојте така груб збор (лаже) да употребувате.......може...заобиколување на вистината
 
Ја згрешив годината...
2008 требаше да стои....

Значи и ти не лажеш :raz:

и, btw, зашо баш морам да го читам твојот пост за да гласам на анкетата која е прашање:raz: :tapp:
 
Вака сега очигледно дека не сакаш разубедување току дискусија.
Ајде да почнеме вака, ако ние во тоа што веруваме не постои во реалниот свет да се запрашаме што е за вас реалниот свет како тој настанал?
Ако се водите според еволуцијата на Дарвин т.е. неговата ТЕОРИЈА( значи дека нема цврсти докази што вие толку ги барате) тогашвие верувате дека човекот настанал на толку неверојатен начин, бидејки веројатноста да се случи такво нешто е како на пример торнадо да помине низ крш од старо железо и да направи мерцедес од тоа железо.
Истото важи и за уноверзумот, многу светски научници ја приваќаат веројатноста дека нешто го создал универзумот бидејќи и мала одстапка да имало во поставеноста на атомите во него тој ќе бил потполно безживотен т.е. дакво нешто случајно не може да се случи.
малку од малку прочитајте нешто а посебно еволуција на видовите од Дарвин а не само да нафрлате нешто за кое и самите не сте сигурни.
 
темава ќе е, атеистите гласаат ДА, верниците глазаат НЕ
 
темава ќе е, атеистите гласаат ДА, верниците глазаат НЕ

на неточно поставено прашање...„прочитајго“??? овој е зрел за Далида терапија :)

Онтопик: Црквата и фискал-поповите ги лажат луѓето, религијата јок.

...туку ај да си гласам јас...итака гопрочитав првиотпост :)
 
не фала нејќам од далида терапија, доста ми е од душица
 
стварно ти е copyright?? хехе...

сеа зависи за која религија станува збор.. но повеќето религии како што се будизам, саид баба, конфучиеизам и сл пропагираат вистинити но сепак поучни работи за животот и добрите нешта... додека христијанството е чиста лажа.
 
Nema nekoj sto ne ne laze nas lugjeto, taka da i religijata laze vo pogolemiot del...
 
Значи и ти не лажеш :raz:

и, btw, зашо баш морам да го читам твојот пост за да гласам на анкетата која е прашање:raz: :tapp:
Не лажам, туку само направив грешка и малку се пошегував во тој дел.

Зошто?
За да ти биде појасно....
п.с. не мораш, тоа е само препорачливо
Вака сега очигледно дека не сакаш разубедување току дискусија.
Ајде да почнеме вака, ако ние во тоа што веруваме не постои во реалниот свет да се запрашаме што е за вас реалниот свет како тој настанал?
Ако се водите според еволуцијата на Дарвин т.е. неговата ТЕОРИЈА( значи дека нема цврсти докази што вие толку ги барате) тогашвие верувате дека човекот настанал на толку неверојатен начин, бидејки веројатноста да се случи такво нешто е како на пример торнадо да помине низ крш од старо железо и да направи мерцедес од тоа железо.
Истото важи и за уноверзумот, многу светски научници ја приваќаат веројатноста дека нешто го создал универзумот бидејќи и мала одстапка да имало во поставеноста на атомите во него тој ќе бил потполно безживотен т.е. дакво нешто случајно не може да се случи.
малку од малку прочитајте нешто а посебно еволуција на видовите од Дарвин а не само да нафрлате нешто за кое и самите не сте сигурни.
Зошто мора да ја знаеш целата вистина, за да знаеш што е лага?
Што е реалниот свет?
Ќе се обидам да дефинирам нешто што е поим...
Реалниот свет, според мене, е се она околу нас, за кое што постојат, и можат да постојат докази дека тоа навистина постои, а не да постои само во главите на оние кои што тоа го измислиле...
А како настанал?
Одговорот на тоа прашање, никој го нема одговорено.
Теоријата дека се настанало случајно, е делумно точна, дава некаков одговор, но не е прифатена од многу луѓе, поради што тие мислат дека шансите за да се случило тоа, се многу мали.
Теоријата според која се` што постои, мора да има свој создавател, не дава одговор на прашањето:
Ако се` има свој создавател, тогаш и создавателот спаѓа во тоа „се`“, како тој настанал?
Затоа, и заради ова:
-Шансите да се случи тоа се многу големи, ако се земе во предвид тоа дека овој универзум има бесконечни димензии, т.е. бесконечно голем, и бесконечно долго трае.
Колкави се шансите на еден бесконечно голем одпад, да дува торнадо цела вечност, и барем за еден момент, на отпадот да се создаде мерцедес?
100%, нели?
Уште мислиш дека такво нешто случајно не може да се случи?
Ако е така, каде грешам?
А тоа дека се што постои, мора да има свој креатор, ти кажав на кое прашање не дава одговор..
 
Одговорот е субјективен. Ништо не е лага ако тебе ти помогне да станеш подобар, посреќен човек... Се зависи од човекот и неговиот ментален склоп, тоа како он ги гледа работите.
Дали се работи за креација или еволуција, или и тоа и тоа, најмалку е важно. Немаат крај тие натегања. Можеби и Бог бил создаден т.е. еволуриал, и сеуште еволуира. Битна е вистинската вера којашто е мир, радост, исполнетост, многу ја немаат иако веруваат дека Тој постои. Ете така, Агора.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom