[quote=MIKI1;1276842]Во Црквата, сите членови исповедаат ИСТ Бог и ИСТА вера и во тоа се состои нивното „истомислие„. Во Црквата, валиден е само колективниот став од Црквата кон поедини прашања а не мислењата од поединци. Дури и во Црквата, секој поединец може да изнесе свое мислење кое е поинакво од Црковното/колективното, но тоа мислење ќе остане негово лично мислење а не „официјален „црковен став. На пример, во православната Црква постојат поединци кои велат дека мајката Божја имала и други деца или дека постои еволуцијата! Арно ама, тие мислења се мислења од поединци, додека Црковниот став е сосема поинаков. Се додека поеднинецот не „прави проблем„ во Црквата, таа (Црквата) ќе го толерира до моментот кога истиот тој поединец не почне да се вразумува и да почне да ги согледува своите грешки,па да се покае и да се врати кон Црквата. Кон крајот од минатиот век, на пример, таков беше случајот со рускиот богослов Александар Мењ, кој е исклучен од заедницата, поради неговите еретички и неправославни ставови кон одредени теми.
Што се однесува до науките, токму кај нив има најгоемло разногласие. Затоа, денес науките се сведуваат на „тероијата од овој„ и „тероијата од оној„ авторитет во пооделна наука. Таа авторитетност е секогаш заснована на безмерната суетност од нејзиниот автор. По одредено време, како во науката се таложат нови сознанија, автортетноста на таа и таа теорија опаѓа и се заменува со нова. На пример, Ајнштајновата тероија на релативитетот е повеѓе пати потресувана во средината и крајот на минатиот век, но култот и митот за Алберт е толку силен, што никој (или ретко кој) поеднинец не сака да се зафати со нејзиното соборување. Таа тероија е сепак само теорија, која сеуште не е потполно докажана! А вала, нема ни да се докаже, оти сеуште НИКОЈ не ја достигнал брзината од светлната, при која, наводно , времето МИРУВА! Сите „докази„ за нејзината точност се сведуваат на оној досаден пример со двата брзи авиони и мерењето на времето во секој од нив со прецизни часовници при различни брзнини од авионите. Јак доказ, нема што!!!
Толкувањата во Светото Писмо нема да се сменат, барем кога е во прашање православието. Од проста причина: Писмоте е речиси целото истолкувано, а Светите Оци кои го толкуваат, незначително се разликуваат едни од други!
Што се однеусва до „целта„, ај и за неа неколку реченици.
Целта од православието е едноставна: да го подготви/увежба поединецот на праведен и покајнички живот а со тоа, да го подготви за влез во вечниот живот.
А која е целат од науките? Јас барем . не ја ГЛЕДАМ!!! Од она кое може да се види и забележи, целта од науките е МАТНА и НЕДОСТИЖНА; со еден збор-утопија! И тоа утопија, која не би ја измислиле ни најдобриет умови склони кон фантазирање!!! Науките, наводно, треба да ни ги објаснат СИТЕ нешта во природата, што само по себе е утописко однесување. Науките, наводно, требало да ни го подобрат и олеснат живеењето, да ни го направат животот ваков и таков...голема работа! Сето она кое науките сакаат да ни го наметнат нема БЛАТА ВРСКА со целта од христијанксата религија. Науките сакаат да ни донесат рај на Земјава а религијата ни вели дека Рајот НЕ Е на оваа Земја! Науките не познаваат духовност, не познатваат ДОБРО и ЗЛО, не го познваат Бога (а не ни сакаат!), не познаваат ГРЕВОВИ, не ја познаваат отпадната човекова природа, туку во замена, ни нудат еволуција, која наводно, била БЕЗ конкретан насока и цел, без конкретен правец на движење и која, наводно, делувала СЛЕПО, неодредено!!!! Фала многу за таквата ЌОРАВА работа!!!!
Она со кое тековно се занимават дел од науките, енајблаго речено-опасно!!! Дел од тие науки, како на пример, дел од психологијата, дел од уметностите, кибернетиката, информатика и електроника, медицината/генетиката, дел од правниот систем, го подготвуваат ТЕРЕНОТ за доаѓањето на антихристот, на кој треба да му кажеме „а бе ние у ствари, токму тебе те чекавме цел живот„!!! И тоа е НАПРЕДОК!???[/quote]
Да, во црквата секој може да изнесе свое мислење, но ако тоа мислење е поблиско до реалноста, т.е. подалеку од мислењата и ставовите на црквата, да биде третиран како еретик и слично?
Кога се` заедно ќе сумираш, ќе дојдеш до заклучок дека во црквата никој неможе да искаже, а и да има, свое мислење за работите околу него, спротивно на тоа од црквата.
А што ако црквата прави проблеми, и прави проблеми, кои неможат да се толерираат?
Тоа е доказ за моето дека неможе секој да има различни мислења во црквата.
Знаеш ли ти воопшто што претставува теорија?
Или незнаеш, или се однесуваш како да незнаеш.
Теорија претставува ЕСКПЕРИМЕНТАЛНО докажана и потврдена хипотеза!!!!
Си слушнал или прочитал за гравитационата сонда, која експериментално ја докажа хипотезата на ајнштајн, и ја направи теорија, или ја потврди таа теорија?
Теоријата на Ајнштајн ( таа Е=м*ц*ц ) е докажана во нуклеарните централи, и мн други научни установи!
Не е само тој!!!
Значи, ќе се сменат. Ова е докажано од контрадикторноста на твојот пост.
Целта на православието е нереална, и измислена ( кој докажал дека постои живот после смртта? ).
Кои се резултатите од постоењето на религијата ( воедно и православието ) во реалниот свет?
Вече ја кажав.Тоа што ти несакаш да ја видиш, и што не размислуваш и живееш ( т.е. живееш во виртуелен свет, кој е измислен од некој друг ) во реалниот свет, е друга работа.
А какви се оние умови, кои живеат во свој замислен свет?
Кои што ја изменуваат реалноста во нивните умови?
Кои веруваат во што сакаат, и за нив тоа претставува реалност?
Кои веруваат дека постои задгробен живот?
Кои имзислуваат ( во нивниот ум и фантазии ) некој „креатор“ на човекот, и веруваат дека постои?
Ова не е фантазија?!?
Барем дел од она што го замислиле „научните умови“ е реалност ( пример:компјутерите, авионите, спејс шатлите, забрзувачите на лестички, нуклеарните реакотри ), е секој ден се повеќе и повеќе научната фантастика станува реалност.
Што е со тоа што го замислила религијата?
Тоа никогаш не било, не е, и нема ни да биде реалност!!!
Твојот антихристос сака да дојде во свет во кој сите се среќи, живеат реално среќен живот...т.е. сака да дојде во „розов свет“?
Напредок е она што е реално, и е се поблиско до целите кои сакаме да го постигнеме ( т.е. целта на науката, да го направи светот подобро место за живеење за сите кои живеат во овој универзум, без разлика на раса, нација и слично.. ).
Кој е реалниот напредок од постоењето на религиите ( воедно и христијанството )?
Тоа што ни се заканува трета светска војна?
Тоа што многу луѓе страдаат поради религиите?
Тоа што религијата претставува опасност за човештвото, и може да го истреби човекот?
Тоа што го овозможува и олеснува манипулирањето со луѓето?
Кој е напредокот во реалниот свет од постоењето на религиите ( и православието )???