Македонија - најдобар европски економски развоен регион за 2008

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Локација
Охрид
Веб-сајт
kladilnica.forumup.com
Скопје, 9 ноември (МИА) - Република Македонија го доби признанието „Најдобар европски економски развоен регион за 2008“ од престижниот Меѓународен институт за транспортен менаџмент.

- По рангирањето како четврта според реформите во светот од страна на Светската банка и пофалбите за економскиот напредок во Извештајот на Европската комисија, ова е уште една потврда дека реформите што ги спроведува Владата се во вистинска насока, рече на вчерашната прес-конференција Виктор Мизо, директор на Агенцијата за странски инвестиции.

Тој истакна дека за признанието Македонија доброволно ја номинирале шест компании членки на Институтот за транспортен менаџмент што не се случило никогаш досега за ниедна земја. Наградата, како што додаде Мизо, се доделува само кога некој регион навистина ја заслужува и не се доделува по клуч секоја година.

- Со доделувањето на ова признание Институтот директно ги повикува неговите членки да ја земат предвид Македонија при носење на нивните одлуки за инвестирање. Во текот на 2008 година тие ќе вршат интензивна кампања за промоција на Македонија и самоиницијативно и бесплатно ќе ги претставуваат инвестициските можности во автомобилската индустрија во Македонија, нагласи Мизо.

Критериумите за избор за ова признание биле бизнис-климата во земјата, поволностите за мултинационалните компании, даночниот систем и даночните стапки, инфраструктурата, како и модусите за промоција на земјата пред странските инвеститори.

- Добивме највисоки оценки за промотивната кампања која оди во сите најважни весници и списанија во светот. Кампањата според Институтот е успешна пред се во менувањето на перцепциите и имиџот на Македонија што е токму она што недостасуваше во изминатиот период, рече директорот на Агенцијата за страски инвестиции.

Признанието на „Инвест Македонија“ ќе биде врачено на официјалната церемонија на 26 овој месец во Лондон.

Членови на Институтот се повеќе од 17.500 производители и сервисери од транспортната индустрија во светот меѓу кои и најголемите производители на автомобили.

Наградата се доделува веќе 30 години откако е формиран Институтот, а меѓу претходните добитници се Баварија, неколку градови во Велика Британија, како и американските сојузни држави Џорџија и Канзас
 
ЕБOР: Македонија и Хрватска економски најнапредни на Балканот


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги оценила Хрватска и Македонија со највисоки оценки во извештајот за балканските земји, кои постигнале напредок во транзицијата.

Хрватска е оценета со 3,6, а Македонија добила меѓу 3,1 и 3,2.
Трета на листата е Албанија со оценка 3, а по неа следи Црна Гора со 2,8.
Најслаби оценки за напредок во транзицијата добиле Србија и Босна и Херцеговина. ЕБРД, овие две земји, ги оценила со 2,7.

Во извештајот било наведено дека и покрај обидите за напредување, двете земји сеуште застануваат зад соседните земји, па според тоа немаат време за губење во спроведувањето на економските реформи.
 
Stom takvite organizacii ne ocenuvaat kako uspesni (sega za sega),znaci ovaa nasa drzavicka pocnala da preta posle privremenata (17 godisna) paraliza:wink:
 
Мене па многу ме интересира што ќе кажат на ова Јани Макрадули и Игор Ивановски. Сеа 100 % ќе кажат НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ НЕ ГИ СЛУШАЈТЕ ТИЕ ПРЕСТИЖНИ МЕЃУНАРОДНИ ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУЦИИ СЛУШАЈТЕ НЕ НАС ВЕЧНИТЕ ПОМЛАДИ АСИСТЕНТИ ОД БАЛКАНСКИОТ ИЗБОРЕН ШТАБ. Што се однесува до мене епа многу ми се праи меракот коа ете така не фалат. Искрено се надевам дека конечно и нас ќе ни тргне.
 
