Преткривична постапка
По својата природа, преткривичната постапка е управна и криминалистичка (криминалистичка кривична постапка). Со неа се означуваат сите активности на органите за внатрешни работи кои се насочени кон пронаоѓање на сторител на кривично дело, прибирање и доставување на докази до јавниот обвинител, кој понатаму одлучува дали истите се издржани и дали постапката ќе продолжи.
Субјектот против кого се водипреткривичната постапка има својство на осомничен. Значи, тој не е обвинет, па ги има сите уставни прави, доколку тие не се ограничени со одлука на истражниот судија (притвор, домашен притвор, забрани за патување надвор од градот, државата и сл.)
Во оваа постапка, МВР обезбедува доказен материјал и поднесува барање за спроведување кривична постапка до јавниот обвинител. Сепак, во оваа фаза можат да бидат превземени и некои истражни дејствија (привремено одземање предмети, претрес на дом и лице, увид, вештачење, задржување, лишување од слобода и притвор).
Можно е дури и испитување на лицето.
За да започне оваа фаза, не е потребно да постојат докази, туку доволно е да имаиндиции дека е извршено кривично дело.
Во фазата надлежни органи се МВР, јавниот обвинител и истражниот судија. Како главен координатор и давател на насоки за работата на МВР е јавниот обвинител. Кога МВР ќе дознае дека е извршено кривично дело, тоа по закон е должно да ги превземе сите мерки за наоѓање на сторителот, соучесниците, да се обезбедат траги и предмети и да се соберат известувања.
Кај тешките кривични дела, задолжително е излегување на истражен судија на терен. Тогаш тој е главен раководител на собирањето докази и другите истражни дејства, за што го известува јавниот обвинител.
Во оваа фаза МВР е овластено да собира известувања од граѓани, да врши преглед и претрес на патници, возила и багаж, да блокира патни правци и реони, да легитимира, да распише потрага и потера, да врши претрес во дом, да фотографира, дактилоскопира, да спроведува и да поднесува кривични пријави.