Кул, ако православието ја немаше Светата тајна-исповед, тогаш православието би било збирка од поединци кои сметаат дека се неправедно осудени да го живеат животот на ова Земја а после тој живот, не би им гинел пеколот! И сето тоа би било нечесно од Творецот!
Но, СВЕСНОСТА за личната огревовеност е особина од православните верници. Едноставно, на одреден период, верникот е должен да се исповеда, оти гревовите кои се таложеле кај верникот во одреден временски период, можат да бидат ЗАБОРАВЕНИ од верникот, а исповеста значи ПРИЗНАНИЕ од верникот дека ЗГРЕШИЛ пред се, против волјата Божја, изразена во Божјите заповеди. Доколку не би постоел исповеста, тогаш поединецот свесно или помалку свесно би грешел цел живот, а тие гревови, кумулативно, би се ОДРАЗИЛЕ на дотичниот поединец преку некоја ПОСЛЕДИЦА за поединецот. Да потсетам: заради ЕДЕН грев, Адам и Ева беа истерани од Рајот, а тоа беше и ПРИЧИНА за појават на СМРТТА во овој свет! Е па сега, јасна ли е последицата од гревот и неговото непризнавање/неисповедање?
Трагедијата на модерното живеење е во тоа што, наместо да ги исповедаат своите гревови пред свештеник и пред Христа Бога, „модерните„ луѓе се почесто се обраќаат кај психијатри!!! Апсурд невиден! Па како може еден огревовен смртник-психијатар (кој и самиот не е свесен за својата огревовеност!) може да му помогне на друг огревовен смртник-пацинет! Веќе го имам посочено примерот со славниот Фројд, кој своите пациенти ги претворал во растенија, убеден (а и тие самите убденеи!) дека ги ИЗЛЕЧИЛ! Како да не...Фројд не ги лечел своите пациенти, туку напротив: кај нив се случува она, кое во православието се нарекува РАСПАД НА ЛИЧНОСТА, па затоа неговите пациенти повеќе личат на растенија а само физички личат на луѓе...