Не ги читав претходните страници, можеби се повторувам со нечие мислење, ама би почнал вака:
Според уставот на СФРЈ од 1974та сите федерални единици имаат право да решаваат за својата независност (СФРЈ како што знаеме беше федерација составена од 6 републики и 2 автономни покраини, тоа се Војводина и Косово, а тука не е дефинирано дали и тие се вбројуваат како федерални единици со што би имале право на самоодлучување иако звучи логично да е така). Од друга страна Косово по распадот на СФРЈ станува дел од нова држава (СР Југославија, сега Србија) со нов устав така што оној стариот не важи и правно ова отцепување не држи.
Ама зарем би било подобро да се форсира една огромна маса на луѓе да остане под Србија на територија (АП Косово) на која безбедносните сили на Србија немаат пристап и тешко дека би можеле да имаат, а сите тие луѓе се изјасниле за независност и во иднина да гледаме само нови конфликти, насилство и мировни мисии (?) Никој не е доволно паметен да каже што е попаметно. Ако се стремиме за целосна Евро Интеграција на Балканот, влез во Нато обединета Европа тогаш Косово и Србија повторно ќе бидат дел од една иста заедница, Европската Унија.
Што се однесува до нашиот став по ова прашање, мора да играме мудро. Се работи за две соседни територии со кои сме поврзани пред се економски и политички, а било кое решение ќе ни ги расипе односите со едните или другите. Затоа да го направиме тоа што најмногу и одговара на Македонија, а не на српските или албанските интереси. Во случајов Владата игра мудро, ги следи состојбите и чека како ќе се развива ситуацијата. Со оглед на тоа што нашата надворешна политика ја градиме врз основа на САД и ЕУ, а 25% од нашата популација јавно го прославуваше прогласувањето на независноста доста веројатно е дека ќе го признаеме Косово.