Solid
Зона на самракот
- Член од
- 26 август 2007
- Мислења
- 7.176
- Поени од реакции
- 4.133
Со исцртаните лав и сонце на Вергина и натписот Македонија на ѕидот на спортската сала во Демир Хисар се бркаат потенцијалните грчки инвеститори.-реагира градоначалникот на Демир Хисар, истакнувајќи дека група грчки бизнисмени кои тука сакале да отворат казино вчера ја посетиле општината, но откако ги виделе натписите заминале.
“Се работи за хотел казино кој треба да го користат луѓе од Грција, а го прави американско-грчка компанија. Значи да ја оставиме политиката настрана, вчера кога го видоа сонцето Вергина и лавот грчките бизнисмени така без зборови заминаа од Демир Хисар.” -вели Љупчо Најдовски, градоначалник на Демир Хисар.
Најдовски вели дека ако се поставуваат симболи тоа треба да бидат државните симболи, а не партиски, поради што заедно со основното училиште “Гоце Делчев” во чиј состав е салата бараат симнување на натписот.
“Тоа е објект кој треба да биде храм на спорот и во тој дух да ги градиме нашите млади генерации, но вчера осамнаа партиски симболи и сметам дека е навреда во Демир Хисар на поголемиот дел од граѓаните со истакнување партиски обележја.”-вели Роберт Филиповски - директор на ОУ Гоце Делчев од Демир Хисар.
Објектот го гради Агенцијата за млади и спорт.
“Воопшто не се работи за партиски симболи, туку за старомакедонски знаци во чиј дух треба да бидат воспитуваат идните генерации. Всушност и автор на симболот на Лавот е Грчев од СДСМ, што уште еднаш покажува дека во ова нема политика. Името Македонија треба да стои на секој чекор и со тоа треба да се гордееме. Што е подобро, да пишуваме ФИРОМ? “-вели Ивица Горгиевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.
Жителите на Демир Хисар денеска беа со воздржани коментари.
“Партиски, непартиски. тоа што се направи е добро, а обележјето не смета многу. Функционалноста на салата таа ќе биде, а сала требаше во Демир Хисар.”-вели Димче Дуковски, жител на Демир Хисар.
Во договорот меѓу Агенцијата за спорт и млади, општината и училиштето стоело дека салата ќе се вика “Јордан Пиперката” поради што локалните власти бараат истата да не се преименува со други натписи.
===
На градоначалникот и неговите истомисленици не им е далеку душевната болница.Нека побараат помош таму ОДМА.