BakoMevmedoski
Немирен
- Член од
- 30 септември 2009
- Мислења
- 525
- Поени од реакции
- 55
Абе мене не ми е инет, напротив мене ке ми биде мило Арсенал да биде во формата од пред 7 години, јас тоа најмногу ке го ценам бидејки нема клуб да го повтори тоа што го правеше Арсенал.Не, јас тебе убаво те издемантирав затоа што ти кажа дека играчите биле продадени души и кога ќе им се укажела прилика одма бегале. Јас ти реков дека Венгер е тој што одлучува кој ќе си иде, а кој не. Кажи ми еден играч освен Фламини и Ешли Кол (многу работи се имаат случено за овој случај што ние од форумов нема да ги дознаеме барем во наредните 10 години) кои си отишле на сила. Општо познато е дека Анри беше продаден за да можат да се извлечат барем тие 16тина милиони фунти кои големата Барса уште ги отплаќа (барем ги отплаќаше до летово, сега незнам за сигурно). Ако останеше Анри барем уште една сезона, немаше да се земат тие пари кои беа многу потребни таа година. И факт е дека за Адебајор и Туре се извлекоа убави пари кои, пак ќе ти кажам, беа многу потребни во клубот. И вие да пекавте со толку пари за Фабрегас пред 2-3 години може ќе се продадеше, ама сега оваа сезона и сите наредни парите нема да одлучуваат. Само со таква политика Арсенал можеше да успее да се задржи изминативе сезони во топ 4 и во ЛШ. Сега времињата се менуваат, се враќа стабилноста и се изгради еден солиден тим, па ќе видиме што како ќе се случува. Само да те потсетам дека и Барса имаше некои си 5-6 години без титула кога Чави имаше исто толку години колку Фабрегас што има.
А зеленкото за ФантомX е поради тоа што ја напиша реално ситацијата, а особено поради ова: "Додуша огромна грешка е шо ги пуштија сите од „непобедливите“, еден-двајца мораа да останат како искуство за младиот свет по нив, ама то е."
--- надополнето ---
А да не надоврзам на Logix, повеќе Арсенал не ни планира да заработува на играчи, ако ме разбираш што сакам да кажам.
И не реков дека Арсенал упропастува таленти како вие што фанавте муабети за Сити и Џеко.
Јас само кажав дека Арсенал моментално греши што ги продава најдобрите фудбалери секоја година.
Незнам по што заклучиле директорите од Арсенал да ја сменат политиката, пред седум години го имаа тимот "Непобедливи" и можеа да освојат се само требаше да го остават барем уште некоја годинка, се надевам дека ке видевте и Лига на Шампиони.
Проблемот е во тоа што ја сменија политиката, почнаа да ги продаваат фудбалери незнам дали тоа го правеа од финансиски проблеми или неш друго но со тоа стигнаа на многу ниско ниво, до лани неможеа да се опорават, еве годинава гледам подобри сте од лани се надевам дека можете да освоете Премиер Лига и слично.
Но доколку продадете уште некоја звезда на лето, мислам дека ке останете она што сте веке 7 години.