Нема Албанец од Струга кој денес не слави. Незавоисноста на Косово ги дигна на нозе сите Албанци. Сите со воодушевување заборуваат за новата држава на Балканот. Граганите на Струга од рано наутро ја слават независнсота, со музика и со развиорени албански знамиња, но и она на Европската Унија
Тон-грагани на Струга-сите ставете ги едно по друго
Општината пак достојно, со културно уметничка програма на градскиот плоштад го одбележа овој голем ден за Албанците. Градоначалникот Рамиз Мерко прв ја пресече деветметарската торта специјално подготвена за овој чин. Тој порача дека сега откако дилемата е решена и откако косовскиот народ се избори за долго посакуваната независност, ке биде многу полесно во однос на понатамошната соработката со Косово.
Тон-Рамиз Мерко-градоначалник на Струга
Стенд ап
( Со пораката ,Струга слави,Косово честита независнот ,Струга денес ја одбележа независноста на Косово.От како косовскиот парламент ја донесе одлуката, граганите спонтано почнаа да се собираат на градскиот плоштад мајка Тереза.)
Албанската химна ја отпеа сопранот Нита Љумани, а свој настап имаа и познатите пејачи Сељами Колоња, Енеида Тарифа, Аргент Лога , Рабие Рика како и актерот Мируш Кабаши од Албанија.
На свеченоста во Струга забележително беше присуството на истакнати членови на ДПА и на ДУИ. Сепак немаше никој од највисокото раководство и покрај тоа што беше најавено дека ќе се појават во Струга.