Околу полагањето за возачка

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Веб-сајт
www.kajgana.com
Има тема со сличен наслов но со друга цел,околу возењето после 23...мене ме интересира едно интересно прашање кое сметам дека ке ми биде одговорено имајки предвид дека на форумов членуваат доста правници и полицајци:) Имено...во некои од авто школите викаат дека со некои измени во законот доколку кандидатот падне на полигон и градска веке не треба да доплати за второ полагање,додека кај други автошколи ова уште важи....е сеа,дали некои автопколи се даражливи или пак други не крадат?
 
Јас полагав во Кекец, таму инструкторот не те пушта на полагање додека не види дека си спремен. Плаќаш еднаш и обавезно положуваш.

Сега слушнав од колешка дека ја бутнале 3 пати на градска (незнам која авто школа) сепак тоа е неуспех на авто школата и инструкторот. АКо тој смета дека таа не е подготвена за да вклучи во собраќајот, тогаш може да и земе пари за дополнителни пари за часови и слично, а не за полагање. Банално е тоа.
 
Вака,прво има Авто Школи кои кога ги уплаќаш парите ти викаат “плати и од прва ќе положиш“ беаз разлика дали си спремен или не-што воопшто не ОК и доволно кажува за тоа колку квалитетно работат авто школите и какви возачи имаме на улица.

Второ, има авто школо кои поседуваат сопствена комисија и кои намерно ги буктаат кандидатите на полигон односно градска со цел да приграбат што повеќе пари врз основа на дополнителни часови и дополнителни полагања-што исто така не е ОК.

Проблемот е што сите авто школо се приватни компании кои работат независни, а и покрај тоа што во Македонија има донесено нов закон сеуште нема регулативно тело кое “здраво„ ќе ја контролира работата на авто школите и токму поради тоа во моментов владее хаос во овој бизнис со што авто школите се богатат на грбот на неинформираните граѓани.

Еве еден пример како функционира македонското секојдневие:
Време напиша:
КРИМИНАЛ ВО АВТОШКОЛИТЕ
Дал поткуп, но сепак паднал на тестот за возачка

Момче од Скопје морало да им плати 11.000 денари на својот инструктор и на претседателот на комисијата за успешно да ги мине тестовите од теоретскиот дел од испитот за возачка дозвола. Меѓутоа, тој иако им ги дал обележаните банкноти повторно не го минал испитот бидејќи претседателот на комисијата намерно му дал погрешни одговори.
Скопската полиција во вторникот ги привела двајцата осомничени, четириесет и деветгодишен скопјанец инструктор во автошколата „Бене“ и четириесет и шестгодишна скопјанка претседател на комисијата во истата автошкола со кои тие се товарат за примање на поткуп. Истражен судија на двајцата приведени им одредил десетдневен притвор. Според полициските информации, дваесет и четиригодишното момче на почетокот на месецот се пријавил во автошколата „Бене“, каде што веќе ја завршил обуката, за да го полага теоретскиот дел од испитот за возачка дозвола. Испитот неуспешно го полагал пред десетина дена поради што претседателката на комисијата му наложила на инструкторот да побара 11.000 од кандидатот за тој да го положи испитот. Инструкторот стапил во контакт со момчето и му рекол дека ќе мора да ја плати бараната сума за успешно да го мине тестот. Така кандидатот минатата недела повторно се пријавил да го полага тестот кој бил закажан за во вторникот. Кога го добил точниот термин за полагање веднаш го пријавил случајот во полицијата од каде што добил обележани банкноти. Во вторникот тој дошол во просториите на автошколата, каде што се сретнал со претседателката на комисијата, која му наложила тој ништо да не пополнува во тестот. Откако почнал испитот претседателката на кандидатот му дала парче хартија на кое биле напишани одговорите од неговиот тест но тоа било забележано од контролорот, службено лице во МВР, кој ја опоменал а момчето го преместил на друго место. Но претседателката успеала да го земе назад ливчето со одговорите и потоа уште неколку пати се обидела да му помогне на момчето но овој пат со покажување на одговорите. По завршувањето на тестот кандидатот дознал дека не го положил и тогаш се сретнал со неговиот инструктор, кој ги зел обележаните банкноти со ветување дека наредниот пат сигурно успешно ќе го мине.
За кратко време во автошколата дошле неколку полициски екипи што по извршениот личен претрес ги нашле обележаните банкноти кај инструкторот а кај осомничената претседателка нашле десетина ливчиња на кои биле запишани точните одговори од неколку различни тестови.

Уште од дамна се зборуваше за оваа авто школа дека работите функционираат на ваков начин. И не е само овој пример, да не претерам ама може секоја втора авто школа нуди возачка за некаде околу 250 евра во кеш-без разлика колку си научил да возиш.
 
Има тема со сличен наслов но со друга цел,околу возењето после 23...мене ме интересира едно интересно прашање кое сметам дека ке ми биде одговорено имајки предвид дека на форумов членуваат доста правници и полицајци:) Имено...во некои од авто школите викаат дека со некои измени во законот доколку кандидатот падне на полигон и градска веке не треба да доплати за второ полагање,додека кај други автошколи ова уште важи....е сеа,дали некои автопколи се даражливи или пак други не крадат?
Ja kolku sto znam nema vakvi izmeni vo zakonot za soobracaj, ne sum videl barem. A za polaganjeto, kolku sto znam ako padnes posle treba da i platis na avto skolata za koristenjeto na voziloto, e sega ne znam za drugite raboti, testovi i sl. E sega moze avto skolata da ti prosti za placanje, ako ti se prijateli, inaku ne. Barem jas taka znam. Deka logicki ti imas plateno za edno polaganje, a posle toa koj ce gi placa trosocite ?
 
На моја блиска особа,типот од авто школата и кажа имаш срека сега веке не се доплаќа само дојди за 10 дена...така нешто,затоа ме збуни
 
Ja kolku sto znam nema vakvi izmeni vo zakonot za soobracaj, ne sum videl barem. A za polaganjeto, kolku sto znam ako padnes posle treba da i platis na avto skolata za koristenjeto na voziloto, e sega ne znam za drugite raboti, testovi i sl. E sega moze avto skolata da ti prosti za placanje, ako ti se prijateli, inaku ne. Barem jas taka znam. Deka logicki ti imas plateno za edno polaganje, a posle toa koj ce gi placa trosocite ?

Како што кажа чичко милиционер се е кај нас роднинска-вратоврска-парична врска :)

Затоа после на секој чекор се случуваат сообраќајни незгоди, од немање врска за право на првенство на минување, да не зборувам за некои покомплицирани ситуации.

P.S Дај бе намалете со стопирање на постари возила :) Иам две другарчиња во БТ со Буба и Пегла ги р'снаа од запирање! :helou:
 
да се добие возачка дозвола за автомобил,еден ден ќе биде потешко од тоа да се добие спортска дозвола за ултралесен авион....
 
да се добие возачка дозвола за автомобил,еден ден ќе биде потешко од тоа да се добие спортска дозвола за ултралесен авион....
Затоа што улиците наши едно се тесни, а друго се преплавени со возила кои се “паркирале“ кој кај ке стигни. Така да исто како да возиш во лавиринт. Тоа е неспоредливо со авионите кои им треба пилот (сега за сега, во идина и тоа може да не им треба) само за полетување/слетување. Се останатото може да го прави компјутер. И што е полесно да управуваш авион по огромното небо 15 мин за полетување и 15 за слетување, или да бараш место за паркинг во пазарен ден во било кој наш град?
 
Авто Школа

епа еве луѓе јас сум инструктор па прашајте што сакате
 
Ги читам постовите погоре и се чудам на нашава спремност... фала богу кај мене во автошколата тоа го нема... мислам оти мојата автошкола и кекец се најдобри во градов, мојот инструктор не ме остави да полагам испред само ради тоа што цело време ми наложуваше да ги минам сите 36 часа... после тоа ми закажаа тестови, и паднав на нив поради мое збунување/незнаење на некои прашања... зашто сам сум си се збунил во новите тестови каде прашањата се извртени малку... зборот ми беше оти горд сум на автошколата што сама ми дава јас по мој памет да терам работи... досега не сум чул никој да се пожали од мојата автошкола која е и воедно е една меѓупрвите почнаа со таква работа...
Ако знаеш ќе минеш ако не нема да минеш, а вакви работи како погоре наведените мора да се строго забранети... инаку цел возачки систем во нашава земја е пропаст...
 
Ме интересира како е за полагање за Ц и Д, а имам б категорија 3 години и А 1 година. Можам да одам директно на Д или треба прво за Ц да полагам па за Д? И колку пари е?
 
Ме интересира како е за полагање за Ц и Д, а имам б категорија 3 години и А 1 година. Можам да одам директно на Д или треба прво за Ц да полагам па за Д? И колку пари е?

Мислам дека за секоја повисока категорија, мораш да имаш минимум 2 години искуство од претходната (во случајот твој, 2 години да имаш Ц, па да одиш на Д)
Мислам дека беше вака, ама за подетално прашај по автошколите, ќе ти кажат :smir:
 
Ме интересира како е за полагање за Ц и Д, а имам б категорија 3 години и А 1 година. Можам да одам директно на Д или треба прво за Ц да полагам па за Д? И колку пари е?

еве што најдов во Законот за безбедност во сообраќајот:

Право на управување со моторни возила од категоријата “Ц” и поткатегоријата “Ц1” може да стекне возач кој претходно најмалку една година управувал со моторно возило од категоријата “Б”.

Право на управување со моторни возила од категоријата “Д” може да стекне возач кој претходно најмалку две години управувал со моторно возило од категоријата “Ц”, а право на управување со моторни возила од поткатегоријата “Д1”, возач кој претходно најмалку две години управувал со моторно возило од категоријата “Ц” или поткатегоријата “Ц1”.

Возачка дозвола од категоријата “Ц” може да се издаде на возач кој поседува возачка дозвола од категоријата “Б”, а возачка дозвола од категоријата “Д”, на возач кој поседува возачка дозвола од категоријата “Ц”, односно на возач кој ги исполнува пропишаните услови за стекнување право на управување со моторни возила од овие категории.

Возачка дозвола од поткатегоријата “Ц1” може да се издаде на возач кој поседува возачка дозвола од категоријата “Б”, а возачка дозвола од поткатегоријата “Д", на возач кој поседува возачка дозвола од
категоријата “Ц” или поткатегоријата “Ц1”, односно на возач кој ги исполнува пропишаните услови за стекнување право на управување со моторни возила од овие поткатегории.

Возачот на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата “А” има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во поткатегоријата “А1”.

Возачот на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата “Б” има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во поткатегоријата “Б1”.

Возачот на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата “Ц” има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во категоријата “Б” и поткатегориите и Б1 и Ц 1.

Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата “Д” има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во категориите “Б” и “Ц” и поткатегориите “Б1”, “Ц1” и “Д1”.

значи заклучок: Прво треба да полагаш Ц, па после 2 години можеш Д :smir:
 
Дајте кажете бе нешто што им а нови прашања на новите тестови?? да не бил последните две недели некој ??
 
Дајте кажете бе нешто што им а нови прашања на новите тестови?? да не бил последните две недели некој ??
абе па ти кажав минатиот пат... :pos:
Имаш се, 70% ти се старите прашања, извртени никакви да те збунат, мораш да прочиташ едно 5 пати едно исто прашање за да ти стане јасно... имаш мн лесни прашања на кој ќе одговориш мн лесно... али и тука се замките сепак увиди... имаш кружни текови... шо пример до сеа немаше... знаци повеќе се, дупли знаци... џандар имаш шо дава знак, предност на минување, крстосници... имаш прашања од законот, и прашања од книгата... така да читајте и учете асално... едно прашање прочитајте го по 5 пати пред да одговорите... зш се поставени збунувачки...:smir: ја полагам од први таа недела тука некаде... така да виш ми лак... хаха
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom