Procitav nesto sto navistina me iznenadi.Neznam kolku od vas znaat za ova,no navistina bi sakal da slusnam nesto novo.Imeno se raboti za toa sto Makedoncite se potomci na Pelazgite koi go naseluvale pogolemiot del od Balkanskiot poluostrov,Makedonija,Grcija i drugi delovi.Grckite pleminja koi doagaat na prostorot na denesna Grcija gi pokoruvaat Pelazgite,dodeka na Makedonskata zemja,tie se pretopuvaat vo Makedonci,so razlicen jazik i kultura od Grckata.Sto mislite vie za ova?
Pelazgite bile domoroden indoevropski narod koj go naseluvale celiot Balkan. Tie se osnovacite na kritsko-mikenskata kultura. Se misli deka bile nareceni samite taka, poradi toa sto najgolemiot del od niv begale od nasilnite azijati HellAssi po planinite i etimoloski imeto im doagja od staroslovenskiot Po- Lazech t.e. tie sto se kacuvaat na planinite.
HellAssite se azijatski nasilen narod, po poteklo od avganistan, koi dosle na Peloponez vo 12 vek p.n.e. Tie gi pokorile Pelazgite vo Peloponez.
Античкиот историчар Трог Помпеј пишува дека
Македонците потекнуваат од Пелазгите (Justin. VII, 1, 3). Во 450 г.п.н.е. за Пелазгите, Херодот вели: "ако се суди по останатите живи Пелазги,... каков јазик говореле Пелазгите, треба да кажам дека говореле еден варварски јазик; штом тоа е така, жителите на Атика, која е пелазгиска земја, со пасимилацијата им во Елини, примија друг јазик" (Херодот I, 57-58) .
Античкиот елински географ Страбон, вели: "Што се однесува до
Пелазгите, сите докази велат дека тие се еден стар народ, кој бил распространет во цел Хелас, особено меѓу Етолците во Тесалија". Понатаму, Страбон пишува дека Тесалија, меѓу устието на
р. Пенеос, Термопилите и планина Пинд, се нарекувала Пелазгиски Аргос, оти пелазгите ја населувале таа земја (Страбон, стр. 221, 4). Од тие Пелазги-Аргaјци произвлегувала македонската царска династија, почнувајки од македонскиот цар Александар први (Александар трети е големиот Александар Македонски).На друго место,
Страбон вели дека и Етолците (како и Македонците) не се Елини (Страбон V, 2, 4).
Како Акаранците, Македонците и Етолците биле неелини, ами Пелазги, римскиот историчар Тит Ливи пишува дека сите тие говореле един ист јазик, неелински: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess (Tit Livi, XXX, 29).
Денеска копјата се кршат дали античките Македонци биле Елини, од проста причина што западот од 1821 г. ја подржува Грција и нејзиното проширување кон негрчки територии, а за тоа мораат да ја изместуваат историјата. Историски, сосема неоправдано е да се тврди дека античките Македонци се Грци, кога сите антички историски извори Македонците ги декларираат како посебен, неелински народ.
Во историјата има само еден многу интересен пасус кој се однесува на народноста на античките македонци и тоа изустен од Демостен, Атињанин кој два пати ги предводел обединетите Елини во воените походи против Македонците водени од својот Цар Филип:“
Филип (македонскиот Цар)….не само што не е грк, ниту е поврзан со грците…” (
Демостен, Филипика III). Да потсетам дека поимот варварин е од грчко потекло и означува не-грк т.е. човек кој говори негрчки па самите антички грци не можеле да ги разберат говорот на странците, туку го имитирале странскиот говор “вар-вар”, па одтаму доаѓа терминот варвар.
Атинскиот лидер, Демостен вели дека во времето на Аристид, Никиј и Перикле, македонските цареви се потчинувале на Eлините, како што одговара на варвари спрема Елини (Olyth III, 24). Понатаму, Демостен го представува Филип не само како непријател на Атина, но и како непријател на елинизмот и неелин, па во својот говор истакнува: "има ли нешто поново од тоа, дека еден Македонец ги поразува Атињаните и се здобива со она, што е својствено само на елините"?(Ф. I. IV, 10) . Значи, самите Елини го сметале Филип за човек надвор од елинскиот род.
Елините, во знак на благодарност кон Демостен му изградиле споменик во Атина со натпис: “само доколку твојата сила беше еднаква Демостене на твојата мудрост никогаш Елада не ќе беше управувана од Македонци”( Времето на Александар, стр. 216, Плутарцх). Македонија, пак, самите Елини ја сместуваат надвор од Елада.
Македонците и Елините, не само што биле различни народи, туку и непријатели. Иако раскарани, елинските држвички и Елините кога станувало збор за борба против Македонците, тие се обединувале и застанувале заедно против Македонија и Македонците. Кога Александар трети Македонски со 25.000 до 30.000 македонска војска се обидувал да ја заземе Персија, околу 50.000 Елини од сите елински државички биле сојузници на Персија и се бореле против македонците [Quintus Curtius Rufus Roman Historian p.112-13].
Македонците и Елините од страна на самите антички елински историчари ги представуваат како
две различни раси (Ариан, Грчки Историчар, Книга 2, Битката на Исус, стр. 119 / Diodorus Siculus 18.37.3-4.).
Истaтата поделба на македонска и елинска раса ја среќаваме и кај римските историчари (Livy's book XXXI.44)
Сите антички автори пишуваат за масакрите што Македонците ги вршеле спрема Елините, кои иако меѓу себе раскарани секогаш стоеле обединети против силниот македонски поробувач од туѓ род (Исократес, антички грчки писател “За Филип” стр. 37). Во сите грчко-македонски војни имаме два спротиставени табора- македонски и обединет-грчки! Секоја македонска победа врз елинските државички завршувала со масакри врз Елините (антички грчки историчар Diodorus Siculus knigi: XVII, XVIII, XIX, XX, XXII, XXVIII, XXIX, XXXI, and XXXII).
Елините ги мразеле Mакедонците и Александар (Плутарх, Времето на Александар, стр.311).
Aнтичките историчари и географичари ја одвојуваат Македонија како НЕЕЛИНСКА Држава, а македонците како посебни од Елините (Полибиус Грчки конгресмен и историчар, Книга XVIII, 1; Исократес, Плутарцх, Диодорус Сицулус, Арриан...).
Македонците имале свој посебен календар сосема различен од грчкиот (Плутарх, “Времето на Александар”, стр. 254) свои посебни обичаи и своја посебна пурпорно обоена народна носија. Во иста таква пурпурна носија закопан е Цар Самуил.
Македонците имале свој посебен македонски јазик, различен од грчкиот [Quintus Curtius Rufus , The History of Alexander - Penguin Classics p.138]. Има доста сведоштва за посебноста на античкомакедонскиот јазик. Самиот Александар контактирал со варварите (Македонците) преку Хевест, а со Елините преку Кратер.
Плутарх пишува дека Александар ги повикувал телехранителите си на македонски јазик (Плутарх, Алекс. 51), а македонските војници го поздравувале исто така на македонски јазик (Евмен 14).
Забележан е дијалог меѓу македонскиот војсководец Филота и Александар Македонски: "Царот најпрво го погледна Филота и рече: "Македонците решија да те судат". Те прашувам, сакаш ли да зборуваш со нив на мајчиниот јазик (македонскиот)? Филота одговори: "Освен Македонците, тука има многу други сведоци, кои ми се чини полесно ќе ги разберат моите зборови, ако се послужам со истиот (хеленски) јазик, на кој ти штотуку проговори, кое ти го направи, мислам, само затоа, за да можат, говорот, повеќе луѓе да ти го разберат".
После тоа, царот рече: "Гледате ли, Филота си го мрази татковиот (македонски) јзик, зошто тој самиот се откажува да се изразува на него. Но тој може да говори како сака, вие, да знаете дека тој се оддалечил како од нашите (македонски) обичаи, така и од нашиот јазик (Курциус Руфус VI, p. 36) .
