Volkswagen ќе ја купува Застава?

  • Креатор на темата Креатор на темата ManowaR
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Германскиот весник Handelsblattвели дека Volkswagen ќе го купува србскиот производител на автомобили Zastava и дека информацијата доаѓа директно од Волфсбург. Наскоро се очекува Volkswаgen да купи 99.9 проценти од акциите на Zastava кој е во сто процентна сопственост на Република Србија. Договорот ќе биде потпишан наскоро по што официјално ќе бидат објавени и условите на продажбата.
Иако се чини дека станува збор за уште една шпекулација околу судбината на Zastava сепак, големата заинтересираност на VW за освојување на рускиот пазар се поврзува со зголемената потреба од производствени капацитети.
Во моментов во Zastava работат околу 4.000 работници кои покрај моделските верзии на Yugo, 101 и Florida, паралелно ги „склопуваат” и втората генерација на Punto наречен Z10 и втората генерација на Opel Astra по договоритe потпишани со Fiat и со GM.
Останува знак прашалник дали по превземањето од страна на VW ќе престанат и сегашните активности на Zastava. Во секој случај факт е дека интересот за Zastava е зголемен. Тоа го потврдуваат Ford, индијската Tata и кинескиот производител FAW.

http://vozi.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1761&Itemid=70

Што мислите за ова?
едитирано од модератор: Можеше да ставиш нормални букви овие со лупа да ги читаш.
 
Што да се мисли кога не во Македонија нема што да се мисли
треба да се расмили во Македонија да се отвори фабрика за коли ,а не шивални
 
Па ако ја купи застава VW, мислам дека сите соработки со Фиат и Опел, ке бидат прекинати. Не од страна на производителите туку од страна на VW кој ке ја користи евтината балканска работна сила за да произведува автомобили со поголема добивка. А да... Простете се со Yugo, Z10 и сите останати модели на заставини резервни делови.
 
Ете затоа јас ти го зголемив и ти напишав подолу... Да не се думаш од каде сега поголеми букви. Туку ај да не прајме оф-топици, назад на темата. Како што можев да разберам по нет, пресите за произведување на делови за Фичо и фиат 1.300 застава ги размонтира и ги продаде за железо.... Така да ако ја земе VW сите заставини модели ке умрат за брзо време.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom