Претседателските избори во Америка

  • Креатор на темата Креатор на темата Pere
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледа дека Обама го избрал Џо Бајден. Не знам дали има поголемо говедо за судбината на Балканот од Бајден.

Znaci go izbral albanskiot lobist...interesno za kogo ke glasaat lockite, i McCain i ovoj Biden rabotea za nezavisno Kosovo
 
Обама тужен, можно стопирање на кандидатурата

Познатиот адвокат од Филаделфија, Филип Берг, покрена тужба во Сојузниот суд за источната област на државата Пенсилванија, САД, против Барак Обама против Националниот комитет на Демократската партија и против Сојузната изборна комисија на САД.
obama-thinking.jpg

Во тужбата се бара судот да изрече забрана за Барак Обама да не може да ја продолжи својата кандидатура за претседател на САД. Исто така, се бара судот да изрече наредба до Националниот комитет на Демократската партија да го номинира истиот, заради тоа што Обама според Уставиот на САД не ги исплонува условите да се кандидира за претседател.

Филип Берг е поранешен кандидат за гувернер на Пенсилванија и сенатор на САД, и локален водач на Демократската партија во сојузната држава Пенсилванија. Според него, тужбата е покрената за да се зачува "здравјето" на партијата пред Републиканците да го покренат ова прашање откако Обама ќе биде номиниран.

Берг цитирал серија конкретни проблеми кои што се однесуваат на потеклото на Обама. Во тужбата тој наведува докази дека Обама не е роден на Хавајските острови, САД, како што тврди туку бил роден во Кенија, а подоцна е посвоен во Индонезија. Тоа поставува фундаментален проблем со можна "двојна лојалност" кон неколку држави. Берг нуди децидни докази дека... /повеќе/
 
Бајден: човекот со сребрена коса

31047F88D2FF304E997B1401A04A761E.jpg

Најголемата сила на сенаторот Џозеф Бајден се гледа како најголема слабост на Барак Обама: надворешната политика
Неговата експертиза во оваа област би можела да му помогне на сенаторот Обама да се одбрани од републиканските напади дека не е подготвен за улогата на врховен командант. Тие, исто така, се дополнуваат на други начини. Додека демократскиот претседателски кандидат настапува како студен и прибран, Бајден би можел да биде енергичен и борбен во нападите врз опонентите.

Бајден не е непознат во претседателските трки. Тој се кандидираше против Обама за номинацијата за 2008 година, но се откажа во јануари. Исто така, се кандидираше за претседателската функција во 1988 година, но се повлече откако призна дека плагирал говор од тогашниот лидер на британската Лабуристичка партија, Нил Кинок.

Бајден е долгогодишен доброупатен член на Вашингтон, кој ја претставуваше малата североисточна држава Делавер во американскиот Сенат од 1972 година. Тој претседаваше со Комитетот на Сенатот за надворешни работи три пати. Иако гласаше да се одобри војната во Ирак, почна да предупредува на трошоците од долга окупација на Ирак уште пред таа да започне. Оттогаш тој се залагаше за федерално решение на конфликтот во Ирак, предвидувајќи лабава поделба на земјата по должината на етничките линии. Неговата поврзаност со Ирак, исто така, има поголема лична нота. Неговиот син Бо Бајден, јавен обвинител на Делавер, е капетан во Воената национална гарда, а неговата единица треба за кусо време да биде распоредена во Ирак. „Тој ќе замине. Не сакам да замине“, рече Бајден неодамна. „Не сакам моите внуци да се вратат за 15 години. Тоа што ќе го дозволиме прави голема разлика“.

Бајден е роден во 1942 година во Скрантон, Пенсилванија, како едно од четирите деца во ирско католичко семејство. Подоцна семејството се преселило во Делавер, каде што тој ги посетувал Универзитетот во Делавер и Правниот факултет Сиракуза.

Сенаторот од Делавер би можел да одигра важна улога во додворувањето на белите гласачи кои досега беа тешка група за победа на Обама. Силата на Бајден како јак играч во надворешната политика и искуството од Вашингтон имаат и неповолно влијание. Потпретседател со толку долгогодишно искуство може да го нагласи неискуството на Обама. Тоа, исто така, може да ја отежне позицијата за тимот на Обама да стави акцент на темата за промени. Угледот на Бајден како силен говорник може да биде потиснат од можноста за поставување едноставни прашања на компликуван начин. Покрај тоа, тој е познат по повремени гафови.

Во 2007 година тој го опиша Обама како „првиот Афроамериканец кој јасно зборува, кој е бистар и чист и со привлечен изглед“. Сега тој ќе минува многу време со тоа момче. (Би-Би-Си)
 
Бајден не е непознат во претседателските трки. Тој се кандидираше против Обама за номинацијата за 2008 година, но се откажа во јануари.

Видете го ова, Бајден го напаѓа Обама, а го поддржува МекКејн: :helou:

http://ca.youtube.com/watch?v=RoJUcsaptW4

P.S. Ниту збор за немање валидно државјанство - нигде, ниту на интернет. Тотален заговор!
 
Дали за Обама ќе се определат и симпатизерите на Хилари

7821828E55E94E4C89B409210692F2E5.jpg

Некои „фанови“ на Клинтон се бесни зашто никогаш сериозно не била земена во предвид за потпретседател

ВАШИНГТОН - Прашањето како симпатизерите на Хилари Клинтон ќе го прифатат Барак Обама како кандидат на партијата ќе доминира на конвенцијата на Демократската партија што ќе се одржи во Денвер, Колорадо. Потенцијалот за раздор меѓу победници и губитници од прелиминарните избори е едно од главните прашања за организаторите. Се верува дека некои симпатизери на Клинтон се бесни дека на нејзе никогаш не се сметало сериозно како потпретседател на Обама. Обама во саботата се одлучи тоа да биде сенаторот Џозеф Бајден. Тој в четврток вечер и формално ќе ја прифати партиската номинација како кандидат за ноемвриските претседателски избори кога ќе се обрати пред 80.000 луѓе на еден стадион. Повеќе од 4.000 делегати од редовите на демократите и десетици илјадници официјални лица, активисти, демонстранти и новинари се упатија кон Денвер, на четиридневната конвенција. Сопругата на Обама, Мишел, ќе го одржи главниот говор по вчерашното отворање. Нејзиниот сопруг нема да стигне во градот до утре, поради посета на државите во кои ќе се водат изборните пресметки.

Официјалниот став на партијата е дека се' е в ред во Денвер, јавува уредникот на Би-Би-Си за Северна Америка, Џастин Веб. Портпаролот на Обама изјави дека претседателскиот кандидат е во контакт со г-ѓа Клинтон и нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон, и дека сите се' за партиско единство. Меѓутоа, уредникот за Северна Америка додава дека утревечер ќе има потенцијално жариште.

Ќе биде направена прозивка на делегатите и поддржувачите на Клинтон ќе добијат шанса да направат симболичен напор да ја номинираат. Изгледа дека таа побарала од нив да ја префрлат нивната формална верност кон Обама, но некои поддржувачи на Клинтон можеби нема да ја послушаат во тоа, забележува Џастин Веб. Тие ќе бидат свесни за откровението за време на викендот дека Клинтон никогаш легално не била проверена како кандидат за потпретседател, што значи дека никогаш сериозно не била сметана за вршител на таа должност.

Во анкетата на Волстрит журнал/Ен-Би-Си објавен во средата минатата недела се сугерира дека само 52 отсто од оние кои гласале за Хилари Клинтон за време на прелиминарните партиски избори досега се одлучиле да гласаат за Обама во ноември. Околу една петина изјавија дека ќе гласаат за републиканецот Џон Мекејн, додека 27 отсто се' уште се немаат одлучено како ќе гласаат, според резултатите од анкетата.

Иако конвенцијата официјално беше отворена вчера,во неделата се одржи повеќеконфесилнална молитва во театарот во Ценатрот за конвенции во Колорадо. Хорр исполни госпел-музика пред рабинот да изрецитира извадоци од Тората во кои се зборуваше за проштевање и иднината. Хелен Преџин, римокатоличка калуѓерка, која ја напиша „Мртовец што оди“, ја осуди смртната казна и употребата на тортура. Млади муслиманки со марами на главите седеа веднаш до постари Афроамериканки кои се со нивните најубави шапки, забележува АП.

Ален Херцке, професор по политички науки на Универзитетот во Оклахома, за новинската агенција изјави дека Обама се надева ќе го намали солидното водство на републиканците меѓу религиозните заедници во Америка. „Дури и ако обезбеди неколку поени, тоа би можело да биде одлучувачко во едни изедначени избори“, додава аналитичарот. Во меѓувреме таборот на Мекејн ги пребарува архивите на прелиминарните партиски избори на демократската партија во потрага по цитати од Хилари Клинтон и другите политичари што би ги употребиле во реклами и соопштенија за печатот во кои се поставува прашањето за искуството на Обама. „Силината на оваа порака е што ќе користиме зборови на демократите“, изјави стратегот на републиканците Скот Рид. (Би-Би-Си)
 
Ако подобро видиш во анкетите поддржувачите на Хилари откако таа не е кандидат за потпретседател се свртеа кон Меккеин дури почнаа да снимаат и спотови заедно. А говорот на Хилари откако Обама кажа кој е кончен избор беше јасна порака за кого да се гласа на изборите на 4.11 Инаку многу голем број од демократите ќе гласаат за Меккеин зашто не сакаат црнец за претседател. Освен Тед Кенеди и неговото семејство кое се знае за кого е на изборите:pos2::pos2:
http://www.youtube.com/user/johnmccaindotcom?ob=4
 
Мекејн: Не бев виетнамски заробеник за да стекнам куќи

БУРБАНК - Џон Мекејн, кој честопати се навраќа на тешкото искушение како воен заробеник во Виетнам за да ја покаже својата верност кон татковината додека се кандидира за претседател на САД, и во понеделникот повторно го искористи тоа искуство, но овој пат за да го одврати вниманието од тоа колку куќи поседува. Ривалот на Мекејн од редовите на демократите, Барак Обама, минатата недела го обвини републиканскиот сенатор дека не е во допир со обичните луѓе откако не можеше да одговори колку куќи поседуваат тој и неговата сопруга Синди, богата наследничка на компанија за дистрибуција на пиво. Во гостувањето во шоуто на Џеј Лено, Мекејн (71) изјави дека негов приоритет е да се задржат Американците дома во тешки економски времиња. Потоа тој се потсети на искуството од Виетнам. „Поминав пет и пол години во затворска ќелија, немав дом. Немав кујнска маса. Немав маса. Немав стол“, изјави тој. „Ги минав тие пет и пол години... не затоа што сакав да имам куќа кога ќе се вратам“.

Се' поголемите цени на енергијата и слабата економија станаа централни прашања во трката за Белата куќа. Следниот претседател ќе наследи многу проблеми, како што е хипотекарната криза што остави голем број Американци без домови. Мекејн изјави дека е подготвен да се справи со тоа и се обиде да ја намали контроверзноста околу семејниот имот. „Горд сум на тоа што и' служев на мојата татковина и тоа нема ништо со куќите. Она со што има врска е да им се дадат на Американците куќи и да се задржат во своите домови. А тоа е она што јас знам да го направам“, изјави тој по гласните поздравувања од публиката во студиото.

Во шоуто сенаторот од Аризона наброи четири куќи што ги поседуваат тој и сопругата, една во областа на Вашингтон, две во Аризона и една во Калифорнија. Медиумите и демократите посочуваат дека двојката има најмалку седум имоти кога се вклучени инвестициите. Мекејн изјави дека е горд на начинот на кој таткото на неговата сопруга го изградил големиот бизнис откако се борел во Втората светска војна. (Ројтерс)
 
Малку ми е чудно да го замислам Обама за председател на САД.Како прво нема харизма за тоа,а како второ ми делува дека уште отсега веќе ги покажува забите.Тешко и на Америка и на светот со Обама.
 
Малку ми е чудно да го замислам Обама за председател на САД.Како прво нема харизма за тоа,а како второ ми делува дека уште отсега веќе ги покажува забите.Тешко и на Америка и на светот со Обама.

Токму харизмата е негов најголем адут. Пред се бидејќи се залага за помали даноци и помош на средната класа,го прави особено силен.

Го гледав неговото шоу сабајлево, повеќе наликува на РеалитиШоу отколку изборна трка, многу американски изрежирано во секој случај.

Многу е убедлив во говорот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom