city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 276
- Возраст
- 37
Распоредот на сили во моментов е дека ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг речиси три пати поголем од оној на СДСМ, а рејтингот на Груевски е петнаесет пати поголем од оној на Шекеринска. При таков распоред на сили СДСМ се обидува да изврши поништување на изборната волја на граѓаните, да ги собере сите против изборниот победник ВМРО-ДПМНЕ, и да изврши државен преврат со цел преземање на власта и промена на името. На партиските лидери им понудиле и листа за таквата, идна влада. Ексклузивно ја објавуваме
Политичките измами на СДСМ почнуваат од првите денови на самостојна Македонија. Во 1990 година кога партијата на македонските Албанци ПДП одби коалиција со изборниот победник ВМРО-ДПМНЕ, се формира техничката влада на Никола Кљусев, која по две години е урната и за премиер доаѓа Бранко Црвенковски. Заради тој уценувачки гест на ПДП во Македонија десетина години потоа раснеше антиалбанското расположение и радикализмот. СДСМ и тогашниот претседател Глигоров му се оддолжија на ПДП за ова отимање на власта од изборниот победник, и давање подарена власт во нивни раце - на најопасен можен начин. Во тој период ПДП создаде паравојска предводена од нивни функционери во министерството за одбрана и во партијата. Имаше судење за кражба на оружје, и создавање паравојска во кое генералниот секретар на партијата Митхат Емини беше осуден на казна затвор. Но, тогашниот претседател Киро Глигоров со помилување го ослободи организаторот на паравојската.
Таа година Глигоров го потпиша привременото име ФИРОМ, и изјави дека тоа ќе постои само три месеци. Еве, постои петнаесет години, и заради тоа не можеме да влеземе во НАТО и ЕУ, а СДСМ и Глигоров немаат одговорност.
До 1995 имаше само една партија на македонските Албанци, ПДП. СДСМ направи се тој нивни политички монопол да трае што подолго. Се до 1995, кога Џафери ја оснива ДПА. Веќе на локалните избори во 1996, во Речица и Тетово, доаѓа до жестоки тепачки помеѓу сателитот на СДСМ-ПДП, и новоформираните ДПА. Монополот на ПДП оттогаш е урнат. СДСМ никогаш не му го заборави овој пораз на ДПА. Оваа омраза на СДСМ кон ДПА, но и обратно, трае до ден-денес.
Во 1994 година Доста Димовска го убеди Љубчо Гергиевски да ги бојкотира парламентарните избори, со што СДСМ сами владееја во Парламентот. Тоа е времето на приватизацијата, шверцот на нафта, паравојските, на ТАТ и отпуштањата по кои Македонија се здоби со 300.000 невработени, а фабриките како Астибо, Македонка, Железарница, Битолатекс, Бучим, Чик, Силика, Металски Завод Тито, Црн Бор Прилеп... засекогаш се затворија.
Во 1998 година ВМРО-ДПМНЕ повторно победи на изборите. Но, во 2002 година, исто како и деновиве, СДСМ без успех се обиде да изврши преврат - да му ги собере сите коалициони партнери на ВМРО-ДПМНЕ против него, и да состави ново парламентарно мнозинство. Тогаш оставка од Владата даде ДА на Васил Тупурковски, како што сега ја најавува Тито Петковски. Акцијата пропадна, а ДА исчезна од политиката. Во 2001 година изби војна. Од февруари до април сите акции над Скопје, и во Тетово, беа неутрализирани. Но, се најавија нови. Тогашниот премиер Георгиевски во јавноста имаше низок рејтинг, како Шекеринска што има сега, немаше углед да повлече народ зад зебе а и се гушеше со афери за корупција... мораше да прифати широка Влада во која влегоа Бучковски како министер за одбрана, и Илинка Митрева за надворешни работи. Војната ја загубивме, а подоцна видовме зошто било така. Агресорот, припадниците на ОНА предводени од Али Ахмети потоа создадоа политичка партија, која на наредните избори коалицираше со СДСМ! Во 2004 година Хари Костов беше премиер поставен од СДСМ. Даде оставка заради корупција во таа влада, која тој не може да ја запре бидејќи партијата СДСМ дава поддршка на корумпирани министри од ДУИ.
Овие денови СДСМ повторно сакаше да ја грабне изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ, и да земе власт без да ја освои на избори.
СДСМ им понуди на Тито Петковски и ДПА на Мендух Тачи да ја напуштат Владата, и заедно со ДУИ и СДСМ да формираат нова, а изборниот победник ВМРО-ДПМНЕ да остане со близу педесет пратеници сам во опозиција.
Сево ова во време кога во СДСМ нема личност, која има рејтинг за било каква политичка доверба, а камоли за вакви крупни политички земјотреси. Имено Радмила Шеќеринска има помал рејтинг и од Тито Петковски, и од Мендух Тачи, а сака да им биде лидер.
Освен тоа, ваквиот потег, да се формира коалиција од две партии на македонските Албанци и СДСМ кој има мал број пратеници од нив две, е непосредно поништување на политичката волја на преостанатото, неалбанско односно македонско население.
Ова одземање на политичка победа и создавање власт против македонското гласачко мнозинство без избори - директно води до политички и безбедносни тензии до граници кои се надвор од контрола. Гневот би бил уште поголем бидејќи рејтингот на ВМРО е поголем за 250 проценти во однос на СДСМ која сака да биде лидер во овие опасни, дворски игри. Тоа би бил и гнев кон СДСМ, но и опасна антиалбанска тензија дека двете партии на македонските Албанци се здружиле, и ги изиграле Македонците. Никој во земјава не може да каже до каде, и како тој гнев кон СДСМ и македонските Албанци би одел. Но, СДСМ нема грижа за ова. Тие се грижат како да запрат истрагите против нив.
На Тито Петковски и ДПА им се нудат места во нова СДСМ- овска влада во која министер за внатрешни работи би бил Владо Бучковски, кој е на суд заради обвинение од државата за криминал додека бил министер за одбрана! Во земјоделие би се вратил Садула Дураку од ДУИ, кој е под истрага. Ристо Пенов би бил вицепремиер, иако на локалните избори доживеа тежок дебакл, а неговата партија е статистичка грешка. Министерството за надворешни работи СДСМ го дава на Теута Арифи од ДУИ. Тоа е министерството кое треба да го решава спорот околу името со Грција, за Европска Унија, и границата во врска со Косово... евроинтеграциите би ги водел Јани Макрадули кој од квалификации за таа позиција има само положен курс за англиски јазик. Веројатно најголемото понижување државата би го добила во идниот шеф на државната безбедност, сегашниот генерален секретар на СДСМ Горан Минчев кој требало да биде шеф на државната безбедност! Истиот што за оваа функција го продаде и смени својот кум Миле Зечевиќ. Минчев, инаку, продавал пиво во Пивара, и му бил секретар во владата на Бучковски. И - толку од неговата биографија. Тоа е понудата за идна власт на СДСМ, денес.
Тито Петковски, кој има специфично тесни врски со Грција, се сложил да почне кампања за промена на името што од него не зачудува. Ако промената на името е така лесна и небитна работа, зошто СДСМ каде Петковски беше потпретседател, петнаесет години ја измачуваше и казнуваше Македонија со ФИРОМ! Зошто тие не го сменија името ако така лесно можело?! Или, намерно ја држеа цела држава во заложништво, а за возврат имаа бизниси со Грција. Ова е една од причините за посетите на Буџаку и Муса Џафери од ДУИ на Атина.
Овој обид на СДСМ пропадна со одлуката на Мендух Тачи да ги реши неговите барања во соработка со Груевски. ДПА по втор пат го порази СДСМ.
Ова е понудената коалиција за соборување на Никола Груевски. Ова е составот кој требало да го промени името на државата, и да биде награден со легитимитет од некои амбасади, од кои една секако е Грција. Мендух Тачи ја отфрли оваа провокација, и ја спаси Македонија од политички земјотрес.
Но, ова треба да се запамети. За памет во иднина.

Сакајќи, или не, Тачи ја спаси државата од опасни меѓуетнички тензии, и политички земјотрес во кој сигурно немаше да заврши вака мирољубиво.

Ова е понудената коалиција за соборување на Никола Груевски. Ова е составот кој требало да го промени името на државата, и да биде награден со легитимитет од некои амбасади, од кои една секако е Грција. Мендух Тачи ја отфрли оваа провокација, и ја спаси Македонија од политички земјотрес.
Но, ова треба да се запамети. За памет во иднина.
Извор: кој друг ако не Вечер