[media]http://www.youtube.com/watch?v=JyZLW8jxZvs[/media]
 
Мене па многу ме интересира што ќе кажат на ова Јани Макрадули и Игор Ивановски. Сеа 100 % ќе кажат НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ НЕ ГИ СЛУШАЈТЕ ТИЕ ПРЕСТИЖНИ МЕЃУНАРОДНИ ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУЦИИ СЛУШАЈТЕ НЕ НАС ВЕЧНИТЕ ПОМЛАДИ АСИСТЕНТИ ОД БАЛКАНСКИОТ ИЗБОРЕН ШТАБ. Што се однесува до мене епа многу ми се праи меракот коа ете така не фалат. Искрено се надевам дека конечно и нас ќе ни тргне.
А пак што се однесува до мене еве вака:
Конечно тргна работата,најдобри сме во се,економијата ни цвета,буџетот ни расте како "бабачко",си седиме дома и не им работиме на тоа странците за никаква пара,не оти не можеме да им појдеме таму,туку така не сакаме да им работиме на други кога си имаме вака прекрасни услови и си нижеме награди толку престижни што можеме само од престиж да преживееме.Убавина.....еј,само ќе си рипкаме од задоволства со такви престижни успеси,ќе си се сликаме со наградите и ќе си пееме:
-СВИРИ,СВИРИ,ЌЕМАНЕ-ДОМА ЛЕБ СИ НЕМАМЕ.
 
која ти е поентата...анализите се направени врз база на реални економски показатели од страна на светски признати аналитичари..знаеш ли колку значи ова во очите на инвеститорите...

зошто и во добро ако нема ке измислите нешто лошо.
 
Evo drugi dobri vesti sto znaci poveke od nekoja tugja investicija:

Пораст на индустриското производство

Макфакс
prazno.gif
prazno.gif
27.11.2007 09:32 Индустриското производство во Македонија во октомври годинава е зголемено за 23,9% во однос на просечното производство од 2005 година.
Ова го соопшти Заводот за статистика во Скопје, додавајќи дека индустриското производство во октомври 2007 во однос на претходниот месец е поголемо за 6,7%, а во споредба со октомври лани пораснало за 10,5%.
Најголем растеж во октомври во однос на просекот од 2005 година бележи производството на капитални производи и тоа од 75,1%, како и производството на интермедијарни производи, освен енергија кое пораснало за 51,6%, додека намалување од 1,9% има во секторот енергија.


http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=86604
 
која ти е поентата...анализите се направени врз база на реални економски показатели од страна на светски признати аналитичари..знаеш ли колку значи ова во очите на инвеститорите...

зошто и во добро ако нема ке измислите нешто лошо.

Македонцки, АВС може има изградено репутација на роџени контраш, но некогаш има понета, а овојпат тоа е и случајот. Имено тоа се е убаво тоа што го кажуваат економистите , супер , одлично, но државата не ни се состои од економисти кои се радуваат на вакви работи, туку од луѓе од разноразни струки и професии, кои не си го тупат многу мозокот со виша економија и како таа функционира, туку едноставно бараат тоа што им треба, а тоа што му треба сега на македонските граѓани е работа и работни места на кои ќе се добива плата за колку толку пристоен живот. Со други зборови треба да се создава една широка и масивна средна класа на граѓани.
Така да тоа е тоа што чека народот, а не некои економски математики.
 
"Trla baba lan".
Ako bevme tolku povolna zemja so tolku povolna klima za investicii togas kade se tie slavni i dolgo najavuvani investicii??

Narodot gladuva, a nie terame populizam. nw biva.

plus, Mizo e OK tip, ama od kade be toj za investicii?? Toj, kolku sto jas znam, a go znam, ne e ekonomist.
ili pak ja terame istata. Inzinjeri za ekonomija, ekonomiski za gradeznistvo, a stomatolozi za ekologija?????
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom