Fantom
Chikara
- Член од
- 4 јуни 2006
- Мислења
- 11.453
- Поени од реакции
- 812
Еве една интересна тема за споделување сознанија.
Што мислите, што се е потребно за да функционира еден голем клуб, како Милан, Интер, Челзи, Манчестер...
Еве дел од вработените во еден голем фудбалски клуб, и кои се нивните задолженија:
Менаџер/Тренер - Прво да ги разграничиме поимите менаџер и тренер. Секој тренер не е менаџер. Тренер на клубот може да биде секој човек, макар и да нема никакви познавања од фудбалот. Менаџер се станува после помината обука за менаџери, со која се стекнува лиценца за менаџер. На пример, Герет Саутгејт од Мидлсбро е тренер, а не менаџер.
Работа на менаџерот/тренерот е да ја одбере стартната постава, да осмисли поединечна тактика за секој играч, како и колективна, назначува капитен, одбира формација и се друго во текот од натпреварот. Затоа, за успехот на еден тим, од големо значење е да има добар стратег.
Асистент на менаџерот/тренерот - Како што кажува називот, негова работа е да му помага на „шефот“ околу неговата работа. Најчесто тој ја презема должноста да дава изјави за пресот. Ако од било која причина менаџерот/тренерот е онеспособен да ја врши својата работа, асистентот ја презема привремено неговата работа.
Тренер за голмани - После општиот тренинг (за сите играчи), останува на теренот само со голманот, па му помага да ги усоврши рефлексите, поставување на жив ѕид при слободен удар, проценка на пенали и слично. Исто се грижи првиот голман да биде секогаш фит и подготвен за натпревар.
Скаут - Оваа е една од поинтересните професии во фудбалот. Клубот избира стручни лица, со огромно познавање за фудбалот и начинот на игра на клубот, за да бараат млади и перспективни играчи во други клубови, најчесто во понеразвиените земји и лиги. Скаутингот може да има и клучна улога во градењето на клубот, како што на пример Барселона во иднина ќе ја гради играта врз Бојан и Дос Сантос, деца скаутирани кога биле мали, денес излезени од младинската школа на Барселона.
Набљудувач на натпревари - Звучи чудно за професија, но постои. Човек задолжен да го набљудува натпреварот многу внимателно, да ги најде недостатоците на тимот, па кога ќе ги пренесе на „шефот“, да се поправат. Специјализиран само да наоѓа грешки, а не предности. Некои големи клубови работат и без ваков персонал.
Тренер на резервите - Иако резервите добиваат ист општ тренинг како првиот тим, тренерот на резервите им помага околу тоа да се секогаш во 110% форма, за да го спасат тимот кога е во криза. Обично овој човек има познавање од психологија, па им помага на играчите да го одржат моралот на високо ниво, иако со месеци ја греат клупата наместо да играат.
Физиотерапевт - Тоа е човекот кој се грижи за играчот да остане на терен, иако е повреден. Со спрејови или инјекција на полувреме ја ублажува болката кај играчот. Знае да закрпи аркада или нос ако е потребно, да врати исчашен зглоб и слично.
Клупски доктор - Еден од најдобро платените во стурчниот штаб на тимот. Негова работа е да се грижи за повреден играч кога е надвор од теренот. Одредување терапија за побрзо враќање на теренот, вежби и слични работи. Обично знаат повреда која би требало да трае три месеци, да ја средат за месец.
Шеф на младинска школа - Младинска школа функционира слично како првиот тим, но далеку поаматерски. Играчите живеат во клубски хостел, имаат полесни тренинзи и многу често, со добар шеф, израснуваат во вистински фудбал-мајстори. Нормално, постојат и младински лиги.
Ако некој има нешто да дополни или исправи, слободно.