- Член од
- 20 март 2007
- Мислења
- 8.493
- Поени од реакции
- 308
''Палмите''
Станува збор за еден од најсериозните и најколосални проекти на Дубаи.
Дека земјава полека станува играч број еден на полето на инвестиции, но и на технолошки и архитектонски чуда е веќе неоспорно.
Во следниве 10тина минути ќе го опишам проектот вреден 100 милијарди долари.
Значи, Палмите.
Палмите претставуваат серија од острови во Емиратот Дубаи. На овие направени од човека рака(вештачки) острови ќе се наоѓаат трговски и станбени објекти. До ден денес, островите се најголемиот потфат и претставуваат најголеми вештачки острови. Нив ги градат повеќе светски градежни компании и многу познати архитекти меѓу кои за издволување е Холандскиот стручњак за обработки, мелиорација и обработка на земјиште Ван Урд. Постојат три острови: Палмата Џумеира, Палмата Џебел Али и Палмата Деира.
Еден од виновниците за овој огромен проек е Шеикот Мохамед Рашид Ал Мактум. Овој човек е еден од водачите на туристичката ренесанса во Дубаи. Неговите милијарди паметно се инвестираат во оваа земја. Значи секој од трите острови ќе има форма на палма, која ќе биде опкружена од полумесечина и ќе содржи голем број на резиденции, вили, домови, центри за забава, канцеларии, маркети, едноставно Лас Вегас на среде море.
Палмите во Дубаи се лоцирани на брегот на ОАЕ, и со нивното комплетирање, самите Емирати ќе ја зголемат својата територијална површина за 520 км2.
Првите два острови се веќе изградени. За нивната изработка беа потрошени 100 милиони кубни метри песок и камен. Но, најдолемата од трите палми, Палмата Деира ќе треба да биде ''нахранета'' со дури една милијарда кубни метри песок и камен. На трите острови ќе се изградат вкупно 100 луксузни хотели, екслузивни види и апартмани со сопствени плажи, воден забавен парк, ресторани, трговски центри, спортски центри и болници.
Стартот на овој проект беше во Јуни 2001, прва ''посадена'' палма беше Џумеира. Набрзо после ова започна и изградбата на вториот проект, Палмата Џабел Али. Но сепак, вистинското архитектонско чудо Палмата Деира(која всушност ќе биде со големина на градот Париз) беше најавена во 2004 година.
Палмите се создаваа со влечење на песок од дното на Персискиот Залив, ова беше огромен проект од досега невидени размери. Процесот беше наречен Виножито, поради начинот на кој песокот се таложеше, во таква форма. Прво беше стеблото на палмата, потоа следеа неговите гранки и на крај заштитната полумесечина. Џумерира е изградена врз 7 милиони тони карпа, секоја позиционирана одделно со помош на кранови, усмерена од нуркачи на точна одредена позиција со помош на ГПС координати.
Неверојатно!
Следна беше Џебел Али. Започна да се гради во 2002 година, беше готова во на крајот од 2006. Обалата на Џебел Али е долга 4 км, заштитена е од 200 м широк и 17 км долг заштитен ѕид, кој спречува ерозија на земјиштето. Ова е поради тоа што, конструкторите се соочија со сериозни проблеми со одронот на песокот на своето место, онаму од каде што беше црпен. Повторно во океанот.
Џумеира е остров опкрушен од полумесечина, која претставува заштитна ограда долга 11 јм. Самиот остров има димензии од 5X5 км. Значи долг е 5 а истотака толку и изнесува распонот на месечината. Првата фаза предвидува градење на 4 000 домови, во текот на следниве 3-4 години. Среќните купувачи започнаа да се вселуваат во своите оази уште од 2006та година. Тоа беше крајот на првата фаза.
Значи изградени се многу објекти, но допрва следува интересното. Треба да се изградат 32 хотели и експлузивни архитектонски градби кои просто оставаат без здив. Атлантис, Палмата. Златната Милја. Палма Мораи и др.
Изградбата на Џебел Али е во својата завршна фаза. Се очекува да се комплетира кон средината на 2008 година. Таа треба да биде дом на преку 1.7 милиони жители. Овој проект е за 50% поголем и се разбира поскап од претходноспоменатиот. Освен вилите и апартманите ќе се градат и нови интересни структури. Еве само една од многуте. Градба кој ќе завзема површина од 300 000 м2.
Првата фаза од овој проект е завршена, значи тлото е готово... моментално се градат резиденциите.
Најдоброто за крај.
Палма Деира е третиот и најголем проект на Шеиците од Емиратите. Само овој проек вреди 30 милијарди долари. Неговата големина е застрашувачка. Со 12.5 км должина, 7.5 км ширина и 18 краци, ќе претставува најголемиот остров направен од човекот. Требаше да биде уште поголема, но поради зголемената длабочина на морското дно, изведувачите мораа да се откажат од неколкуте километри плус. Навистина фасцинира до каде може да оди човековата имагинација.
Но, сепак и ова не го задоволува модерниот човек.
Светот... следува утре.
До каде ќе одиме и дали небото е веќе ненадминлива граница?