Граѓаните на Македонија платија пенали од 40 милиони долари за ОКТА

  • Креатор на темата Креатор на темата BloodyAlboz
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 ноември 2007
Мислења
994
Поени од реакции
9
Граѓаните на Македонија платија пенали од 40 милиони долари за ОКТА
Граѓаните на Македонија им платија 40 милиони долари пенали на сопствениците на рафинеријата ОКТА. Владата од буџетски средства на сметката на ОКТА завчера го уплати овој износ откако непосредно спроти дочекот на Новата 2008 година државата и грчките газди се договорија да го порамнат долгот по пресудата на Парискиот суд. Државата, според пресудата, требаше да и' плати 94 милиони долари на ОКТА, од кои 53 милиони долари се основен долг. Но, Владата на 31 декември плати 40 милиони долари, затоа што грчките газди се согласија да се откажат од каматата во износ од 16 милиони долари и 25 милиони долари нови побарувања врз основа на договорот за купопродажба од 2004 до денес. Грците истовремено го откажале побарувањето врз основа на долг на ОКТА кон „Џет оил Мамидакис“ и „Моил ко“ во висина од 13,9 милиони долари. Портпаролот на Владата, Ивица Боцевски, појасни дека откако ОКТА се согласила да го сведе побарувањето на 40 милиони долари, вкупниот финансиски ефект во полза на Република Македонија изнесува 54 милиони американски долари. Спогодбата за порамнување на долгот меѓу Владата и ОКТА, што се случи непосредно пред истекот на 2007 година, следува по одлуката на Меѓународниот арбитражен суд во Париз поради повреди на купопродажниот договор од 1999 година од страна на нашата држава, која на рафинеријата и' ги одзеде ексклузивните права. ОКТА беше продадена за 30 милиони евра.


Договорот за порамнување на долгот предвидува дека грчките газди на рафинеријата ќе префрлат на името на Република Македонија и 20 отсто од акциите на нафтоводот Солун - Скопје. Воедно, постигната е согласност да се приспособи договорот за купопродажба од 1999 година во делот во кој е предвидена гаранција за минимална потрошувачка на мазут од 500.000 тони годишно.

„Со ова спогодбено порамнување конечно е решен спорот што се провлекуваше седум години. Република Македонија со тоа ја потврди својата определба кон почитување на сопствените обврски што произлегуваат од договорите со странските инвеститори во поглед на договореното“, вели владиниот портпарол Ивица Боцевски.

Портпаролот појаснува дека со договорот е обезбедена и неопходната писмена согласност од ОКТА за измена на спецификациите за квалитетот на нафтените деривати во Република Македонија, обврска што произлегува од договорот од 1999 година во прифатливи временски рокови.

Според Боцевски, доколку Македонија еднострано ги воведеше новите стандарди за квалитетот на дериватите, ќе беше должна, согласно со анексот „Д“ од договорот, во целост да му ја надомести претрпената штета на странскиот инвеститор. Рокот за приспособување кон новиот правилник изнесува 18 месеци и е кус рок споредено со роковите што се дадени за земјите кои се веќе членки на ЕУ, како што се Бугарија и Романија.

Владата има обврска на ОКТА да и' издаде дозвола за работа на десулфуризаторот, со цел да се подобри квалитетот на горивата, односно да се намали присуството на сулфур. За таа цел, наскоро министерствата за животна средина и за транспорт и врски ќе извршат контрола во ОКТА за да утврдат дали се исполнети потребните стандарди. Доколку стандардите се испочитувани, тогаш рафинеријата ќе добие дозвола за работа на десулфуризаторот.

Спогодбата за порамнување на долгот, договорот за продажба на акции и концесии од 1999 година и арбитражната пресуда од Судот во Париз наскоро ќе се објават на веб-страницата на Владата

Ajde Srekna Nova 2008!!!
Od start sme - 40 milioni,ne e mnogu neli!!!

ovoj e citat na eden komentaR

"Site se zadovolni so okta sega.nema lisici ,nema kameri .Se e normalno bidejki se raboti za kriminalci od vladejackata partija..Lisicite dobro stojat na luge koj gi fakaa za 40denari na naplatna.A ovie so 40 milioni evra ke se smeat na TV vo razlicni kampanji i ke ne ucat za moralot,etikata,bespostednata borba protiv korupcija.KUPUVAJTE GRCKI PROIZVODI bidejki provizijata e vo nivni race .Sami nema da se apsat bidejki se ispartiziraa"
 
И во наредните 18 месеци нашите возила ќе се уништуваат со ѓубриња од горива кои одговараат на стандардите од `63-та...
 
Љубчо Георгиевски беше на подписувањето? Или се е бапнал во Булгариjа на "скришно"?!
 
Добро е што успеале да се договорат на задоволство на двете страни и што плаќаме во долари кои моментално се слаби.
Се почна 99-та со Љупче "војводата"...:nenene:
 
Добро е што успеале да се договорат на задоволство на двете страни и што плаќаме во долари кои моментално се слаби.
Се почна 99-та со Љупче "војводата"...:nenene:


Така е...
Се согласувам....сега мора да се исправаат грешките на претходните луѓе што владееа со државата...
 
Добро е што успеале да се договорат на задоволство на двете страни и што плаќаме во долари кои моментално се слаби.
Се почна 99-та со Љупче "војводата"...:nenene:

A nie pak ko da imame fabrika za dolari

Така е...
Се согласувам....сега мора да се исправаат грешките на претходните луѓе што владееа со државата...


Hallall da vi e i vo najnegatinoto neshto ke najdete neshto Pozitivno neli.
Samo Napred
A za ilustracija dogovorot bil potpishan na Dolari a ne na evra za toa se plaka so dolari a ne na evra.

p.s Da nese krivi od DUI neshto za ova?
 
A nie pak ko da imame fabrika za dolari




Hallall da vi e i vo najnegatinoto neshto ke najdete neshto Pozitivno neli.
Samo Napred
A za ilustracija dogovorot bil potpishan na Dolari a ne na evra za toa se plaka so dolari a ne na evra.

p.s Da nese krivi od DUI neshto za ova?

ДУИ за многу работи се криви во државата но не е темата за ДУИ
Не забегувај натака...

Луѓето се сменија одамна:wink:.Нов кадар
 
воздухот на окта ке не труе сите а од тие 40 милиони добри патишта ке се направеа

не го терајте муабетот дуи сдс вмро
 
А од неколкуте милијарди украдени за 16 г.ќе се изградеше цела држава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom