- Член од
- 29 септември 2007
- Мислења
- 245
- Поени од реакции
- 17
Браќа и сестри,
Предлагам да направиме огромен, масовен, организиран протест на 21ти Март 2008 како крик на последно предупредување против сите што имаат на ум дека можат да не прекрстуваат независно дали се надворешни или внатрешни кумови.
Денот го избрав како ден на пролетната рамнодневница и нема никакво друго значење освен можеби симболиката дека се наоѓаме на средина, на чекор меѓу проклетство и благослов од идните генерации.
Можеби е краток рокот за организација ама пред се сметам на организаторите на претходниот протест, на сите чесни синови на Македонија каде и да се и кои сакаат да помогнат, како и на организациска подршка во логистика од вистинските македонски партии чии единствен интерес е МАКЕДОНИЈА.
Ако можат да се собираат за избори по 100.000 луѓе тогаш цифрата на протест со основна цел за подршка на непроменливоста на името треба без НИКАКОВ проблем да биде 250.000 минимум.
Срамота е македонски партии да не подржат таков протест ако се НАВИСТИНА македонски партии. Јас би ги прозвал сите партии поединечно да се изјаснат дали конкретно ке подржат или не таков настан.
Според интензитетот и фрекфенцијата на најавување на можни компромиси во последниве 3-4 дена мислам дека се готви промена на името. Предавниците и нивната машинерија се ставени во погон и постојано не бомбардираат со анализи и опции, за што можете сами да се уверите од монтажите на слики и интервјуа со експерти и стручнаци во кои дефетистички се пропагира дека ете немаме избор и дека еве правдата е на наша страна ама силата не е...
Па зар некогаш некој нешто ке ни даде насила ако ние не сакаме?
Можат да ти земат на сила се, ама не можат на сила да ти дадат ништо ако не сакаш.
Зар на нашите предци не им било полесно да се откажат од се и да бидат се што се бара од нив? Зар за крвта пролеана денес може некој да каже дека била непотребна? Зар страдањата поднесени од нашите предци денес можеме да ги прогласиме за небитни?
На сила им зедоа животи, здравје, фамилии, дом, земја, сонце, слобода но не можеа насила да им дадат нов идентитет, националност, јазик, вера, живот... Смртта ја дочекаа како вистински Македонци достојни на јуначкиот ген кој го носат, со вера во Бога дека нивната жртва ке донесе промена и поттик за останатите генерации.
Колку полесно би им била живеачката на нашите предци само ако потпишале некакви хартии таму...
Денес немаме цевки на глава, не се наоѓаме во темни зандани и крвави подруми, немаме шпици во ноктите и рицинус во устите, не гледаме дека некој ни ги убива децата а жените ни ги силува... многу од тоа не гледаме и не чуствуваме како нашите предци...
А сепак навидум ни се гледа тешко и безизлезно... Дали е тоа навистина така?
НАТО, ЕУ, УН, Лига на народи, Варшавски пакт, Антанта, алијанси и федерации, трговски организации и верски јурисдикции... Сето тоа е минливо... Најдете една организација кој опстоела онолку колку што опстоело нашето име?
НАТО ке се распадне на првата поголема копнена интервеција, ЕУ е огромно тело со мала глава и сигурно ке се подели на 4 региони во блиска иднина, за УН земете го примерот со Лигата на народите и случајот со Србија во 1999, за крајот и епилогот на федерацијата на Југославија сите бевме сведоци... Само што заклучоци ке извлечеме?
Секаде влегуваат нации и излегуваат нации. Секаде за членови се примаат држави кои држат до нешто а не кафански организации.
Зар мислете дека некој може да смета на вас како сигурна држава кога името и ставовите си ги менувате како чорапите?
Зар мислите дека вечно ке живеете? Вашите дела оставуват како аманет на вашите деца. Што ке им оставите вие на вашите деца? По што ке ве памтат?
Зар сакате да не памтат како генерацијата која во мир и релативна благосостојба погази се што е свето заради тоа што шефот така кажал а нему некои му наредиле?
Ништо не е лесно но кој кажа дека ќе биде лесно?
Зар христијанската вера беше лесна во првите векови?
Кој е вашиот предизвик во овој век?
Братски поздрав
Тануш