Од цитираното, многу јасно се гледа дека Македонците не се сметале за Елини, туку за посебен народ, со свој јазик и свои обичаи. За да се разбира со надворешниот свет, македонската интелегенција се служела со елинскиот јазик, кој бил најраспространетиот светки јазик во тие времиња, слично како англискиот денеска. Проблемот е во тоа што
Македонците како и нивните соседи Тракијците, Илирите итн. не создале свој литературен јазик и писмо, па затоа се користеле со елинското писмо и јазик, кој бил јазикот на цивилизацијата се до пропаста на Византија. Зарем Тракијците, Илирите, Бугарите на Хан Аспаруих итн. се Грци оти го користеле грчкиот јазик и писмо? Па ете и бугарите од Хан Ацпарух во својата држава до 893 година пишувале исклучиво грчки. И денеска многу народи кои немаат никаква врска со англо-сансонците го користат англискиот јазик кој е светски јазик, како официјален јазик во нивните држави; зарем сите луѓе (Ирци, Шконталнѓани, Велшани, Малтежани, многу острови на третиот свет итн.) кои говорат англиски како мајчин треба Англија да ги правиме Англичани?
Симболот на македонската воена сила и надмоќ е лавот. По победата на обединетите Грци кај Херонеја во 337 г.п.н.е., македонскиот цар Филип Втори гради огромен споменик на лав, кој е зачуван.
Александар Трети Македонски ковал пари со својот лик, заедно со маска од лав. Во средниот век, македонскиот лав станува македонски хералдички грб, под кој македонските револуционери од 19 и 20 век се борат за македонската слобода.
Десно: Лавот на македонскиот цар Филип II што го подигнал во Херонеја, во спомен на македонската победа врз Грците
Другиот национален македонски симбол е сонцето. И тој е задржан кај македонскиот народ во континуитет. Знамето на крушевската република е карта на цела етногеографска Македонија, од која изгрева сонце, македонскиот грб од 1945 г. содржи сонце. Интересно е што дури во 1977 г. во Кутлеш (Вергина) се открива сонцето од филиповата гробница како македонски национален симбол, но Македонците го користат сонцето како национален белег многу порано; не само сонцето, туку и лавот. Јас си поставувам прашање, ако денешните Македонци немаат врска со античките, од каде кај нас, современите Македонци култот кон античките македонски национални симболи? Дури по 1977 г., Грците почнаа да го користат македонското сонце во пропагандистични цели, да докажат елински карактер на Македонија. Тие, кои се удираат во гради дека се наследници на античките Елини, немаат национален симбол кој го негувале во континуитет, наследен од нивните антички предци. Националниот симбол на Бугарите била коњска опашка, кој денеска не е присутен кај современите Бугари.
Знаме на Крушевската Република, 1903. Во позадина е македонското сонце [горе]
Грб на Република Македонија од 1946 г.
Знамето на Мијаците
Знамето на Мијаците [горе] е најстарото сочувано знаме на Македонците; како такво во иста форма постои неколку стотици години, а знамето е сочинето од следниве елементи:
- централно е поставено
сонце, симболот на Македонците уште од античко време;
- во сонцето е впишан крст ; околу крстот на празните полиња пишува ИС - ХР "Исус Христос" / НИ - КА- некои велат НИ КА означува Никола Кастриот (последниот мијачки владетел од Кастратите), а други Победник на грчки,
што е малку веројатно;
- на аглите на знамето има три животински симболи со црвена или бела внатрешност. Горе лево има змеј, горе десно има исправен македонски лав, долу лево - двоглав орел без крилја со впишани И-С-Х-С на стомакот околу едноставен крст, а на долниот десен агол е претставена полумесечина со мала ѕвезда над неа. Бајракот е порабен со истите црвено-жолти сончеви зраци, какви што се наоѓаат околу централниот крст.
Пак ќе напоменам дека дури во 1977 г. во Кутлеш (Вергина) се открива сонцето од филиповата гробница како македонски национален симбол, но Македонците го користат сонцето како национален белег многу порано.
Македонското знаме на македонската колонија во С. Петербург со Буkефал [горе], коњот на Александар Македонски, и сонце во изгрев со златести букви: „ЕДИНСТВЕНА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА“ (
март 1914). Тогаш, Грците немале ниту поим, ниту насетувале дека симболот на античките Македонци било македонското сонце и лавот.